Плаче кога го успивам (штом го земеш во раце знае дека следи спиење плаче 5мин и заспива) пелени какани околу 4 почна периодов а весел е многу само се смее гуга збори со мене со "ауу гу га" се надевам дека си е ок докторкава си збореше на телефон цело време и кога ја прашав дали да сменам нешто дали е алармантно што да следам ме изигнорира и ми рече ако имаш прашања имаш мој број
Зборам за плачење од глад. Штом бебе полни пелени и е весел воопшто немој да се грижиш. Да било нешто алармантно ниеден доктор така не би ве оставил.
До 6 месеци да дуплира родилна килажа (мене ми личи на добар пат сте), до година да тродуплира. Така е правилото. Е само на форумов има еден куп што не биле ни блиску до тродуплирање килажа, а деца живи, здрави, пргави. Не се нервирај со вакви работи, чувај нерви за стварно кога ќе ти требаат 20 до 30 грама дневно е нормален просек што ми го кажа педијатар у Ремедика. Ако напредува повеќе од тоа ќе те тераат на "диета" да го ставиш, пошто нели сите деца еден шаблон се и исто растат.
Родилна: 3270г , 49цм Исписна: 3050г 1 месец: 4250г , 52цм 2 месец: 5340г 3 месец: 5890г , 63цм 4 месец: 6920г , 66цм 5 месец: 7640г , 68цм
И мојот исто,само што е роден 2350 а сега има 9 ипол кг. Имаше 10 ама ми се разболе многу му се намали апетитот и одма спадна 500 грама.. Педијатарот исто вели дека е ок се додека е дете активно,пргаво и весело не му се секирај а мојов е за машала струја без гајтан Не се грижи,чим педијатар вели дека е во ред значи во ред си е
Родилна: 3050 гр, 50 цм 1 месец 3820 гр, 54 цм 1 месец + 11 дена 4320гр 2 месеци 4800 гр, 60 цм 3 месеци, 6000 гр, 62 цм 3.5 месеци 6400 гр (бевме за друго, ама го мереше, сега здравје за 1 месец) 4 месеци 6700гр, 65цм (мерен дома)
9 месеци: 7850 грама, 68 цм (на 6 месеци 63 цм). Премалку напреднала. Да, само долу е, активна е по цели денови,весела ама сепак сигурно е до нејадењето. Дали да испитам крв? Последно на 6 месеци испитавме, во ред беше. Тогаш зедовме од прсте. Дали понатаму им земаат од вена?
Не не од прсте е цело време додека се мали. И на големата 3год исто од прсте и зимаат. Кај нас се покажа дека нема апетит поради ниско железо, да не ти е на мисла ако сакаш можеш да провериш тоа.
Не гледам ефект сеуште. Ама еве денес прв ден скоро 8 часа разделени и бидејќи нема цице изела едно шмукалче цело за чудо. Каснала после и бисквита и пиела вода, што е стварно чудно со мене освен цице не сака ни храна ни вода. Оптимист сум дека ќе се смени.