Денес ја меревме малечката дома. Бумбарката има 6кг на полни два месеци. Родена е малку повеќе од 2,5 кг Стварно е бумбарка
Здраво мајки, како сте ми ? Јас сакам да ве прашам нешто. Колку е нормално бебињата да качуваат на килажа, на пример дневно или неделно ?
Фала ти @danichap .Добро е тогаш, го меревме денес син ми па излезе дека за 4 дена има качено отприлика 100 грама. На пелената имавме зелена кака па се испаничив дека не е нахранет.
Синко е роден 3 550 Од болница излеговме со 3 670 И по 28 дена е 4 320 значи плус 870 грама за 28 дена. Дали е добро? Јас мислев малку е ама ја читав темава наназад и видов дека има бебенца што помалку качиле за месец дена. Цица и плус АД дохранувам.
Се роди 3770 гр. Излеговме од болница со 3450 гр. По две недели од отпус има ставено 350 гр. Ја вратил родилната тежина. Докторката смета дека може и подобро. Што мислите?
2 месеци и 8 дена - 5370гр родилна тежина 2650гр докторката рече помалку да качуваме на тежина, само на мајчино сме
Ние сне 2 месеци 7500гр .И првио и вториот месец ми качи по 2 кг докторката ме караше па кога и кажав дека сне само на цицање добро рече не е страшно.
Месец и два дена, 3140 сме пуштени домче, сега сме 3920 , 51цм роден сега е 56, обемнглавче 34, сега 35 ..
И јас да се јавам на листава на новопечени мајки.. малово се роди 2900, не отпуштија со 2860.. после 3 недели сме 3400.. последнава недела нарочито има качено само 100 грама.. строго на мајчино е, си цица, ама не се дојадува.. се случува и да бљуцне и да извади се што внел претходно.. ми стои малку тежинава, а ич нејќам да дојдеме до ситуација да додадат АД во исхранава.. малку е тежинава нели мајкички?
Не е баш. За 3 недели сте качиле 540 гр а мин е 600. 20-30 гр е нормално. Секое дете е индивидуално ...