Мене беба од 7ми до 10ти само пола кило ми имаше накачено. Нормално е да не е драстично ко на почетокот.
Денес на здраво во државна не измерија поголеми 3225гр. Која вага е точна која грешна кузнај. Советот од јатрвата беше добиен. Докторите викат дека таман си тераме. Во однос на минутите цицање од града, и на приватно и на државно ми рекоа дека таман биле по 10мин од града. Млекото ваљда ми надојде оти денес сме нацицани и плус доволно молзам за да има мое и од шише ако треба. Почнаа градите сами да ми течат. Сакам да останиме ексклузивно на мајчино млеко, па ако имате совети добредојдени се.
Да не гледаш на саат кога доиш е мој најдобронамерен совет, да си го гледаш бебето и да оставиш тоа да диктира темпо . Зошто да се мачиш со пумпа и шишиња ако сака бебето да цица остај го, на почеток по 40 минути подој во просек ми е биден и со двете деца.
Никогаш не ми цицала 40 минути. 15 макс и тоа еден подој една града. Бебе на града цело време, тргни ад и ќе се префрлите на мајчино.
Репер тие 10 минутки не се, зошто секое бебе е различно. Мојава на пример ми спиеше на цицка по цели вечери, преку ден по саат време цицаше... Ама ние имавме жолтица, па можеби скоро 2м. Убави совети ти даваат, а и одличен ти е мајчиниот инстинкт. Само лабаво и све по ред ќе бидне. Единствен совет кој можам да ти го дополнам, и тоа да си го ставиш во календар, дека околу 3м има ,,криза" со млекце.
Исто и мојава спиеше на града пола од времето цицаше а другата половина како цуцла и бев и ќе затераше до саат време и се љутеше ако ја тргнам. Дури кога направи 2 месеци почна да се нацицува за 15 мин ако и е само од глад ама ако сака да се успие пак знае да тера 40 мин онака полека. За кризата со млекце на 3м - тоа кај сите ли е? има ли нешто да правам за да не е критично?
Јас ја фатив кризата, не е страшно иако така ќе делува, само си бара цицање од двете гради (иако до претходно бевме на една града) и јас тој период пиев и лактил и лактамикс за да надоаѓа повеќе млеко. 10тина дена ни траеше
Ај кога сте го разврзале муабетот за цицање и време и сл. да прашам. 4ипол месеци сме, за 10 денс 5 месеца. Јас еве ќе признаам дека и после 5 месеца не знам кога е најадена, затоа што само 10% од времето се тргнува демек е завршена, другото време да е по нејзино ќе дреме на града и цел саат, и од што нормално си доаѓа млеко ќе се прејаде и ќе блуцка (искрено не верувам во муабетот дека бебе што цица не се прејадува). Ако пробам да ја тргнам кога јас сметам, обично тоа е по 10-15 мин зошто и ја приметувам дека веќе не е тоа активно цицање, вришти како да е на колење. А кога ќе ја вратам пак на моменти ја гледам дека голта, ама дтв мислам дека тоа е зошто стимулира и доаѓа млеко. Како да знам, што да правам?
Не обрнав внимание што тема е, така што ќе прашам во соодветна. Игнорирајте ме тука, касно сум да избришам
Родилна 2900гр 49цм 1 месец 4400гр 2 месеци и 10 дена 5500гр (болен беше, примаше антибиотик) 3 месеци 6100гр 65цм
Не знам дали сте пробале со вас на маса да јаде? Пример вие јадете и да даваш на него, неговата храна. Мојава така многу сака, како да сака со нас да јаде.
Пробано е, од 5ти месец така почнавме секој ден, ама малава не е заинтересирана да јаде. Не може ништо да не и се допаѓа на вкус, затоа што за ништо не отвара уста. Пробав со секакви лажичиња, сама да стави во уста...кога ќе и дојде храна на јазикот се притресува и ѝ се гади. Не знам веќе што да пробам.
Мојата првите неколку лажички така прави, после лапа. Од коа ќе пие млеко после колку време и даваш да јаде?
Ох секој ден различно, најчесто 2 часа или 3 и треба да и дојде време за ново млеко и не издржува, ќе касне некогаш со сила малку и ѝ давам одма млеко. Не можам рутина да и фатам, сега е за никаде и со спиењето, не знам кога е најдобро да пробам да и дадам, кога ќе ја седнам во хранилка одма жално вика и ѝ се насолзуваат очињата.
Касно и даваш. Кога се гладни знаат да одбиваат, од кога ќе стане и јаде, пробај дај и по саат и пол, не чекај толку касно. Така се агресивни кенкави, само чекаат млеко.
Да ама како што вели феникс 300> 400 на месец а ние 2 месец и повеќе има само 300гр о тоа облечен го меревме, некако ми се виде малку и сопругот ми рече повеќе јадење да му давам сега се мислам дали да зголемам дози ама страв мие. Да не се направи буцко или желудникот да не му се прошири а си бара секојпат уште како да е гладен и колку и д ама даваш ќе си јаде..
Не бе мами не се замарај толку, може почнало бебе да е поактивно па троши повеќе? Ако сака да јаде секако давај му повеќе...