Mamicki maliot za 20dena e popraven samo 200gr samo na doenje sme ima problem so stolicata na 3 dena kaka i toa 3 pati vo denot i potoa 3 dena ne kaka vcera go merevme imase 4150 a deneska koga go merevme imase 3850 a posledno e meren na 22.8 imase 3650 nesakam da mu dadam dohrana do sto moze da bidi problemot? Inace si e vesel si spie i preku den 3sati cica a nekogas i na 1 sat i pol ili 2 sati cica a navecer na 3sati a stari sme 55dena
Нас не испуштија на 10ти 2230 гр , сега на 10ти беше 3400 гр . 1170 гр за 1 месец . А во висина не го измери само обем на главче .
Ќе си се консултираш со педијатар. Сепак е форум и неможеш здраво за готово да зимаш никаков одгогор нит совет од виртуелни членови. Српак станува збор за бебе. 200грама за 20дена е премалце. Минимално е 20гр на ден да се качува. Нема сакам или нејќам да дадам АД. Ќе си се советуваш со педијатарот и обавезно крвна слика +ЦРП обавезно напрајте па според нејзе ќе видите што и како. Кажуваш дрка од вчера до денес е паднат 300грама во килажа. Незнам дали на иста вага е мерен. Доколку е мерен на иста вага, тогаш не е океј да падне за 24ч 300грама во килажа. Утре да си идете на педијатар и да се види што и како па и дохрана ќе си воведете. Нејќам да ме сфатиш погрешно, немам намера да те исплашам, но за ова не се консултира на форуми со жени туку со педијатар.
Во право е Софи, работата не е за занемарување. Вака гледано до вчера е бил супер, 500г за 20 дена, меѓутоа денешната тежина мати работа. Многу е битно дали е мерен на иста вага. Ако не, тогаш податоците не се релевантни. Ако имаш можност мери го секој ден, неколку дена по ред на иста вага и гледај да е тоа во исто време од денот. Обавезно отидете и кај педијатар. Вака како што кажуваш не ми изгледа дека имаш проблем со млекото бидејќи си цица убаво, расположен е, до вчера е било супер.... ама сепак треба да се иследи ситуацијата.
На истата вага е мерено но не беше какан кога го меревме и затоа беше 4150 а другиот ден се покака и одма падна на 3850 Одкако се покака намали на тежина а не беше какан 3 дена и затоа мислам намали на тежина
нема шанси тоа неможи да искака 300гр 3 дена не е ништо 7 дена не била какана и немало таква разлика пад у килажа .. консултирај се со док .. ако треба и ад ќе си дадеш нема ништо страшно во тоа ..
Немој тажен лик да правиш. Живо и здраво нека е само, ништо не е побитно од тоа. Не е крај на светот дохраната, таа за тоа и постои. Гушкај бебе дај му љубов и верувај ми, тоа највеќе го храни.
Малата е родена 2600, излеговме од болница за 3 дена со 2420. За 1 недела си ја врати тежината од 2600, ја меревме минатиот понеделник, толку беше. Денес пак бевме на контрола, накачила само 160гр. Педијатарот вели дека е во граница на нормалата. Јас мислам малку е. Само на доење сме, не спомна ништо за дохрана. За 2 недели пак ќе одеме. По колку напреднуваа вашите бебиња, мамички? 18 дена сме.
Не сакам дохрана, е сега ако има потреба мора да воведеме. Си цица малата на 2 часа, некогаш на помалку, некогаш на повеќе време. Си кака по 4,5 пати во 24 часа. Еве ноќеска еднаш беше покакана а од сабајле 3 пати. Исто така и си мочка. Педијатарот кажа проблем е ако повеќе од 3 часа и е сува пелената,неизмочкана, значи дека не цица. А кај нас тоа не се случило. Јас си имам млеко. Многу голема спанка е таа, цел ден скоро спие. Кога ја ставам да цица, ќе поцица 15 мин од едната града и ќе заспие. Ретко се случува на еден подој да цица од двете гради. Ќе видеме за 2 недели пак. Сакам да си продолжам со доење, се надевам нема да има потреба од ад.