+1 манекенка да пријавам. 8 месеци 7860гр родена 2520гр. Благ ужас сме со храна, скоро па и да не јаде ич. Ниско и е железото давам малтофер па се надевам како ќе се крева железото така ќе дојде и апетитот.
Да пробаш до кидс омега? Врв се. Скапи се ама вредат мн. И за имунитет и за развој на мозочето... Мене мн ми помогнаа за првиот син...
Баш ќе видам со матичнава нешто за апетит да препорача, ќе прашам и за овие, фала ти. Може не ќе биде лошо да пробам.
Верувај подобра опција е да си јаде се и да не става толку килажа, него да јаде 4 јадења и да е супер со килажа.
И јас така се “тешам”. Важно е здрав со добра крвна слика и моментално е прав гурман. Килцата во ваков случај не се пресудни.
За споредба си барав старо мислење од првото дете. Второво и повеќе од првото става Роден 38+2 - 3850г со 51см, испишан 3740г 6 месеци и 8 дена - 11кг и 100г Само доење до 5 месеци без некој ден, сега почнав и втор оброк бидејќи си бара, но не јаде многу количински до 150г.
Месец и некоја недела ,не пишав денови. Заборавив. Ама само на града виси скоро 2 кг во месец дена. Како точка беше,сега е веќе бебе со образи.
Колку сака толку давам, обично 1 тегле јади, некогаш повеќе некогаш помалку, си јадеше и првото вака ко по книга па од година и 4,5 месеци престана се да јади ко му излегуваа 3ките па се молиме за јадење уште. Полошо од дете што не јади и при тоа пребира и пребарува јадење нема, ништо не ми беше потешко од тоа. За килажата не се плашам бидејќи веќе видено ми е само се молам ова да си јади цело време. Немам сили за борби со нејадење, ги потрошив
Менуваат многу. Големиот до 2г јадеше буквално се. во градинка во јасли го лажеа да влезе со њам њам. Од 2 до 4 не знаем како преживеав јас без да полудам со вртење 3 јадења у круг, а и во градинка јадеше (уште ова) само сув леб, краставици и овошје. Сега пак почна да пробува и да јаде и риба, спањак, месо дома, во градинка и пире дури јадел Од друга страна па, деца на блиски што не јадеа со 2г, после се разјадоа се. Знам дека е лесно да се каже, ама мора да се издржи, ко големи сите ќе јадат