Не е тоа глупо, така ги водат прематурчињата, со корегирана возраст за да следат развој, дали правилно се развиваат, во рамките на очекуваниот просек. Ама тоа само првата година, после мислам дека не важи тоа.
Не вe разбрав добро @Annath кај предвреме родените се смета од терминот кога требало да се родат од тогаш се следи развој ?
Овде можеш да прочиташ подетално, не е многу, две странички се, мислам дека лесно ќе разбереш https://www.unmc.edu/media/mmi/jackson/TIPS-Intro/Understanding_Corrected_Age.pdf Вака на кратко е фино објаснето.
Се меревме денес, 2 дена пред полни 4 месеци. Тежина 6340гр, 65см долг. Педојатарот вика добро е само 600гр месецов, а јас малку сум загрижена дека баш месецов само цица, не се одмолзувам :/
Немој да се грижиш добро си напреднал и моето синче на 4 полни месеци имаше само 600 гр качено тој месец ,сега веќе кога се поголеми нормален напредок се смета 500-600гр месечно.
Ние сме 1,5 месец (48 дена) и уште немаме качено ни кило од родилната тежина. Родена е 2560, денес мерена 3520, а докторката вика супер??? Не е ли тоа премалку? Инаку на доење сме само.
Роден 3100гр 49цм Од болница излеговме 2990гр Вчера го мереа 4000гр и 54цм долг 3 недели има и само крка
Рт 2250 гр 50 цм. На 4 месеци беше 6100 гр 63 цм . Денес полниме 5 месеци утре сме на контрола и вакцина и ке се мериме и ке видиме колку сме качиле петиот месец и се уште сме само на цицање
Мајки само што се вративме од педијатар. Бебе за 3 недели качило само 200гр. Др вика супер е јас и викам мн малку е тоа секогаш повеќе качуваше она ми вика супер сте оваа тежина треба да ја има на 6 месеци вие ја имате сега. Инаку се роди 2680 од болница излеговме со 2480 а денес е 5600. Повеќе е на мое млеко ретко давам ад и незнам дали да воведамповеќе ад? Ок ли е тежината?