Мислам да не се секираш, ако ставила во старт може да става и помалку сега. Потешка од мојава секако била на 3м (мојава ни 6кг немала), иначе маж ми е 192, јас сум 180 Ситна беше мојава до пред 1г, сега почна да оди нагоре. Исто конструкција има она на маж ми, а ете ко бебче беше па ситна... Ние големи џинови, батко голем и тој и мене пречудно ми беше дека она беше мала. Ама еве па како расте, се извишува.. А бато па го караме да не јаде (10г е он)... меше има, бутови и му смета..
Родилна: 2800 48cm Исписна: 2600 1 месец: 3850 2 месеци: 5250 3 месеци: 6400 4 месеци: 7000 5 месеци: 8150 7м и 9д: 8900
Да, и тоа од прв ден дома сме на доење само. А ја се тресам млеко да не снемам па се дујам со Лактамикс. Ми вика докторката уживај мајка оваа килажа до 4 месеци му е.
@Feniksgirl Секој пат различно, ама на околу 2-3 саати. Е сега бара некогаш ради грчевите повеќе ама тоа му е за да се смири и задреме, и најчесто го бљуцка после.
Ќе почнам да мислам дека стварно има хранливо и не толку хранливо млеко. И мојата така цицаше, ама кило само качи прв месец. Многу чудно.
Абе глупости како не. Јас не се хранам квалитетно, со двете дома немам време за здрави оброци, едино ручек и нееекогаш вечера ако сите заспијат порано.
Јас па мислам не е до млекото, туку ваљда има врска и нешто метаболизам исто како кај нас возрасниве, некој се дебелеат од вода други јадат сочно и се слаби Е сега ептен ако не качува на килажа па да се гледа проблем, а кило за месец не е малце.. На другарка девојчето по 300 до 500гр и качуваше па докторката и рече да си остане на доење само да не дава дохрана, на 9м 6кг имаше,а родено 3700...
Бебе до 1.5 месец покачи 1кг беше на доење и ад, после тоа одбива ад и го сменав но и тоа не го сака. За две недели се поправи само 300гр. Што може да биде проблем што не сака ад? Цица, имам млеко но мислам дека недоволно цица, инаку му давам кога ке побара
Трпение спасение. Ставај беба на града, ќе ти се регулира лактација кај и да е. 300 за две недели е супер особено ако комплетно имаш откажано АД па сте во фаза на адаптација.
Малата вчера наполна 4 месеци. Родена е 3170гр. 49цм. Првите 3 месеци супер си напредуваше, по 1000-1100гр.(на АД сме). Во последниот месец, првите две недели доби 400гр. и оттогаш стагнира, нема ни грам добиено веќе 12 дена . 6500 моментална килажа(дома вагана). Горе-долу исто пие, кака/мочка-нормално, спие навечер, е сега, е малку пожива. Издолжена е, ама колку точно, не знам. Во понеделник сме на контрола, но би сакала да прочитам и ваши мислења. Едит- заборавив да спомнам дека уште имаме грчеви/гасови доста плачење.
Ако не ти е дигитална вагата како оние за бебиња, може и да не ти покажуба точно у грам. Плус како наголемуваат помалку качуваат,а и килажата и е топ, ја дуплирала родилната така да не се секирај ич
Па и не е лоша килажа 6500г на 4. Мене второто ми беше 3800г родено, а на 4м била 6100г (имам тука запишувано). Едноставно такво поситно, односно просек бебе си беше. Беше на доење и адаптирано до 5,6м. А после 6м само на ад. Здрава, права, женска од 7г е. Во просек вака сеуште со висината, а како манекенче е (не е преслаба, таманка).