На почеток бебе цица на саат и пол-два, дур не добие килажа. После бебе вица кога сака и колку сака. Сега е рано. Прво не е ад, па да ти вика на 3, мајчино млеко држи 2 часа.
За доење на 3ч ти рекол ? А ако плаче во меѓувреме што да правиш ? Мојава цица некогаш на 10 мин некогаш на 3ч си ја оставам по нејзино темпо. Ама никогаш не би оставила бебе да плаче а јас да чекам да помине саат.
Да де … затоа и не се стресов за да и одлагам повеќе од 2/2ипол саати … муабетов ми е да не треба и почесто
Е на тоа прашање ми рече … ќе дадеш чајче, ќе дадеш водичка нера критис, ќе дадеш цуцла … јас секако ништо од ова освен цуцла понекогаш
Дали озбилно ? Леле ти да си со мм ќе се заколите Значи а зине малава не мора да заплаче да зине он одма е и се цица дојди дај и хахах Замисли сеа да му кажам не неможе 3 саати ќе чекаме Ај сеа малку сериозно ако сакаш убаво да накачи давај си кога сака колку сака. Понатаму и она ќе си створи темпо во кое што ќе извлекува повеќе па подолго ќе спие. Ние навечер пред спиење сме проблематични ми се чини на 10 мин цица. Ама затоа ќе заспие накај 22-23 и некогаш дури во 3 се буди. Некогаш во 1..
Денес ми е одлучувачки ден да видам попладне колку ќе ја измерат и да видам што ќе правам ако не сме качиле барем 200гр неделава не знам што ќе правам …. Ќе и бутам со сила цице почесто … можда и затоа ми е кенкава и по подој некогаш да не и треба и подолго цицање … штознам
Најчесто она сама се трга или заспива не ја прекинувам никогаш. Вака просечно откако ја тргнавме силиконската никогаш не цица под 20-25мин
Ако заспала и кога ќе ја легнам се расќенка и нудам пак ако фати ок ако не со нишкање ја успивам. Онака кога ќе се тргне тогаш ја оставам. Знае откако ќе ждригне пак да бара и давам. Кога јадам и пред 5 мин да цицала пак бара и давам. Вода и чај уште не сум дала ,освен цице само д3 и омега шо давам Шише уште не знае што е
Го прочитав цел муабет, и да се согласувам да пробаш почесто да и даваш, односно да не ја оставаш да плаче ако ти личи гладна, ама како некој што беше скроз во иста ситуација ќе ти кажам да не се грижиш до толку. Покрај килажата гледај ги и другите работи како расте, дали се издолжува, како е расположена бебка (освен кога е во скок тогаш не е многу репер), каква е после подој, и сл. Нашите мерки за тој период беа: Родилна 3250 1 недела 3460 (210 грама ама беше на комбинирано) 2 недела 3540 (80 грама на доење) 3 недела 3690 (150 грама) 1 месец 3670 (20 грама) 5 дена подоцна 3840 (170 грама што ги качи за 5 дена зошто давав 2 шишиња измолзено во денот за да знам колку испила по препорака на педијатар, ама и јас таа недела ја згрешив работата со неа затоа што и нудев само една града за подој и иако плачеше си мислев дека така треба, ете - мајка по прв пат, и затоа сега можам од искуство да кажам дека треба да се нуди кога плаче ама јас бев убедена дека и е нешто друго зошто она дремеше на града по 40 мин и кога ќе ја тргнев тогаш плачеше, а додека седеше на града не се лутеше, ама ваљда си цуцкала силиконската како цуцла и и одговарало тоа) И продолжи со такво „побавно“ темпо, ама еве ја, 5ипол месеци, активна, се врти, си игра, сите вештини за нејзина возраст ги има совладано. Во првиот месец ја носев на 3 педијатри, ни еден не ми кажа ниту да посегнам по АД ниту да додавам вода, чај, значи ништо. До 6 недела се доевме со силиконска, од 6 до 7 недела качи 270 грама (ама не значи дека било само до силиконската, порасна, поубаво фаќаше, влечеше и сл.) На 6 месеци не очекувам да ја дуплира баш толку тежината, зошто еве денес на 5 и 20 дена има 6165, нема да качи 350 грама за 2 недели Ама пак е супер, одлично напредува, расте и педијатарот тоа се уште ми го кажува.
Ептен ми значи што сподели слична ситуација. Денес е една недела точно откако цица без силиконска и се надевам дека ќе има качено повеќе зошто цело време размислувам дека долго седеше на града а не доаѓаше до неа доволно млекце. Некогаш и по 45мин си седеше си цуцкаше, сега од града директ 20-25минути отприлика цица освен навечер поспана 5-10минутки и е секое цицање кога се буди и си продолжува со сон. Мајка ми не ја имаше видено 10дена и вчера кога ја виде ми вика леле мн е пораснатка, и мене така ми изгледа ама не сум репер зошто секој ден ја гледам и ја анализирам. Инаку за молзено млеко кога ќе се измолзам за замрзнување кога имам време и ми тежи града, за 20тина минути отприлика 70-80мл вадам вкупно од двете гради вероватно е ok како количина за 1месечно бебе
Супер ти е таа количина, ако по некоја причина за решиш да и го даваш одлично е. Јас толку давав, околу 80 мл. Јасна дури ми рече дека и мн било, 60 мл било доволно. Го давав исклучиво навечер зошто исто како твоето мн помалку цицаше, си заспиваше. Ама давав една недела, 10тина дена така нешто
@Baby warrior @MariaBouli Aпсолутно е тоа дека не може се по книга ,јас искоментирав највеќе заради препораката од 3 часа. Ме изненади до сеа со кој и педијатар или семеен да сум зборела за доени викаат кога сака колку сака и да не е повеќе од 2.5 часа ,големото беше со жолтица и ми викаа на 2 часа максимум да ја будам како знам. Инаку што сум приметила со неа исто е дека некогаш стагнира во килажа додава во должина /висина. И тоа е нормално. Бејби сигурно и на алиштенца се приметува еве мојава 56 ки те ги одрасна. Кога ќе се истегне не ја собираат (добро на долги е и затоа приметувам ти на кратки мислам ти беше и повеќе може да ги носи (знам за ќотек сум ама со мм не можам да се разберам како некоја баба е станат) )
Мојава и по саат седеше на цице првиот месец ипол буквално ми спиеше на цице но не и мерев и не ја тргав. Имаше жолтица и ептен беше поспана а после си бараше утеха. Се жалев и тука нс форумов особено во првиот скок нејкеше да се тргне од цице, па ме охрабрија неколку членки дека е нормално и ќе се се смени и еве ја сеа 3 месеци и цица по 7-12 минути и спремна е друго да прави не се ни успива на цице. Некогаш цица на 3 (скоро никогаш),некогаш на саат ипол ама сама си диктира темпо и супер напредува дури и многу повеќе од што треба. Така да како што ти кажаа и другите не мери саати остај ја сама да диктира темпо, ти само нуди порано ако ептен се заборави или успие она
Таман работа, така си е. Ама ете јас ја нудев на 2 саати и освен таа неделата кога утнав работи и другите недели не качуваше како што зборат по 25-30 грама на ден. Затоа сакав да и споделам на @Baby warrior да не се секира, се додека качува и ако се друго е океј, супер си е бебето