Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напредување во висина и тежина (од 0-1 год.)

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 17 септември 2011.

  1. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    Мислам имам пишано, поодамна кај мене големиот баш истиот период имаше качено само 100 грама, јас се испозвадив од памет, но матичната ми кажа дека не е ништо страшно, еве го сега дечко од 10.5 години, мислам дека секоја мајка си го знае детето и ќе приметиш ако е гладно, но штом полни пелени мислам дека џабе се нервираш, слушај си ја матичната, штом ти вика дека е ок не се замарај, мене на ортопед во мајчин сега ме извадија од памет, крива и била главата да сум ја масирала нз како, одам кај матичната ми вика врска нема, ја однесов приватно ми викаат супер е
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе ти се умешам неповикана у муабетов ама мали мој исто беше вака последно убаво ми качи на килажа до 4500 гр (ситен се роди) после тоа едвај по 200-300 грама месечно.. Ако качеше пола кило месечно радости беа. А за многу брзо време ја дуплираше родилната на неполни 2 месеци се роди 2350 на 2 месеци имаше 4500 гр . Од тогаш наваму едвај .. На 14ти ќе прави 9 месеци има 7500 гр ама добар е весел си јаде полни пелени педијатарот не е загрижен. Секако побарај си и друго мислење меѓутоа мој совет ти е да не се грижиш се додека е се во ред не се грижи :)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Родена 2400 48цм
    Испис 2240
    За три дена 2150

    1 месец 3300г
    2 и една недела 4200
    3 месеца 5000 59цм
    4 месеца 5700

    Таман ќе почне да напредува се разболува, еднаш бронхиолит сега бронхитис закачи.. битно се труди, расте Палчица моја :*::l:
     
    На lackygirl, Mother of 2boys, CareTee и 5 други им се допаѓа ова.
  4. DejziSk

    DejziSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Da pisam i jas nepovika, samo da spodelam sopstveno iskustvo. Istiot period malata imase malku kaceno, vo Remedika mi kazaa da probam da isforsiram poveke doenje, i preku den i preku nok. Za preku nok mi rekoa da ne ja ostavam poveke od 3h bez da cica. Ona spanka bese od sekogas i veke vrzuvase poveke saati. Go pravev ova mozebi mesec ipol, imase razlika vo odnos na prethodno, kaci poveke.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Роден: 3400гр/51цм
    Испис: 3290гр
    1 месец: 4290гр/58цм
    Месец ипол: 4900гр
    2 месеци: 5430гр/63цм
    3+ месеци: 6910гр/67цм
    4 ипол месеци: 8350гр/71цм
    6 месеци: 9500гр/77цм
    9 месеци: 11кг/80цм
    10 месеци: 11650гр/82цм
     
    На Mother of 2boys, CareTee, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.016
    Допаѓања:
    19.873
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите девојки. Ја споделив подоле кривата @0ли
    Мислам дека сѐ ни се собра. Скок, проблем со брадавиците и што ли не. Последно цицање ноќе веќе цела недела му е во 12-1 и следно во 7-8 сабајле. Си голта, убаво се слуша. Измеѓу не се буди и решив да го оставам, што очигледно е грешка.

    Се консултирав со Наташа, фала за препораката. Рече дека се сомнева во ефективноста на доењето. Со силиконските е понеефективно вика. Ме праша зошто ги користам, ѝ објаснив. Праша да не е намалено млекото, викам не е дури моментално имам треска и температура од што сабајле ми беше преполна левата града. После анализа од нејзина страна на сите симптоми рече дека имам Мастит.
    Многу ми се собра, моментално се распаѓам, а знам дека морам да се приберам. Не мораше во ист ден и вакцина и мастит и проблем со напредок, ама тоа е.. Нејзин совет е да го средам Маститот и да ги тргнам силиконските и да вметнам еден ноќен подој. Ќе ја послушам. Маститот 24 часа рече со облоги и масажи да го третирам, ако не се намалува антибиотик.
    Добредојдени се сите ваши совети како сте се справиле вие со него.
     

    Прикачени фајлови:

    На 0ли и Hijabigurll им се допаѓа ова.
  7. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Јас ги масирав градите дури како грутки ми беа многу ми помагаше туш ќе се истуширав со топла вода се отпуштаа каналите и се молзев зашто мојот не фаќаше града ниту со силиконски. Па веднаш после туширање ќе се измасирав убаво и се молзев исто ставав и ладни облоги . Кај вас подруг е случајот си цица чим гледаш дека убаво си тече млекце одма на града стави го,ви посакувам среќа и што побрзо да си го решите проблемот :)
     
    На Mother of 2boys и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella Најпрвин, смири се, иако тоа е најтешко сега.
    Но! Имај на ум дека решение постои и ќе се среди сево ова, ќе помине иако сега се распаѓаш.

