Ние мака со јадењето немаме, барем засега, ама со килажата да. Не знам кај му оди тоа јадење што го јаде, стварно. Некое друго дете на негово место до сега ќе беше прасенце. Среќна сум што си јаде убаво зошто знам дека тоа многу лесно може да се смени преку ноќ. Ама ај да се надевам дека нема. Јас откако јаде парчиња не мерам количина. Гледам оброкот да е балансиран и да има сѐ што треба. Ги мерам само кашите за доручек ако давам овес, просо и сл. Јаде од 220 до 250гр и саат време после тоа цица. Мислам дека во секое време да извадам он нема да одбие цицање. Заљубен е.
Мојов во градинка уште не јади, прваче од септември тој в градинка од 2 год е и само леб каснувал, супа пијалок и ужината ако е благо ја јадел.
Родилна 3740гр. 51см. Исписна 3420гр 1 месец 4500гр. 57,5 см. 2 месеци 5400гр. 3 месеци 6300гр и 62 см. 4 месеци 7000гр и64,5см 5 месеци 7500гр. 67см. 6 месеци 7900гр. 7 месеци 8400гр. 8 месеци 8700гр. 70,5 см.
Нека си расти, гени се во прашање. Моето на 5 месеци и 21 ден беше 10500г со 72см зверче. Дома мерен 6 месеци и 8 дена 11100г
Родилна 3870гр. 51цм. Испис 3820гр. 2 недели 4200гр. 3недели и 3 дена 4430гр. 1 месец и 4 дена 4700гр. 1 месец и 18 дена 5410гр. 3 месеци 6530гр. 4 месеци 7600гр 65цм. 6 месеци и 18дена 9550 71цм. Ова од денес најтазе
Матичнава вика машала на татко му се метнал (мм е 2м со 120кг) ама мене стварно така голем не ми изгледа, или не знам јас да проценам.
Мајки ќе си пукнам до четврток на контрола.. го мерам денес бебе со мене на домашна вага обично така се мериме (пред 2 денови го измерив ама скроз облечен со пелена цицан се) 5.2 сега мерам гладно голко 5кг само 500гр + од 05.02 си цица на 2ч по 10тина мин од 1 града баш многу тече на почетокот шприца на сите страни после не бара втора сум пробала се трга зар е можно млеково да ми е млитаво? Периодов ми беше доста стресен на неколку полиња ....и слабо јадев многу ќе ми е криво ако сиротово не напредува, а вака е издолжен многу не личи изгладнето не плаче...пеленчиња полни повеќе мочкани вчера завчера по 3 и 4 пати само какаше денес уште не е зошто ноќе се мачи со запек до кај 10ч наутро...2месеци прави за 3 дена колку е нормално во овој период да качува дневно? (Знам не се сите бебиња исти ама имаше некое од-до за напредување а не го наоѓам) Инаку неколку пати низ тек на ден кога се измолзувам вадам едвај по 60-70мл за 8мин од 1 града знам не е мерило пумпата бебе влече многу повеќе ама..... Сега ако почнам пак чај за лактација ќе има ли ефект или доцна е?
Во просек по 20гр дневно качувало што не е лошо. Си полни пелени, не плаче и не стагнира во килажа. Мери си го на иста вага и во ист дел од денот. И не го споредувај со други бебиња. Сепак секое бебе си е различно
Штом бебе си е среќно, полни пелени и си напредува не си стварај стресови дополнителни да го мериш дома. Затоа се контролите еднаш месечно, ем стручно лице ги прегледува ем што не качуваат линеарно секој ден. Млитаво млеко не постои, можеш цел ден и само на вода да бидеш бебе сите нутритивни вредности ќе си ги добие од тебе. И "само" 60 70 мл не е воопшто малку на веќе воспоставена лактација. Нормално е да не се преполни градите. Не се замарај со непотребни работи, чим бебе само си дава знаци на ситост тоа е тоа. Џабе ќе пиеш чаеви, и повеќе млеко да имаш пак бебе ќе цица колку му е доволно.
Родилна: 3050 гр, 50 цм 1 месец 3820 гр, 54 цм 1 месец + 11 дена 4320гр 2 месеци 4800 гр, 60 цм 3 месеци, 6000 гр, 62 цм 3.5 месеци 6400 гр (бевме за друго, ама го мереше, сега здравје за 1 месец)
Родилна 3050 g, 50 cm испис 2970 g 1 месец 4000 g, 55 cm 2 месеци 5020 g, 60 cm 3 месеци 5840 g 4 месеци 6650 g, 65 cm 5 месеци 7200 g 6 месеци 7740 g 7 месеци 8280 g, 69 cm 8 месеци 8770 9 месеци 9200
Родилна 3810 гр. 53 см. Испишана 3590 гр. Прва контрола 3740 гр. 3 недели 4530 гр. 1 месец (без 2 дена) 4940 гр. 1 месец и 13 дена 5880 гр. 60 см 2 ипол месеци 7010 гр. 63 см 3 месеци и 1 недела 7620 гр. 66 см
Ете....39 денови 830гр плус само по 21гр ми иде да си излезам од кожа... 1месец 4500 гр 2месеци и 1недела 5330гр
Плаче ли бебе? Не полни ли пелени? Што е проблем? Не може секој месец исто да качува, ни па ти по тие правила кој ги кажуваат. Сите деца се различни. Зошто да се нервираш? Ако е бебе весело, се е во ред со него, нема потреба од стрес и нервози.