Неколку дена пред првиот роденден: -10.900 кг -87 см Исто како и првиот син, испод просек со тежината, ниту приближно не ја триплира родилната тежина од 4.585 а над просекот со висината и двајцата ми се со барем една глава повисоки од децата на нивна возраст.
Родилна тежина 4-350 А сега 9 ипол месеци и има 10и 250гр. Керка ми е над нормала веке не се држи во раце
Родени сме 3500 Испуштени сме 3250 Првиот месец 4600 Вториот месец 5600 Задоволна сум како напредува мојата принцеза
Срцка таа убава пораснала големо девојче е сега она, а мама колку се секираше ама ете се среди се бакни ми ја еднаш од мене
Мајки, денеска кога го измерија син ми беше иста килажа како и пред две недели, а сантим и пол пораснат. Можно ли е да нема качено ни грам оттогаш? Инаку сме само на доење.
Па на три месеци да не крене ниеден грам за две недели не е баш можно. Не е гладно бебето? Весело е? Си спие? На 8 месеци е, 10 кила со 74 сантима.
Мојата лепотица е родена 3500 кг Не испуШтија од болница со 3200 кг Пред една недела се меревме и беШе 5210 кг Родена е 53 цм и од тогаШ ја немаме мерено Незз зоШто кога одиме на котрола не ја мерат висинат
Моето бебе е најмирното и највеселото бебе што досега сум го видела. Не знаеме што е плачење (пу пу да не го подречам) и на сите се смее. Секогаш цица тој кога сака и колку сака. Си цица активно и кога му е доста сам си пушта, не се тегави да си игра. Јас гледам да јадам разновидна храна, здрава претежно. Секој ден сум со овошје и зеленчук на менито. Вака внимавав и во бременоста а детето ми се роди мало. Денес проверивме и крвна слика, и со тоа се си беше во ред. Не знам во што е проблемот?
На два месеци сме 5110, значи кило сме качиле, без некој грам[/quote] На три месеци сме 6000 гр.и 62 см[/quote] 4 месеци- 6490 гр, и 65 см долги, растемеее[/quote] 6 месеци- 7400 гр и 70 см, презадоволна за екаклузивно доено бебе
Ајде да се цитирам сама. Не ме држеше кожа и отидов да проверам за килажата. Моја грешка било, јас не сум запамтила добро. Минатиот пат бил 5375, а по две недели 5700. Не е којзнае колку, но добро е.
+ вчера 6220г почна да паѓа темпото порано A една недела качивне по 350г не знам во овој период и не беше арен исто така се плашам млекото да не му е доволно веќе.
Слими немате ни три месеци а сте 6220, па не е малку, на два и нешто месеци дуплирал тежина тоа е одлично. Ако си мислиш дека немаш млеко постојано, ќе почнеш и да веруваш во тоа, уживајте се е ок со бебето и килажата.