Родилна 3810 гр. 53 см. Испишана 3590 гр. Прва контрола 3740 гр. 3 недели 4530 гр. 1 месец (без 2 дена) 4940 гр. Се спремаме во Новата да влеземе со 5 кила чиста радост
Постои ли правилен начин како да го измерам бебето во должина? На педијатар до сега ниеднаш не го мереа, само на раѓање
Легни го право на под, се мери од петица до горе главче, можиш да обележиш на под со нешто и потоа со обично метро измери од обележеното, јас вака го мерев и само 1 см љуфнав
Родилна 3050 g, 50 cm испис 2970 g 1 месец 4000 g, 55 cm 2 месеци 5020 g, 60 cm 3 месеци 5840 g 4 месеци 6650 g, 65 cm 5 месеци 7200 g 6 месеци 7740 g 7 месеци 8280 g, 69 cm
Родилна 3740гр. 51см. Исписна 3420гр 1 месец 4500гр. 57,5 см. 2 месеци 5400гр. 3 месеци 6300гр и 62 см. 4 месеци 7000гр и 64,5см 5 месеци 7500гр. 67см. 6 месеци 7900гр.
Се роди 2820,не испуштија со 2620гр. во неделата. Денес отидовме на педијатар ја мери 2630гр. Три дена сме дома. Цица,полни пелени,моча,кака. Педијатарот ми вика може да има разлика во вагата и за недела дена да ја измериме пак на истата вага,а и сепак малце време е пројдено,да си дадам време. Јас живи паники сум... Давајте совети..
Нема простор за паника. На контролата на две недели треба да ја има вратено родилната тежина. Мерете ја цело време на иста вага. Чим си полни пелени и не плаче ќе почне и вагата да покажува. Не се секирај мама.
I kaj mene prvite pet dena od koga ne pustija imase staveno samo 50gr posle si se stabilizira, bez grizi taka e dodeka si fanete red, posle ke nema problem
Трета контрола: 4510гр(после 13 дена од втора контрола) обравчиња мајкини Должина:родена 50цм, мерена на 1 месец: 54цм
Мајки загрижена сум некако синко има 14 месеци сега тежи 10500гр а е висок 78см, поголемото детенце ми беше некако повисоко на негова возраст. Мислам дека е под просекот
Секое дете е своја приказна, немој да ги споредуваш. Сега баш проверив моето исто на 14 месеци било 78см, но 8200гр. Осмаче е, но нема врска има предвреме родени што напредуваат подобро од термински. Последно го мерев на 3.5 години, беше 98см, кога ги гледам врсничињата од градинка повеќето се горе долу колку него, само 2-3 дечиња отстапуваат повеќе т.е. се повисоки.
Не допишав дека на 6 месеци обем на главата и беше 45 цм, на раѓање 37 цм.. Како се вашите со обемот на главата? Педијатарот ништо не изреагира ама на апликацијата Child growth tracker баш сега гледам дека дава 98% кај главата и се загрижив многу.
Неможеш исти деца да родиш и се исто да тече. Некои деца се послаби некои по буцки. Еве кај синко во градинка има 3год и 4 месеци он е 116цм и 18кг, а другарче негово има 3 години и 98ца носи и поситна е, има и уште едно 3год и 1 месец 98-104 и ситен е и има 15кг, а јаде како за 5 души малце е буцко али е малечок али на мајка му е зошто она е 160 сосе патики
За 6 дена прави 5 месеци. 9600г со ексклузивно доење до пред 2 дена пред 2 почнав со вкусови. Првото беше 9300г на 4 и пол месеци, роден 4300г Ова второво не очекував повеќе и од него да става мислев ќе биди помало бебе роден 3850г е.