moeto bebence se rodi 3.400 a sega na 3 meseci ima 7.200 sto mislam deka super si napreduva barem taka mi veli pedijatarot...
Денеска после една недела од последното мерење моето бебуле има каченоо 300 грама Сега е 5830 грама. Баш ме изненади зашто за само месец имаше качено 600 грама , а сега 300 гр за недела дена . Си напредува
Моето малечко се роди со 3500гр и 50цм, од болница излеговме со 3330гр. На еден месец бевме 4500гр и 55цм, а на 2 месеци 5500гр и 58цм. Само на мајчино млеко е.
вау, браво! и моето се роди отприлика толку ама на 2 месеца имаше само 4,300. Не изгледа слабичко, добро напредува, само килажава послабо ја качува
моето синче се роди со 3030 и сега на три месеци има 6 кила.и 59 сантиметри.јас мислам дека е супер.ако оди вака до годината ќе има повеќе од 12 кг.
Мојата ќерка има 8 месеци и скоро две недели. Моментално тежи околу 8100гр а висока не знам колку е, ама сигурно е 75цм минимум. Ептен активно бебе е, има супер апетит пу пу, и задоволна сум како напредуваме. Родена е во 37ма недела 2610гр. Инаку не очекувајте дека вашето бебе секој месец ќе напредува исто. Ние имаме месец во кој напреднавме 1800гр и месец во кој сме качиле само 400гр. Нека се живи и здрави и нека имаат апетит. Останатото само по себе си доаѓа.
Тазе мерки денес од сиситематски 11кг, 71см за повеќе од два месеци сме се поравиле само 1кг па не не караа иако и сега сме малку потешки од што треба.
Еве не и нас од систематски преглед - за 2 дена влегуваме во 7 месец, тешки сме 8.970 кг., а долги 73 см.
Ние сме 8600гр и 74цм долги. Ова од денес тазе Да ве прашам девојки, денес ме збунија ме прашаа дали на секои три месеци сме правеле крвна слика на малата?! На секои три месеци?? Како прво навистина ниту матичната не ми споменуваше на контролите, ниту докторката кога одевме на вакцина. Како второ, нели е тоа премногу?! Мислам дека ама навистина се претерува кај нас, кај толку вакцини, па и крв од вена, па стресови им се тоа. Претерано. Инаку крвна слика правевме кога имавме месец, кога е родена, и сега еве по редовно како ни закажаа отидовме. Утре ќе и земаат. Како правевте вие??