Родилна 3050 g, 50 cm испис 2970 g 1 месец 4000 g, 55 cm 2 месеци 5020 g, 60 cm 3 месеци 5840 g 4 месеци 6650 g, 65 cm 5 месеци 7200 g 6 месеци 7740 g 7 месеци 8280 g, 69 cm 8 месеци 8770
Родилна 2600 гр. 1 месец 3800 гр. 2 месеци 5200 гр. 3 месеци 5800 гр. Последниот месец е многу малку, 600гр за цел месец, а претходно качуваше по 700гр за две недели но педијатарот вели добро е Не знам јас мислам малку е Што мислите?
Нормално е како растат да намалуваат во качувањето. Таман раб секој месец по 1кг+ да става. Некогаш ќе стави повеќе, некогаш помалку... ако бебе изгледа весело, среќно, здраво, не се грижи. Второто мое ставаше и првите месеци по 600,700г само, а родена беше 3800. На 1г беше 9.5кг. Сега здрава права девојка од 6г, таман и во висина и во килажа е за возраста
Не знам. Дека на 18ти бевме на ортопед таму го измерија беше 5600гр, а вчера 5800гр. Не е ли многу малку за две недели 200гр. А и со цицањето сме катастрофа, мислам дека не цица доволно. Како и да е на 13ти имаме вакцина тогаш ке се измериме пак па ке видиме на што сме.
Исто сме и ние, на 6 месеци беше 7300 гр ама мислам сега на 7 месеци дека нема качено ни грам.Блага настинка и вадење горни запчина, уста не отвара.
Здраво мамички. Од болница бевме испуштени со 2220 грама. По една недела на контрола, денес ја измерија 2180 грама. Меревме подој 40 мл од една града исцица, со што да напоменам на другата ми цица помалку. Исто така од пред два дена почна да цица како што треба бидејќи бев со царски рез и млеко ми дојде дури дома. Штомислите дали да бидам упорна содоење и за колку време повторно да ја премерам, или да почнам до вештачко да и давам? И што пиевте вие за повеќе млеко?
За повеќе млеко лактил капсули, лакта микс чај, боза, бистар сок од јаболка, кромид.. Биди упорна и бебе на града за подобра лактација
Родилна 3810 гр. 53 см. Испишана 3590 гр. Прва контрола 3740 гр. 3 недели 4530 гр. 1 месец (без 2 дена) 4940 гр. 1 месец и 13 дена 5880 гр. 60 см 2 ипол месеци 7010 гр. 63 см
Родилна: 3050 гр, 50 цм 1 месец 3820 гр, 54 цм 1 месец + 11 дена 4320гр 2 месеци 4800 гр, 60 цм 3 месеци, 6000 гр, 62 цм
8 месеци: 7750 грама. Сè уште цице rules и нема некој голем напредок со цврстава храна. Со ова темпо нема да триплира тежина до година (3470 грама родена). Педијатарот вели дека добро напредува и дека ќе засака со тек на време и цврста храна. Ќе чекам трпеливо да се појави љубовта. Само нека е здрава.
И јас цело време сум поточно бев со тоа во глава, дали ќе ја триплицира. Ама конечно сфатив дека не е најважно тоа. Моето има 10+ и е 8кг. Помал е роден, 3100, како што гледам сигурно нема да ја триплицира, тешко дека за неполни 2 месеци ќе качи 1300гр. Ама здрав е, јаде, си прави се што треба за возраста и поважно од тоа нема.
Поголемиот ја триплираше на 2 години Се роди 4кг, на доење, јадеше здраво и доста обилно ама многу е активен и беше 10кг така подолг период.
И моево ќе биде таквo. Не е активен само кога спие, иначе не застанува. Си јаде многу убаво, затоа и решив да не се секирам за килажата.