Не не 1600 за 40 дена не е премногу, но за 10 дена ептен ми се виде 700гр.. Мојава едвај 150гр неделно става ама обично помалите побрзо качуваат... 3800 гр е родена, 4020гр вчера мерена на 21ден, викаат океј е... заборавив и исписна 3630.
Првиот преглед ни беше нА 27ми ден и беше 3900 850 гр сега за 2 недели накачил 700 гр.. Инаку не се доиме нА хип сме.. А јас бев преплашена зошто повраќа мислев се гладен е
На колку време пие? Повраќањето обично е од прејаденост (ако мн повраќа), ако пие млеко на помалку од 2,3ч (нз точно како е со ад).. не е сварено млекцето во меше и затоа повраќа... и држи го повеќе време исправен.. сум прочитала дека некое капаче кај желудничето кај некои бебиња не е доразвиено и затоа се враќа млекцето... Кај мене и првото детенце и еве и ова многу бљуцка
Само што се прибираме од првата вакцина. Тежи 7650 гр. 3 месеци и 8 дена. Родилна 3770гр. Не ме искараа ми рекоа супер напредно бебе Инаку многу несразмерно ги качи, првите две недели исто како кај @mariz по 150гр неделно. Битно крвната слика му е идеална. Се во граница. Ми рекоа со ваква крвна слика следната вакцина нема потреба пак да го боцкаме. Дури за после таа здравје.
Може дека поголемки, ај се надевам повеќе ке стави нареден месец, овој дали 500-600г ке биде, минимум Вака си е супер, има обравчиња Само на доење тераме сега, па ке видиме како ке напредува понатака... За крвна слика боље пред вакцини да си правиш секогаш... мој совет..
Инаку не знам каде одите , јас го носам во Јане Сандански таму ги мерат на таква комунистичка вага и тоа со памперс, боди и плус мушамка за пресоблекување. Го измерија 7700 гр. Му одземаа 50гр. Јас дома го измерив одма кога се вратив на дигитална вага што мери до грам и покажа 7540гр. Можеби сум цепидлака ама па не е мала разлика. 160гр.
И јас таму одам кај др Мирјана Апостолова. Маж ми бил кај неа и ептен задоволен и ајде и малава. Она не ни сака да ја мери, дека буцка ја гледа со витчиња. Јас инсистирам секогаш. Кога ја мерат со памперс 200гр и одземаат... Инаку опремата им е како во Сфрј да живееме. Ептен ок ми е Докторкава затоа не ми се мења...
Матичен педијатар ни е Др Митка. Денес за вакцина бевме кај една млада докторка не знам како се вика. Прекрасна беше фина, се објаснува детално. И јас сум многу задоволна.
Кај истата сме биле изгледа. И мене многу убав впечаток ми остави. Ја видов отворена жената и ја удавив со прашања.
Не ли беше дигитална вагата кај нејзе? И нас матична ни е Митка, па така се сеќавам, ние одамна не сме се мереле таму