И нас никој не ни кажуваше дека е потребно да се прави крвна слика. На шест месеци ја направивме првата крвна слика по моја иницијатива нели е добро да се следи здравјето преку крвната слика. После крвна слика направивме на година ,па на година и пол и така.
girl1985 искрено незнам зошто им е потребно на секои 3 месеци крвна слика... претеруваат стварно Јас на моето бебе крв му земаа еднаш само кога се роди и на сите контроли или вакцини не ни земале крв А за мало бебе па мислам кај самата вакцина е стрес ,не па вадење крв од вена Мислам стварно нема смисла Еве ние денес бевме пак на вакцина ... последна за оваа година , и дури кога ке наполни годинка ке прима повторно
Мерките се од 17 септ. 6800 гр. и 55 см., инаку само цица, не го дохранувам. Следната контрола и вакцина се на 29. окт.
Овој месец многу малку сме напреднале. Само 500г . Месецов многу му се намали апетитот, а не знам зошто . Буцко има 4 месеци и 7 дена, а е тежок 7100гр. Во должина не знам, заборавивме да се мериме.
Roze, не знам колку ви е родилната тежина, но на 4 месеци со тежина од 7100 грама вие сте одлични. Не знам што е тоа што те оптеретило?! Инаку, не очекувај дека секој месец ќе се напредува по 1 кило. Ако е така размисли на една година колку би тежеле бебињата??! И најмногу се поправаат првите месец два три, потоа помалку.
Се роди 3500 точно. Мене не ме загрижува моменталната тежина, туку тоа што драстично му се намали апетитот. И после 4 саати ако сама го понудам да јаде, не сака, а кога ќе посака сам каснува многу малку . Ме загрижува како ќе биде понатаму
^ Ти плаче, раздразлив ли е? Ако не (а и верувам дека не е ) тогаш „проблемот“ е само до мама, која се напнува за бројот на поминати часови меѓу подоите Опушти се, верувај, тоа знае ПОВЕЌЕ ОД НАС кога и колку сака. И ние не јадиме секој ден исто, нели?
Иначе и јас многу многу се замарав со тоа колку месечно ке качи на килажа иако не е многу битно , битното е детето да си напредува добро , да е најадено ... да не плаче да си е задоволно RozeSk твоето бебче на 4 месеци со 7100 гр мислам дека си е одлично моето сега дека јаде и повеке кашички , помалце млекце пие и ако ја понудам со млеко не го пие ... а како и би го пиела кога пред еден час изела кашичка од 130 гр
РозеСк, моето бебе се роди 4 кг. вчера наполни 5 месеци и е 8,5 кг. Последниот месец накачи најмалку откако се роди, доби некој стомачен вирус и напредна многу малку, ама не се грижам бидејќи килажата му е во ред спрема возраста, важно е да не плаче, да е ведро и да си спие редовно. Е сега може да не сака да цица од вкусот на млекото. Имам читано дека доколку мајката јаде храна многу зачинета или лук, кромид и нешто слично, тогаш бебето може да одбива да цица или има фатено сор во уста па го боли.
на последната контрола на 5месеци и 2недели бевме 7.800. а за еден месец имаме клаено само 340г. докторката ништо не рече ама мислам дека е малку за еден месец......... ај нека пиши некој каково искуство имате...
Не е малку, супер е. Првите три месеци треба да качува повеќе, а после веќе не толку. Најважно е на пет месеци да ја има дуплирано родилната тежина, а триплирано на годинката. Макар што и ова не е правило, особено кај деца кои имаат голема родилна тежина (над 4кг).
Најнови мерки 11 месеци -8кг.и 70цм. До 1 година ни недостигаат уште 100гр, за да ја исполниме нормата
Мамички кои имате бебушчиња од 4 месеци или поголемки, може ли да ми кажете колкава била нивната тежина на 3 ипол месеци, моево има 3 ипол месеци и е тешко 6 кг и 200 гр. Дали е тоа доволно за таа возраст, страв ми е да не ми е слабо млекото па тоа да заостанува во тежина, или пак е нормална оваа тежина