Супер е, а ако тебе ти изгледа убаво ич да не се секираш Обично викаат дека до 6м треба да има дуплирана родилна тежина, па според тоа одлично е! Не важи кај сите бебиња тоа правило (синко мој не дуплираше ама роден е скоро дупло од твоја беба), ако она убаво ти изгледа на тебе да не се загрижуваш
Мојата е родена 2950 излеговме од болница со 2790 а на 6 месеци ја имавме тежината која ја имате вие на 4 Така да супер си е
Војдан: Се роди 3150kg 50cm, излеговме 2910kg 1 Месец 4400 54cm 2 Месец 5500 55,5cm 3 Месец 6430 61,5cm
Ич не е буцко, само мислам дека е долг па тежи повеќе. Инаку сакам да пушти БАТАЦИ за јадење ама некако нагло ми се издолжува па не верувам дека ќе се збуца јас ко што сакам. (на мама висок ќе биде )
ние стангиравме 20.01-7100 07.02-7300 08.03-8000 за некој ден 8месеци. но затоа во должина растеме плус да ннапоменам кај нас не ги мерат во должина сама приметив дека е повисок.
Утре правиме месец денес не мереше сестрата и сме 3900 се родивме 3290 но првата недела изгубивме од килажата. Пред седум дена беше 3600 дали е доволно. Инаку само на доење сме.
@Lolipop23 значи напредуваме фала ви златни цицки се значи ете една причина поради која ке почнам да си ги сакам. Фала ви мамички пресреќни сме.
На три месеци имаше 6 кг и 60см. На шест месеци, т.е вчера бевме на контрола има 7200 г и 65 см, што по книга е малку. Од една страна ме загрижува, оти гледам дека не е јадач ко брат му што беше, од друга страна, па ни брат му не напредуваше ептен многу, само регуларно си дуплираше и триплираше тежина на време. Најбитно ми е да е здрав.
Да, да не сме големи. Знам дека и тоа има врска, ама ете, ова малово баш и не е по јадењето ко брат му. А поголемиов иако јаде доста, нема ни 20 кг, 6 години е. Работава е што првите три месеци по кило стави, а сега не качува многу, иако цица повеќе, ете и има еден оброк. Ама многу е активен.
сега ме загрижи малку..ние на 6 месеци и 3 недели имавме 6850 и 66цм..педијатарот рече едноставно слабо и ситно детенце ќе е , ама сега те читам тебе и стварно ептен малце имаме , а за јадењње па кога како, некогаш се молиме за каша, некогаш цела ке ја изеде.
Двајца педијатри ми рекоа дека немам причина за грижа, бидејќи детето е здраво фала Богу, ама јас не сум јас ако не се грижам.