само ме насекираа минатиот пат.. А само на доење сме, чајче не сум дала.. Мислам дека нема потреба.. Должина не ми измери.. Некако ми е издолжен.. Се роди 1цм подолг од бато и гледам по аливцава дека сме на поголемо бројче него бато на иста возраст
Може ке биде повисок, друг ген да фатил @Mari* вие спремни за префрлување во категоријата Дете, таму 12+ за тежина има
да.. Докторката вели јас ја гледам испишаната тежина и датум и по неа се водам а не родилната..според неа сега сте добри.. Очигледно дека требало да му се даде шанса на бебето.. Првата недела дома е адаптација, лактација да се среди..
Мајки ние нели бевме на 3 месеци 5450 само 350 гр поправени за еден месец,и сега после 2 недели бевме на контрола и сме поправени 300 гр за 2 недели,само цицавме не давав ад,така да супер сме сега
Моето синче е родено 2.950 грама, на 9 ипол месеци беше 7.900 грама. Тешко дека до година ќе ја триплираме килажата, сега па почна и да намалува со јадење. Помал кога беше повеќе јадеше
Знам дека напредувањето во просек е од 600 до 900 грама. ние сме два месеци и рпвиот и вториот месец сме напреднале по 600 грама но се нервирам што е минимумот, значи од дотпуштање од болница сме напреднале 1 200 грама. како да напредува повеќе и зошто не напредува читам некои и по 1 200 грама месецно напредуваат а моето 1 200 грама за два месеци
Не треба целта да ти е колку ќе качи. Целта треба да ти е да е здраво бебето, да е најадено и да кака ко што треба. Остави ја вагата. Додека не стагнира или слабее небитно е. Не можеш со сила да му буташ за повеќе да се поправи, може таква градба е. Нека е здраво само.
Ние за една недела откако излеговме од болница сме ставиле 70гр. и ми рекоа дека многу е. Ако одиме по таа логика, за 4 недели ке ставиме неполни 300г.. значи ли тоа дека моето бебе не расте доволно?
Пред некој ден го слушав Сајковски кажуваше дека децата вклучувајќи ги и бебињата, имаат неверојатен сенс за тоа да престанат колку им е доста со јадење и дека нормално е родителите да се грижат доколку не јадат онолку колку што тие мислат дека треба, но се додека се здрави нема потреба од грижа. Еве мојов за една недела ќе прави 3 месеци и сигурно има 6.5 кг, јас постојано се грижам да не е тоа мн.ама еве деновиве ќе го носиме на педијатар па ќе видиме
Мојот на 3 беше 6.800 и беше буце. Баш кај Сајковски одев. Не рече дека е дебел , само го зезаше дека палачинки сакал да јаде. Не е многу зошто не можеш да му тргаш цице или шише кога бара. Уживај супер е бебе.
Сваќе Ај уживај и почекај до контролата на 1 месец. Првите недели бебе се адаптира на нова средина, може да качува па и спушта на кг првите 2-3 недели и тоа е нормално. Една недела може да качува само 100гр, а наредната да ти качи и 400гр. Значи на 1 месец кога ќе идеш на контола педијатарот ќе ја измери снашка Па ќе земе за просек колку качува на ден. Не е гладна не се плаши. Гладно бебе одма по плачот ќе го познаеш. Битно да ти полни пелени ( да мочка). Башка вие сте ни 2 недели. Верувам имате жолтица. Жолтицата до 1 месец им е и се малку повеќе од успани и мрзливи. Држија почесто на цице и глеј фали голта ( да цица убаво ) не дозволувај да си ја држи како цуцла брадавицата. Од време на време ќе ја гулицкаш за стапалце, брада, по грбчето и кај мислиш...за да цица да не спие на цицка. Ама немој на 1 секунда, сепак е бебе па зима и воздух и одмара. Давај цице кога сака, колку сака и каде сака. Не значи ако ти е на цицка 1ч дека цица. Може само да и е како цуцла и воопшто да не голта. Затоа следи голтање. Инаку ние денес бевме на контрола. На 10.07 ќе прави синко 3 месеци. Се роди 3330кг а денес го измеривме 6160кг. На ексклузивно доење сме, кога сака, колку сака и каде сака. Ја и ден денес го будам навечер за цицање. Ако сака си цица, ако нејќе едноставно ја стега устата и ја врти главата Педијатарката ни кажа дека можеме од 4ипол месеци да почнеме веќе со кашички и сокчиња, ама че размислам.
Ама си какаме и си мочкаме солидно. А за жолтича ми кажаа дека има уште во болница, но дека било блага форма, немало потреба од третман. А точно е тоа што велиш, малку поспана е. Ама на секој 3часа си јадиме по 50-60 мл млекце + во меѓувреме и по 10 мл чајче и додавам. Незнам кај оди јадењето. Ај сега во петок сме на втора контрола па ќе видиме колку сме ставиле. Можеби првата недела е помалку зашто сеуште се чисти.
А првата недела од излегување од болница колку во просек треба да крене на грамови, вашите искуства какви беа?