Можеби е баш поради тоа што станал поактивен и повеќе троши, штом си јаде и не дава знаци на глад веројатно си е ок. Кога му спремаш каши колку процентуално оди на житарици? Според тоа што имам читано треба 1/3 да е житарка. Моиве првите 3 месеци напредуваа и над просекот после нагло намалија и се нервирав се прашував кај грешам ама веројатно си следат свое темпо на раст. И сега наполнија 14м имаат супер килажа за возраста ама веќе неколку месеци стагнираат, дури имаа и паднато минатиот месец а јадат 3 оброци минимум 2 ужинки, два пати ад и плус цицаат ...педијатар ми вика после година не ги ни мереле и да не се замарам ама се прашувам дали правам утка некаде
Мислам дека е малку за неговата возраст, колку и да не сакам да споредувам ги гледам другите бебиња и сите се побуцки од него. Ставам 50/50, така ми рекоа. Он е проактивен, така да тоа е, нема шанси да качи килажа.
Родилна тежина 2.720гр 49цм, родена во 35 недела. 1 месец 3600 гр, 2 месеци 4900 гр, 3,5 месеци 6900 гр и 63 цм. Докторот спомна да видиме како ќе оди нареден месец тежинава, па може малкуцка и на диета ама јас не гледам зошто.
Да му кажеш на докторот да и го јаде газот! Тој нека си се стави на диета. А бебе нека си цица колку сака. За бебе на доење не постои диета.
Нека си цица колку сака каква диета. Првото 9300г беше на 4 и пол месеци само на доење и никој не ми рече диета.
И јас сум на слична мака како тебе мајка. Бебе се роди 3050, испишан 2920, а на 8 месеци е 7100. Ептен е активен по цел ден не застанува лази, се пентери, се врти, вика црка. Е за јадење е нејадач, све што ќе направам од каши, освен вечерните, се јаде со сила, со лажење и бутање лажица што искрено ич не ми е убаво ама немам избор. Докторкава ми вика супер е, последните два месеци качува по 300 грама ама мм секој ден ми труби како сите деца се поголеми од него он е најситен, да сме давале нешто за апетит, а докторкава вика и конституција е од мене и јас сум слабичка. Добивме и зелено светло за парчиња па и тоа ќе го пробаме од утре. Совет некој секаков е добредојден, утре ќе идеме на второ мислење у Систина...
Од мене советот само не вклучувајќи телефон и цртани за јадење, се друго може. И моево е слабичко, ситно, ако се поклопат коцки и ѕвезди јаде со сласт, ако не едвај. Вчера денот беше дебакл чист, нит од ручек нит од вечера изеде нешто. Ми се плаче али јбг тоа е. За апетит на толку мало бебе нема што да дадеш, тие витамини не сум сигурна колку се безбедни за бебиња под 1г. Они се сигурно, ама шоќемусе ако е здраво право бебе, цел живот на хемија ли ќе ги држиме.
Роден 3170 гр,50 цм Испис 3010 гр 1месец 3980 гр,55 цм (1месец без 1 ден мерен) 2 месеци 4830 гр 3 месеци 6020 гр,62 цм
Родилна тежина -3650 и 53цм Исписна тежина-3580 гр 1 месец - 4500 2 месец - 5380 60 цм Дали е во ред ?
Супер сте, од 680 до 900гр месечно во првите 3 месеци е нормално викаше нашата докторка Ова се табелите според СЗО, може ќе се најдат и на други мајки