нема слабо или јако млеко или имас млеко или немаш инаку за тежината нз зин ми е 2 месеци и е 6 кг а се зависи од детето колку се родило и како напреднува мене син ми првата недела само 100 гр бесе покачил а наредната недела веке беше 600 гр покачен значи зависи од детето не му се плаши позз
прво и основно колу се родило бебето на тежина не може бебе од 2 и 4 кила да имаат исто 6 кила на 3месеци рачунај некои бебиња ставаат 1 кило месечно некои 1,200 гр некои 1,500 гр анекои само 600-800 гр се зав иси од детето углавном нормално е дневно од 30-40 грама
Еве моето бебенце има 4.5 месеци пред една недела го меревме и има 7500гр се роди со 4500 и др рече дека супер си напредува ако месечно става од 600гр па нагоре е добро ,и да не се залажуваме дека подебело бебе е поздраво бебе ,ако бебето си е весело не го боли меше има добра столица нема потреба да се замараме од тоа колку гр качило.
остај тебе што ти е страв на сите ни било, педијатарот што ти има речено??? ако ти рекол дека е доволно нема за што да се секираш..
се сеќавам дека педијатарот ми има кажано дека бебето треба на 6 месеци да ја дуплира својата тежина. значи ако бебето ти е со родилна тежина од 3300, на 6 месеци би требало да има околу 6600гр. А твоето на 3.5 месеци ја има оваа тежина. Значи месечно напредува со по едно кило, што е супер. Ќерка ми првите 3 месеци напредуваше по 1 кг. месечно, а веќе од четвртиот месец по 400-500 г. - што пак беше во рамки на нормалата. Се роди со 3220гр., а на една година имаше 9660гр. - точно до грам колку што треба да биде на една година.
Само една исправка - родилната тежина се дуплира на 5 месеци, не на 6. На годинка се триплира. Син ми се роди 2760г, на 6 месеци имаше 6950г, а на годинка 8600г. KiT, напредувањето зависи од тоа колкава е родилната тежина, со кој интензитет детето напредува, дали мајката има млеко (нема слабо или јако млеко, или имаш, или немаш), ама и фактот дали повеќе напредува во висина или во тежина. Некои деца повеќе одат во висина, а други во тежина. На пример, син ми во првите три месеци повеќе одеше во висина (должина), а во тежина до кај 700г месечно. После почна да накачува во тежина пропорционално со должина. Не се секирај, најважно е да е здраво. Ако немаш млеко, детето ќе плаче и нема да напредува убаво. Твоето како што гледам, супер е
нема правило за тоа колку детето треба да качува на килажа кај секого е различно зависи колку се родило и како напредува...син ми на 3 месеци имаше 7 200...а сега на 9 месеци има 11 кг
Најнови мерки 8500гр. тежина 66 см. должина Инаку има 5 и пол месеци, а роден е 3680 гр. За месец и пол само 300 гр. се поправил. И нас д-рката ни кажа дека добро напредува, ама минатиот и предминатиот месец качувал по 700 гр., а сега само 300гр. Одговорот на Анатх и на д-рката малку ме утешија, се надевам дека малиов добро напредува, иако мислам дека малку се поправил најверојатно затоа што беше болен. Еве почнавме и со дохрана, околу 12ч му давам кашичка овошна или млечна, ама ми јаде по пола тегличка од 125 гр., значи околу 60 гр. доволно ли е? ...или да му давам и подоцна пак од кашичката? А бе ко прво дете да ми е , ама загрижена сум затоа што ќерка ми јадеше по цела тегличка и плус и` давав и АД. млеко. Дали и на малиов да му давам АД. млеко иако не сакам ама ич ...што да правам? п.с. ноќе се буди и цица сега на саат/саат и пол , може ли да е гладен до толку или само фаќа лоши навики и бара моја близина...знам прашањава ми се глупи ај малку искуства ако може
Мајче, детето во рок од 5.5 месеци ти ја зголемило тежината за скоро 3 пати! Што има врска месец по месец како качувал? Јасно е, и самата знаеш, дека секое дете е различно и за џабе ќе споредуваш со било кое друго, макар и ќеркичката Дури ти е весел, насмеан, пргав - таман е И не очекувај многу од моменталната дохрана....тоа е овошје и зеленчук, кое само ќе му го иритира стомакот и ќе кака повеќе, од него нема да става килажа За дохрана која ќе му заменува оброк ќе треба да почекаш додека да почне со месо, со житарки, со млечни каши + житарки, итн итн., сега повеќе се учи на вкусови и јадење со лажичка. Како и да е, опушти се, супер ти е дечкото
Лолитке, ако ти е за утеха, и син ми тој период од пет и пол, шест месеци качи многу малку на килажа, а дотогаш супер се поправаше. Причината кај нас беше тоа што тој го отфрли ад млекото сосем, остана само на цицање, и по некоја каша (уште му немав целосно заменето оброк), и додека ми надојде млеко да ги задоволи неговите тогашни потреби, детето не добиваше на тежина. А што е со должината? Сите повеќе гледаат на тежината, ама и должината е репер за напредувањето на детето - некогаш повеќе ќе добива на килажа, другпат повеќе на должина. Тоа што беше болен, го оправдува фактот што се поправил само 300г - сигурно му било тешко да цица покрај сиот тој шлајм и затнат нос. Може кашата од 125г да му ја дадеш во еден ден, на два пати, ако не бара повеќе, нема потреба да му даваш ад млеко. А инаку, исто ко прво, нормално - оти сите деца се различни. Ноќното будење дефинитивно е лоша навика, а не е од глад. Веќе треба да го редуцирате (полесно да се каже отколку да се направи) - да го научиш дека нема цице секогаш кога ќе се буди, друго чаре нема. А после кога ќе почнат поинтензивно да го мачат забите, ќе се буди на 15 минути, и тогаш ќе биде уште полошо и потешко да му воведеш ред. И да, сметај дека сега ќе биде поактивен и до годинка ќе качи уште најмногу 3кг. Па доста му е на детето. Да не јаде, да не цица, па да се насекираш, а вака. Ајде, машала, супер сте си, терајте
sin mi se rodi 4100 a dolgo 57cm od bolnica iskocivme 3 850 za mesec dena dojdovme do 5300 a samo eden santim imame porasnato
моето има месец и пред една недела имаше 4200 а се роди 3750 со 3600 од болница се испуштивме дали е добро? за ден два ќе одиме пак на контрола да видиме како е поззз пишете