Сигурна ли си за бројкиве? Не е можно за 2 месеци да напреднала само 200-300 грама на таа возраст. Викаш на 2 месеци 5200-300 била, а сега на 4 месеци 5500.
да да рече и докторката дека ставила само 250 гр . рече да и давам барем по едно шише дохрана или кашички да почнам. а патронажната ми рече на сабајле кога ќе станам пред да цица да се одмолзам па да и дадам да цица за да стимулирам лактација. а добив менструација баш после 2 иот месец можеби заради тоа ми се намалила лактацијата убаво си напредуваше градите ми беа полни а сега го осеќам празни се. додека да надојде млеко се нервира бебе. влече на празно. а инаку не ми плаче мирна е весела е .
За доење искрено не сум стручна да ти дадам совет, моето на ад е и немам познавање. Еве @Feniksgirl може знае повеќе. Ама од тоа што знам, 250 грама за 2 месеци е многу малце.
Уффф, премалку е. И за месец е малку не па за два. Да не снемуваш млеко? Јас сум да пробаш почесто на града и евентуално ад да даваш плус. Со вкусови мислам нема потреба. Пробај измолзи се да видиш колку ќе извадиш. Да не не фаќа бебе убаво?
Мојата се роди 3140гр, сега гледам сум пишала на 4 месеци само со доење 6600гр била. Она горе доле по 800гр до кило ставаше месечно. За дохрана мислам ти е рано, или почесто да цица да стимулираш или Ад сепак воведи. Сите различно напредуваат ама некако малку е кај твоето за толкав период.
да на иста вага. Си ги осеќам градите како намалено да е млекото. и кога цица едвај иде како последни залихи да се. а не ми плачела дека е гладна тоа ме чуди ќе си се нацица и си лежи мирна е.
Истиот проблем го имаме и ние,се роди 2460 на 4+ беше 5550 и не оди ни нагоре ни надолу,само кај мене 2 пати беше болен и 2 пати вакцина јас го должам на тоа. Матичната и на вакцинален пукнт ми рекоја да почнам со храна,бидејки адаптирано не прифаќа.Јас почнав со пробување на влусови далеку сме од оброк,а и еве два дена пак е со температура 39 и деновиве не давам ништо.А и кај мене уште има повремено грчеви,посебно кога е болен.
јас и дадов денеска 120 мл хип 90 мл испи еве после три саати убаво цица голта. се наполниле градите . Се надевам ќе се среди лактацијата.
Кога ќе даваш АД во истиот момент обавезно и стимулација на градите, дали бебе ќе го ставиш претходно да цица, или пак со пумпа, ама обавезно ќе мораш И пиј лактамикс и лактил, боза, безалкохолни пиво...
Родилна: 3300гр 52цм Испис: 3320гр 1м: 4640гр 2м: 5700гр 3м: 6315гр 62цм Само на доење е, докторката рече таман е килажата, нормално да не става веќе како првите два месеци. Туку, како да си ги најдам мислењата во оваа тема од ноември/декември 2019год? Тогаш запишував и за големиот, па сакам да си направам споредба. Може ли некоја да ми помогне плус?