Родилна 3050 gr, 50 cm испис 2970 gr 1 месец 4000 gr, 55 cm 2 месеци 5020 gr, 60 cm 3 месеци 5840 gr 4 месеци 6650 gr
Родилна 3740гр. 51см. Исписна 3420гр 1 месец 4500гр. 57,5 см. 2 месеци 5400гр. 3 месеци 6300гр и 62 см.
Роден : 3300гр , 51 цм Испис : 3140 гр. Денес: 43 дена 5000гр (висина не ми кажаа) Ексклузивно доење.
ве молам за мислење/искуство. роден: 3 580 испис: 3 460 прва недела: 3 600 втора недела: 4 400 по четириессет дена: 5 440 сега сме точно два месеци ама имам чувство дека веќе е 6, а можеби и 6 ипол кила. Можно ли е да е премногу? Бебо си е буцко, на ексклузивно доење сме. Ама треба ли да се загрижувам за тежинава?
Во првите 40 дена качувало во просек по 49-50 гр што е супер. Не знам како имаш чувство колку кила е ако не го измериш ама и да има 6 ипол нема зошто да се загрижуваш, не се сите бебиња исти. Ќе се консултираш со педијатар и ако има потреба ќе му скратиш подој, иако не ми се верува да се прејадува.
Потежок ми е и дека го сликам секој ден, бутките се поголеми му се ) На 40 дена кога бевме педијатрот ни кажа супер е се, напреднал ко за 2 месеци, продолжете така. Прво дете ми е, вака ли брзо растат до година
Секое дете различно расте, ама се дур си следи своја крива на раст и не одстапува од тие некои пропишани стандарди е супер. Моето има 6 месеци и 7 кила, некои на 6 месеци тежат помалку од 7, некои повеќе. Индивидуално си е. Како што не сме ние исти не се ни бебињата. А дека растат пребрзо, растат. Некогаш ми се плаче како лета времето, мислам вчера го родив..
Првото на 4 и пол месеци беше 9300г роден 4300 Второво родено 3850г Испис 3740г Сега на 2 месеци дома мерен е 6700г
Родилна тежина: 3470 Исписна: 3180 1 месец: 4000 2 месец: 4850 3+ месец: 5600 4 месец: 5900 Зошто само 300 грама за 20 дена? Имал некој слично искуство? На ексклузивно доење сме.
Мислам дека и сама пиша, скок, малку мака околу доењето. Се случува во скок кога се да стават помалку килажа, а и 300 gr за 20 дена не е нешто премалку. Во наредните 10 дена на пример може да стави уште толку.
Родилна тежина: 2810 гр. 46цм При испис: 2680 гр Прв месец: 3780 гр 50цм Втор месец: 4650 гр 54цм Трет месец: 5360 гр 56цм