Одиме по втор пат во темава Родилна 3810 гр. 53 см. Испишана 3590 гр. Прва контрола 3740 гр. 3 недели 4530 гр.
Денес бевме на контрола, 3 месеци и 1 недела, да не кажам 13 недели, момчето наше е 7100 гр. и долг 63 цм. Докторката речела машала, на 3 месеци личиш за 6, и мене тука ми се стемни. Секој сака да му расте бебето, ама да кажеш дека е дупло поголемо... А вака бебето искрено не личи на дебело... Да е живо и здраво, ама малку се загрижив.
Нашето на 3 беше 7650, во должина не е мерен, но купувам алишта за година На 4 месеци кога го вакцинираа беше 8500. Нека си растат
Немора да значи, мојот на 3 месеци носеше облека од 6-9 сега е 3 години и 3 месеци и висок е 115 сантими и 18кг
6 месеци: 6900 грама, 63 цм (родена 54 цм). Се надевам добро напредуваме. Пред 1 недела почнавме со вкусови.
Дај да се осватиме ја и ти . Долго ми е девојчето и тежина има накај 9кг. А не изгледа дебело стварно. Мислам не е дебело со мишелинки ептен. Само е ете крупна.
Ајде Ехе ќе се истанчат, првото исто вака растеше, мене реприза ми е сега тој 9300 беше на 4 и пол месеци, на година 13.5кг, а роден 4300, на 5 год е 25кг со 115-116 висина, мешето рамно штица му е, така да ич не е страшно сега што ставаат Второво 3850г родено на 4 месеци 8900г ова и повеќе става од брат му, иначе на 2 часа цица, освен ноќе, првиот пат врзува од 4 до 6 часа сон после на 2ч си почнува
Нека е живо и здраво само. Моето на 4 ја дуплираше родилната 3870 е роден на 4 полни месецов имаше 7600гр. сега сигурно и 8 ги има а мене па слабичок ми седи, дека навикната на големки крофнести бебенца моево како да ми е слабо ама месецов во должина е отиден повеќе па може затоа не му се познаваат. Нека лапка бебе ти уживај си
Абе ќе се истенчат, мене страв ме фати да не неможе дечко да си најде. Па со време да си зафатам зет . Некна нешто на брзина попусти имаше. И купив термо тренерки 74 за сега за надвор кога ќе одиме, оти и е претопло во скафандер во кенгур. Еј сабајле да ги облечам, мали ..до калап ли беше, до мајкава шо не виде дека се тесни.. Бар да не ги имав исперено ќе ги вратев. Сега вака оше они ми фалат да ми прават гужва дома. Треба да соберерам се вакви и да ги однесам за донации. 5+, носи најчесто 74..вајда е накај 70цм. Треба дома да ја измерам. 9кг на домаша вага
Моево на скоро година, неполни 10кг е, 74ки сеуште и чинат и оценета е како крупна Нека се здрави и живи, другото небитно.
Машала високи мојов в градинка најмал е декември е роден ама со дечињата што се од него поголеми скоро година е ист по висина, од некои и повисок. Мм е висок, јас 160 Моментално бебево носи од 9 до 12 м последно мерен беше 65см. Некои дури и кнап му се а бр 12м Како и да е само генетика е, моиве бар такви се по татко му јас мислев ова помало ќе биди малку ќе спасам половина ама јок нека се живи и здрави сите ќе си порастат па ќе менуваат.
Мојот кога наполни годинка, однесов нешто во градинка да ги почастам учителките и ме гледат збунето, абе вика едната ние поголем го мислевме Маж ми 2+ метри висок. Малиов и во градба е ист ко него. Нема бегање од генетика.
Да да, внуче имам кое на 4 год и 8 месеци е 14кг, само 4 месеци се разлика со моето, цели 11 кг се разлика, исто и во висина сиг 10см разлика се, тој е ситен на мајка му, таа беше таква цел живот слаба, а се јади, се буквално, повеќе од моето јади а не става на него, се нервира цело време брачеда ми ама детето си е здраво право ништо не му фали.
Мака имаат искрено дека сите ги мислат поголеми очекуваат друго однесување. Моево дете личи на 7/8г, прави работи за 4г. И некад така чудно го гледаат кога зборува со з место ж
Јас одамна завршив со 74. Перење плус сушара и се се намалува. Последен пат доста купив од h&m 80ки. Таму се доста точни со броевите и не се собораат многу. Тритекс бодиња му земам 98