Син ми почна почетокот на четврти од грбче на меше и јас се изненадив кога прв пат се преврте среќа беше на земја, а му треваше уште недела - две за да може дљ се обрќа и од меше на грбче. Мајки секое дете си е индивидуално, никогаш не гожи споредувајте со други кога ќе и дојде време сами ќе почнат.
5 месеци денес - 8150 со 69цм. @mariz - Ехееее, додека да прооди детето, има да се истенчи Што те гледам чудна, забра гајле, а бебчо 1 месец...оди уживај со него, нека дробат другите
Уживај си и свиркај си и не слушај никого, гледај на бебуш да му е добро а за другите ич не им се секирај. Второто синче мое се роди 4585 а прооде пред година да направи, нема врска тежината со проодувањето. На седум месеци малава сега ја дуплираше родилната тежина 7200 а висина 70 см, исто како дечките испод нормала со тежина а над нормала со висината, ќе бие манекенка на мама таа.
Тоа е важно, нас хемоглобинот на 3 месеци 93... многу низок и со ферум лек сируп сме секој ден, сега е добар 114.
Се срамам да пишам во темава, ама тоа е МИнатиов месец не само што не напредувал, туку изгубил 30 гр, сега тежи 8270. Висината му е иста. Се распаметив. Од утре комплетно му воведувам нов начин и темпо на исхрана.
На АД е од сам почеток. Месецов слабо јадеше, вадеше запчиња, освен тоа имаше многу голема промена. Бевме во Скопје на 2 недели, пред неколку дена се вративме. Тешко ја поднесе климата во Скопје, не престана да се поти постојано, не јадеше уште толку. Претпоставувам дека низ некој температурен шок помина (овде уште е околу 14-15 степени). За цело време си е весел и си игра, нормално му е однесувањето, освен нервозата што го фаќа од запчињата. Ќе му воведам трет оброк, размислував баш деновиве да чекам до 9 месеци, изгледа ќе морам да побрзам Добив препорака и од матичната за повеќе цврста храна, за уште еден оброк. Инаку, јадеше до сега на секои 2 или 3 часа, ноќе еднаш пие млекце секоја вечер. Околу пладне му давав овошни кашички, попладне зеленчук.
Да, може и од промената е, но не верувам дека причината е што нема трет оброк. Како и да е, воведи вечера, но сметам дека не треба да му намалуваш од млекото што го пие дневно. А откако ќе станете сабајле има едно млеко па дури после тоа е појадокот на пладне? Зашто најдобро би било појадок да даваш саат-саат и пол после млекото. На пример ние ако станеме во 7 прво цицаме, доручкуваме околу 9 и пол, па спие, и веќе околу пладне цица пак. И тоа јас можам и да и скратам, но вие бидејќи сте помали ви треба почесто млеко. И важно е и што даваш во оброците, гледај да е нешто покалорично. Не му се секирај, децата на периоди менуваат табиет, ќе бидете ок
И ние теρаме κаκо @Kitten. Ρанобудни сме(7ч) и се доиме оκолу 8-8.30 и после ни е доρучеκот саат-саат и пол поκасно. И јас веρувам деκа му се има собρано и заб и пρомена на κлима,но аκо немате пρовеρено κρвна слиκа,не би била на одмет,видете хемоглобинот κаκо е,виκаат од низоκ хемоглобин се губи апетит. Ајде имаат пеρиоди на нејадење,ќе ви мине,само без неρвози.
@Kitten , да, прво пие млекце околу 09:00, па во 11:00 овошен оброк, па во 12:30 пак млекце. Абе до пред месец и пол по цели оброци по 150гр минимум си ги јадеше ко од шала, од кога почнаа да се редат запчињата се проблемиве. Башка, сега му е периодот кога додатно се друго освен јадење го интересира, на пример многу е поинтересно да се испитува плафонот горе додека е на хранилка @LaDyDoLl , знам дека му е се собрано, искрено не очекував дека воопшто не пораснал, и дамла ме удри кога ја видов вагата, ама знам дека ќе се среди се. Ќе го следам деновиве од кога ќе излезе запчето како ќе биде со апетитот, веќе договорив во среда да го носиме на вонредно мерење чисто да видам како оди. Ако така продолжи, ќе го носам да го боцнат. Спојлер Мене мајка ми ми е најголемиот проблем и непотребен извор на нервоза, малиот не напредувал зашто во зеленчукот не сум му ставала сол, ако сум му ставела само малку ќе ја изедел и ќе напредувал После ова следеше уште еден коментар така, доста не на место, да се изразам културно, и се истурив тука, кажав се што мислам и што ми лежи на душа. Нема спас