Родилна: 3670, 50 цм Испис: 3480 гр, 50 цм 9 дена: 3680 гр, 50 цм 19 дена: 4100 гр, 51 цм 40 дена: 5030 гр, 54 цм 2 месеци и 12 дена: 6070 гр, 59 цм 3 месеци и 12 дена: 6800 гр, 64 цм 4 месеци: 7300 гр 4 месеци и 12 дена: 7850 гр, 66 цм 5 месеци и 12 дена: 8080 гр, 68 цм 6 месеци и 24 дена: 9200 го мереа со алишта и празна пелена, околу 9 кг е, 70 цм долг 9 месеци и 2 дена: околу 9800, 73 цм.
650 г за 25-6 дена океј ли е според вас? На доење сме само веќе месец дена отприлика, 2 месеца и 5 дена сме.
Vo prvite 3 meseci treba da kacuvaat vo prosek 20 do 30 grama dnevno taka da ok ste stom kacuvate 25 do 26 grama dnevno
Фала, мајка. 26г на ден по моја пресметка. Не знам зошто на докторката и' се чинеше малку, вели на долна граница е ептен, дури испод како што ја разбрав. Сакав да знам како други мајки биле советувани во слични ситуации оти имам впечаток дека сите по различни стандарди и просеци се водат. Еве ја во спојлер кривата на раст. Спојлер
Дали некоја мајка може да ме посоветува кој педијатар, приватно или државно небитно, да консултирам за бебе кое со месеци не напредува во тежина и минимално во висина. На 10 месеци има 7.3 кг. Матичната уште не смета дека имаме проблем, иако детето е родено 3100, и од петти месец качуваше по 10-50г на месец, а последните 3 месеци воопшто нема качено. Првите месеци имаше одличен напредок.
Мојата ќерка се роди 3250, ќе те излажам колку точно имаше на 10 месеци, ама тука негде беше затоа што знам дека на годинката имаше околу 8 кг. Моментално на 19 има 10тина кг. Никогаш не напредуваше премногу. Ама си се развива најнормално во секој друг поглед, едноставно е послабичка. Ако бебето е живо, здраво, активно, се развива како што треба, има добра крвна слика, мислам дека нема потреба за многу паника. Секако консултирај се со уште еден педијатар ако сакаш, но чисто сакам да споделам
Од лично искуство, син ми има 3 ипол години и 13кг. Не се знае на колку лекари сме го однеле за да видиме зашо е толку слаб и не качува килажа. Сите викаат такво си е детето пошо генерално си е добар само е поситен од неговите врсници. Единствено шо откривме од сите испитувања е дека има паразит што моментално го лечиме па да видиме да не е од тоа килажава ама се друго е океј. Се роди 3кг а на годината беше 8кг. Ние сме го носеле и во Систина и на државна на имунологија и на гастро и на ендокринолог, немам некоја препорака за доктор ама ако ви е шубе и сакате да се консултирате со некој пробајте во овие три области.