Денеска го меревме син ми и излезе дека за една недела само 50гр е додал. Но за еден месец вкупно излегува 750гр дека е качил. Патронжната сестра ми рече да го подранувам плус, бидејќи било малку за една недела 50 гр. Незнам веќе што да мислам.. Незнам воопшто дали го измери добро, бидејќи ножињата од коленцата надолу беа надвор од вагата. Инаку до сега цицаме и по еднаш во денот му давам по 40-50мл АД, што мислам дека за џабе му го давам, скоро цело го повраќа.
Како бе ноџињата му биле надвор од вагата? дефинитивно не го измерила убаво. првенствено што први 3 месеци се очекува над 1кг да качува.
Јас лично и со 700-800 сум задоволна за еден месец. Не мора да накачува по 1кг или повеќе само да е здрав, но еве патронажната ме загрижи, и затоа незнам што да правам, страв ми е да не го одбијам од доењето.
Кој ве учи дека мора 1 кг да качува? М? Се што е над 650 гр. е нормално, барем јас така знам Мојава што качува во просек од 600 до 800 грама што да и правам? Да земам харакири да си извршам? Битно е да е весело и здраво детето, другото и не е толку важно.
И јас знам дека се што е над 600 700 гр.месечно го сметаат,за добро напредување кај бебето и од други сум слушала и педијатарот ми кажал,така да не брзај со Ад да не си го изгубиш млекото нормално дека има разлика од бебе до бебе,некои качуваат толку други 1 кг. и има бебиња и над 1 кг.мислам дека убаво си растете wtff
Е и јас да се измерам од колената нагоре ќе ја имам саканата килажа Мајка сигурно не е добро измерено бебето, остај ги патронажните. Уште едно мерење направете ама убаво па муабет со доктор.
Син ми денес го мереја и за еден месец качил саааааамо 70 гр. лелеле ке се онесвестев .Минатито пат за 10 дена 300 гр. сеа за цел месец ништо , се насекирав,лекарката го зголеми млекото ,ама луге бе не пие ,ете го бутав цел ден ми поврати сеа ,има ли некој искуство со толку некачување на килажа .крвта ја проверивме бонбона е ,се е ок ,детето е здраво, се тешам оти не качил оти беше една недела болен.Инаку весело е , си кака по три пати на ден Ч))) тоа ме теши дека е здраво -супер крв , весел и кака а оти толку малце ми качииии
Ами ние минатиот месец исто малку качивме, а мојов само за цицка е врзан. Ништо друго не сака да чуе ни види. Исто цицаше количински, крвта супер, ама ете помалку качи. Следниот месец добро продолживме.
Денес бевме на педијатаρ ρедовна κонтρола за здρаво дете, не меρеа висина и тежина, на 2 месеци сме 5940 и 60см сме долги за машала сме
И ние бевме денес на педијатар и на мерење, на 7 недели и 3 дена тежи 5180гр и 57цм. Добро си напредува малиот
4 месеци- 6490 гр, и 65 см долги, растемеее[/quote] 6 месеци- 7400 гр и 70 см, презадоволна за екаклузивно доено бебе [/quote] 7 месеци и некој ден- 8000 кг, мнооогу аум задоволна ( нели помалку качуваат во овие месеци а ние дури 600 гр.) Должина не меревме.[/QUOTE] Осум месеци и една недела 8400 гр. Др.рече супер е напредокот.
6 месеци- 7400 гр и 70 см, презадоволна за екаклузивно доено бебе [/quote] 7 месеци и некој ден- 8000 кг, мнооогу аум задоволна ( нели помалку качуваат во овие месеци а ние дури 600 гр.) Должина не меревме.[/QUOTE] Осум месеци и една недела 8400 гр. Др.рече супер е напредокот.[/QUOTE] Немаш ни вода ни чај дадено ?Ич? Браво
Ич ништо до 5.5 месеци. После почнавме по лажичка две кашички ама цел оброк дури на 6.5 заменивме. Вода и сега не пие, ама затоа цица а и долга е, на 6 месеци 70 см
Тежина: Родилна тежина: 3.550 гр Излеговме од болница: 3.400 гр 1 месец и 1 недела: 4.140 гр Два месеци: 4.900 гр Три месеци: 5.900 гр Четири ипол месеци: 6.500 гр Пет месеци: 6740 гр. (Почнуваме со цврста храна) Шест месеци: 7430 гр. (Ја дуплиравме родилната тежина) Седум месеци: 8050 гр Висина: Роден: 51 см 1 месец и 1 недела: 55,5 см Три месеци: 61 см Четири ипол месеци: 64,5 см Шест месеци: 67.5 см ___________________________________________________________ Осум месеци: 8.900 гр. Стигнеме ли на лекар син ми ја пушта сирената! Абе заоѓа од плачење.. Не знам што дете ќе беше.. Повторно едвај измеривме тежина, а должина мерење некој друг месец кога ќе реши да престане да плаче.. БИТНО, ОДЛИЧНО напредуваме! Бебе супер, мама најсупер!
Зависи колку е родена но ја би рекла одлично е. Мојата се роди 2950 на 8 недели беше 5100 и ми рекоа дека е супер.