Родилна тежина 3950гр - 51цм Испис 3700гр 19.08.2025: 4700гр 04.09.2025: 5190гр 17.09.2025: 5450гр 29.09.2025: 5800гр 22.10.2025: 6300гр 62цм Ќе ја мериме за некој ден. Како напредува? На АД е и докторката цело време ме потпрашува дали е весела,дали плаче. Ми рече дека како за АД малку напредува. Бебе е многу пргаво и весело,не плаче,дури и грчеви немаше( или не ги осетивме).
Па и јас тоа викам . Дури ми рече и на 2 недели да ја носам на мерење. Јас не се паничев зш второ ми е. Ама пак сакав да слушнам и ваше искуство..
Дадата Родилна: 2880 гр. 46цм Испис: 2750гр. 1 месец: 4000 гр. 54цм 2++: 5650гр. 61цм 4 месеци: 6800гр. 65 цм 5++: 7300гр. 69цм 6++: 7600гр. 72цм
Мојата на 8 месеци ја има оваа килажа. Ние сме родилна 3040гр. На полни 8 месеци ја измерија и беше 6250гр. Извесен период бевме загрижени баш околу ова пошо ептен минимално качуваше дури ја носевме на различни мислења и сите беа со ист став дека едноставно такво си е детето, многу троши пошо е преактивна, а има и брз метаболизам капак на се. Дур бевме само на млеко какаше еднаш дневно. Сега со цврста храна после секој оброк.
Лелеле вчера и јас го мерев малиот 6.800 а 8.5 м ме фати страв многу мала килажа,сакам да го носам на второ мислење некаде. Дали сега има качено на килажа?
Не би знаела. Толку е и мојава некаде колку вас возраст. Мислам дека доколку си постигнува развојни одредници и има океј крвна слика не знам зошто би имало причина за грижа. Мојава не застанува ни секунда, само шпарта од соба во соба.
За развој е супер лази се исправа,оди по гарнитура,не можеш да го запреш. Крвна слика супер,има два оброка си ги јаде.
Родилна 2040г 43цм, ја испуштија со 2250г 1 месец 2750 г 2 месец 3670 г 2 месеци и 14 дена 4300г 56цм 3 месеци и 20 дена 5900г, 60 цм 4 месеци и 22 дена 6700г 63.5 цм 5 месеци и 13 дена 7500г 64.5 цм 6 месеци и 7 дена 8200г 68 цм 7 месеци и 11 дена 8620 г 71 цм
Родилна тежина 3490гр /48цм Испис од болница 3270гр 1 недела по испис 3460гр 2недели по испис 3550гр 3 недели и 3 дена 3730гр 1месец 4060гр 1месец и 2недели 4230гр /53cm 2месеци и 2недели 5460гр /56cm 4месеци и 2 недели 7000гр / 60cm 5месеци 7350гр
Напредната е 600грама за еден месец. Мислев дека ќе ме прати на клиника ама за чудо не. Ме прашуваше дали е пргава и ми рече дека многу троши затоа што е пожива. И секако рече да почнеме со вкусови.
Каква клиника син ми после 4 месеци по 200 грама напредуваше. Ако качуваат секој месец по кило 20 кила ќе направат до 1 година. Првите месеци ептен скокаат во килажа, после послабо. Твојава е и топ
Супер е напредокот. Исто скроз Истоо и моето се роди само ние 3850 испаднавме од болница на 1 месец беше 4940. Последно мерење ни беше на 22.11 беше 7300.
Еве и јас подетално Родилна 3950г 51цм На испис 3850 Прво мерење од кога не пуштија 06.08 4090г 15.08 4540 26.08 4940 10.10 6400 58цм 11.11 7050 61цм Последно мерење на вакцина 20.11 7300 63цм
Моево како што е тргнато голема е веројатноста да биде 20кг на година. Многу е стрвен се надевам со кашички кога ќе почнеме малку ќе забави со раст. Верувам дека сега после 10 дена од последно мерење е 7500кг, ме советуваа со храна да почнам на 5.5месеци ама ја би сакала и порано