Вчера ја мереа на вакцини, за машала ама кичмата веќе ми ја крши шпагетава на мама: 6м + 1недела: 74цм, 8800гр.
Еве апдејт денешен Месец и 3 дена 4010гр За две последни недели качено 460гр педијатар вика сосема ок, продолжуваме јако со доење екслузивно на 2 саати или по желба на бебе до наредна недела
Родилна тежина 2.460 48 см Исписна 2.370 1 месец 3.670 2 месец 4.570 3 месец 5.100 4 месец 5.550 и 61см Не напредува доволно после 2 месец веќе,денес бев на контрола да се консултирам за ова и ми рекоја да почнам со храна,почнав со јаболче ама го плука не сака,адаптирано пробано не сака,незнам што да правам.Ќе продолжам секако со вкусови,ама ако одбива што ќе правам. Само на доење сме.
Не викам дека правиш нешто погрешно, баш напротив, сакам да ти кажам дека сметам дека се е океј. Мојата исто напреднува, после 3 месеци нормално е и помалце да напреднува. Се додека бебето е здраво, активно, весело, нормално мора да биде и кенкаво дај боже некако да можеше да не биде хахах се е океј. Исто напреднавме после 3 месец, а сме скоро цело кило поголеми од вас родени еве моментално на 5ипол месеци има 6.200 а е родена 3.250. Досега не ми препорачале да почнам со храна толку рано, јас дури и чекам 6 месеци зошто сакам блв и докторката ми рече Нема проблем
Нема рефлукс,цица кога сака и колку сака не гледам сат,навечер си спие убаво со 2 станувања за цицање е и си продолжува,преку ден си спие,ама кога е буден само вика не плаче вика.
Да знам дека не креваат во килажа после 3 месец,ама еве за една недела ни 10 гр нема кренато.А вака полни пелени мочани се,се кака на 5 дена и тоа кога кака е убава жолта.Второ ми е и првото не качуваше многу ама качуваше,со неа почнав на 6 м со храна и немав никаков проблем.Ама таа се роди поголема 1 кг од него. Дали извишува па не става на килажа незнам.
Го ставам стално кога вика ама кога е најаден не сака ни да ја фати. Не се грчи,предходно кога имаше грчеви се познаваше,веќе нема,единствено заби да вади по што рацете и двете ги пика во уста нервозно.
Гледам дека си спомнала дека вика, дали тоа е цело време или скоро се случува? Зошто во 4 месец е и 4 скок, најстрашниот нели?
Од кога го вакцинирав на 2 месеци и 3 недели вака прави,прва доза на рота ни се вратија грчевите и од тогаш не е престанат.Како 3 и 4 скок да ни се спојани буквално. Кога вика се тегне од раце не сака ништо ни да цица,ни во раце,ни количка,а па легнат никако. Има нормално периоди се смее,гуга еве неколку дена по 15 мин на игрална се заигурава,инаку се превртува од грб на стомак,прати играчи,ги става во уста,ама кога не може убаво одма почнува со викање.
Мојата се роди 3470 По испис од болница 2980 Висина 50 Ме плаши зопто толку му се намали таму тежината
И мојата се еоди 3490 испис 3270 / до 10% намалување се смета за нормално ми рече педијатарот последен ден пред да не пуштат дома
Знаеш дека бебево ми остана на тие 9кг до 12м Само во висина оди, се истенчи манекенка на мама А јаде 3х каши фул, уште цица (и ноќе), ужинки има.. ама метаболизмот како мене, кака 3-5 пати. Не сум ја мерела кај матичната ама дома на вага вчера седната беше 9.8 Баш утре ќе ја однесам на една контрола, за 13дена прави 1г