Јас не може повеќе да се согласувам со тебе но навистина не сум паметна што да правам навечер. Преку ден е очигледно дека јаде поретко но со ноќниве плачења не знам што да правам. Она дури и не отвара очи само се вртка лево десно бара да стави нешто во уста и така се замолчува. И јас радо би спиела цела вечер ама не знам како да го изведам тоа. Јас не се секирам дека е гладна пошто знам дека не е ама стварно не сум паметна што да направам. А не сум од оние што викаат ако е буцко бебе е, се согласувам дека и кај нив треба да се има мерка.
Се жалев по темиве, не сака да чуе. Пробав од сите видови лажливки цуцли ама моево дете изглеа инаетчиче од мало!
Божица пробај со чајчиња навечер. Тие најмалку штета ќе и направат на малечката. Ќе плаче 3-4-5 па и 6 ноќи, ама на крај ќе се навикне. Тоа ќе значи непроспиени ноќи за тебе и сопругот, ама мислам дека е исплатливо. После тоа ќе почне да си јаде нормално преку ден, а навечер помалку да се буди.
Биди упорна со лашливките. Ама баш упорна.Постојано и ја буткај цуцлата во уста. Ќе ја засака еден ден
Се родивме 3350 тежина и 50 см, од болница излеговме со 3170, на два месеци и четири дена имавме 5430 тежина и 58 см. Мислам дека до 6 месеци треба да е дуплирана тежината, а на година да е 3 пати повеке од родилната.
Денес бевме на контрола на малата се роди со 3430 гр а од болница излееговме 3170 Денес месец и една недела бебето е тешко 4420 гр . И сме само на мајЧино млеко
1 год.има 78цм и 12,600гр дали тоа е многу за неа.ми кажаа дека е над нормалата за година дена а се роди 4.240гр
ја меревме керками на полни два месеца и тешка беше 4970 гр. од последното мерење пред 3 недели имаше 600 грама каЧено ..
Ние сега имаме годинка и два месеци и тежиме приближно 9 кг. Ситничка ми е, а вака има за штипење Малку се 9? Ај кажете ми вашите?
Не се малку 9кг. ама зависи и колку е родена. Син ми на годината имаше 8600г (требаше да има мин. 8300 - родилната тежина се триплира на година), а сега на 10 дена пред полни 15 месеци има 9500г. Нецел кг е поправен за два и пол месеци, што лично сметам дека не е малку со оглед на тоа дека е многу активен, неуморен и да го оставиш, цел ден ќе трча наваму натаму, ќе заборави да јаде. Најважно е детето да не слабее, да биде здраво и нормално да се развива. Тежината е само показател за тоа дали убаво напредува или не, и обично повеќе се следи до година, кога и растот и развојот се најинтензивни.
Јас мислам дека е таман. Инаку правилото вели дека на година треба да се триплира родилната тежина. Плус многу пологично ми е едно бебче да тежи 9 килограми на година, отколку, како вчера што видов кога бевме на вакцина, бебе од 8,5 месеци со скоро 10 кила. Не знаете колку беше дебелко... Мислам дека тоа не е нешто за гордеење... Инаку, мојата ќеркичка има скоро 6,5 месеци, тежи 6700гр и има 67цм висина. Се роди 2600гр и 48цм должина. Има убав апетит засега пу пу, но е и премногу активно бебе.
Одлично. Според родилната тежина, значи треба да има најмалку барем 8580г. А и многу е немирна, нон стоп само движи, 2 сек не седи мирна. .Нека е здрава и жива, тежината ќе се менува и понатаму
Брат ми на 2 години и неполн месец колку што има сега тежи околу 13 кг. +/- мање битно. Имаме братучетка 3 год. и 3 месеци која тежи исто 13 кг. А, брат ми се роди 1800 гр и плус предвреме. Многу е активен, постојано трча, а сега па и од жешкото и не јаде многу. Јас мислам дека е таман. Не е многу висок, ама набиен е, буцко.
ја меревме керками во петокот и беше тешка 5540 грама, тоа значи за 4 недели има качено само 570 грама . ја прашавме бабицата рече дека супер си напредува и дека е таман тежината . некако се сум во мисла дека не качила многу за рок од 4 недели дека е малце ама гледајки го детето Си цица. си спие навечер се буди на 5 часа за цицање да е гладна не би спиела толку Имаме преглед тек за 2 недели па ке видиме што ке рече педијатарот
Колку направи малата? Инаку, во првите три месеци оптимално покачување на тежината е 600-800 гр месечно, а после тоа ќе качува помалку. Важно е до петтиот месец да ја дуплира родилната тежина, а на годинка да ја триплира. Во секој случај, ако убаво цица, не плаче, не е кенкава, не бара уште да јаде, значи доволно и' е. Важно е убаво да се развива и да биде здравa.
Па наполни 3 месеци вчера . Има качено 570 грама за отпрлика месец дена . ама детето задоволно си е , активно , си спие .....
Мајки не се врзувајте стрикно за тие 600 или 800 грама затоа што вашите бебенца може еден месец да качат 500 ,а следниот 800 грама. Сепак тие вредности се дадени како некој репер одприлика колку би требало,што не мора да биде закон. Од искуство знам дека гладно дете не спие ни 5минути,а камо ли 3 саати .Истото важи и доколку има некој проблем како грчеви или нешто друго.Сега во летниов период мора да се земе во предвид и тоа дека заради топлината бебињата се потат и дел од она што би требало да го качуваат како тежина се губи во потењето.Доколку бебето е мирно и нормално цица/јаде и спие се е во ред