    Послушај ја Наташа, мене нејзините совети ме спасија со првото.
    Со плус еден ноќен подој ќе се подобри ситуацијата.

    Ќе биде добро :hug:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.016
    Допаѓања:
    19.873
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Читни тука и тука, има совети.
     
    Последна измена: 11 август 2023
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    515
    @Bella_Stella баш ми е мило што си ја контактирала Наташа, знаев дека ќе те смири и ќе пронајдете некое решение :inlove:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.016
    Допаѓања:
    19.873
    Пол:
    Женски
    Фала за сугестијата. :hug:
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lipstickmadness

    lipstickmadness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    2 месеци 5300g
     
    На Alishan30, Bebence29 и 0ли им се допаѓа ова.
  14. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Женски
    6 месец: 7770гр 68cm
     
    На Bebence29 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Неполни 7м
    7400гр 70,5см
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.167
    Допаѓања:
    102.141
    Пол:
    Женски
    Батко мој се роди 2800, излезе 2600. На 7ипол месеци има 7410, за 1м качено 210 грама. А јаде убаво, 3 оброка, си цица, дури сега и навечер повеќе цица, се буди ко ништо 3-4 пати, цицнува и спие. Спие убаво, мочкани пелени има, не толку како претходно пошто се поти ама има, кафани исто. 200гр за 1м од блиски кои ми значи нивното мислење имам совет, топ е, реално јас и го гледам дека е топ, струиче е. Не застанува, се качува, скока, прета, се врти се превртува, игра, лази, се исправа да стои... Де дајте ум, како да го угојам малку.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DejziSk

    DejziSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Zasto da go gojis majka? Ne e voopsto losa kilaza ova. Zasto da go teras deteto protiv negoviot metabolizam i ritam? Debelko dete ne e zdravo dete. Znam deka tebe ti e se ova jasno, jas totalno te razbiram, mojata se rodi 2300, na godina bese 8600, jas prepuknav da ja vidam pobucka ama so sila ne odi i se pomiriv.
    :D
     
  18. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    3 m i 13 dena 7500 i 69cm
     
    На Bebence29, lipstickmadness, Chanell* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    Мајки, може ли совет.
    Сличен проблем како @Bella_Stella имам.
    За месец дена имаме качено помалку од 250г.
    Препорака на доктор е вметнување на вкусови и позачестено доење. До сега му давав на отприлика 2-2.5 часа, некогаш и порано. Не знам што почесто од ова кога ме исцицува до крај и треба време да ми се наполнат градите.
    4ипол месеци сме и веќе не го осеќам струењето од надојдување на млеко, ама во 90% од случаевите кога силно ја притискам градата со двете раце, прска млеко. И лева и десна. Според тоа се водев дека имам доволно за него, ама вагата друго кажува.

    Кака секој ден, нервозен е што мислев дека е од четврти скок, ама може и од глад.
    Што би правеле на мое место? Од кај да знам дали имам доволно млеко? Молзам по 30мл...
    Шише не фаќа за жива глава, имам старо молзено, пробав да давам ама не знае да цуца.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем го имаме и ние, пишував. Нас па педијатарот ни рече да се доиме на подолги интервали, бебе цицаше на 1.5 час некогаш почесто, никаков ред.
    Со пробување цврста храна рече да почнеме на 5+++, но јас почнав точно на 5 месеци. По некоја лажица, за да може на 6 да има еден оброк. Со тоа што бебе уште од 4 и нешто месеци пројавува интерес за храна, кога јадеме ние шлапка со устата и не гледа во уста. Искрено, не можев да ризикувам и чекам уште еден месец.
    Мајчино имам замрзнато, пробав пак сега со шише нејќе никако. Па почнав да му ставам сега во цврстата храна. Кога ќе заврши млекото, во зависност од неговиот напредок овој месец може ќе земам и АД за во кашите. Кога молзам со рачна(електричната ја дадов веќе) не искача млеко повеќе од 10 мл, а и немам кога да молзам како што викаш треба време меѓу подои да се наполнат градите. Иначе мене ми тече млеко од гради, маичките ми се мократ ако дојде време за цицање, или кога бебе цица од едната града. Но еве резултатот на вагата не е како што треба. Земи Лактил ако не ги пиеш за зголемување на лактација.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.