Ама нејзиното не напредува добро можеби затоа ја советуваат да започне од 4 м. А колку што знам вие бевте на мајчино плус АД.
Зашто го испреврте цел контекст на постот. Мајка си е мајка. И оние кој посвоиле и тие се подеднакво мајки иско не делат исти гени со детето. Мајка е мајка без разлика дали доела или не. Не извртувај во своја корист и одбрана. Внук ми не беше доен и значи дека треба да го мислам за сестра ми она твоено ( кажано испревртено ). Мајчинска љубов не е термин за дали доела или не туку многу повеќе аспекти се склоп на тој термин Мајчинска љубов. Незнам зашто би била паметница доколку на твојот претходно иронички пост: ( copy-paste) " А што има па толку убаво во висењето на цицка 24/7? " Доби еднакво и таков одговор! Тие што не доеле сигурно 24/7 не биле со шишето во уста на бебето. Нормално мајка и бебе ќе се галат, гушкаат, бацуваат, гугаат, осетиле и топлина и откуцај на срце и све она кое го имаат мајка и бебе како нераскинлива врска. Но, 24/7 сигурно не биле со шишето во уста. Многу иронија толку рано во денот во 09ч за доилки кој употребуваат термин со 24/7 навистина е невкусно. Убав е денот сепак. Позитивноста е доблест.
Мене па некако пологично ми е ако не напредува добро, да се продолжи поубаво со доење/ад до 6м, отколку да му се скрати еден подој/оброк ад. Боље да е млекце, а не каша од овошје, секако за житарките ке мора да се почека .. што знам, јас па така размислувам, може и да грешам нз..
Моето никогаш не висеше на града 24/7. Од прв ден си цица на 2 и пол или 3 саати, а навечер не цица и по 10 саати спие (само првите 2 месеци прво врзуваше 5 часа сон навечер, па почнуваше да бара на 3 саати после тоа). Само првиот ден на болница почесто беше на града дури да ми надојди млеко, после тоа имавме ред без проблем.
6 кила има на 7 месеци, родилна тежина 3070, на доење сме и на кашицки од 4 месеци сега почнавме и со пилешко и јогурт, слабо ми напредува не знам што да правам со што да ја дохранувам за да качи малку, позз мајки
А до 4ти месец кога бевте на доење како напредуваше? Првите 3,4 месеци повеќе качуваат, после по помалку. До 6ти месец викаат дека треба да ја дуплира тежината. Ова што си го пишала некако малку ми изгледа. Секако дека не се сите деца исти и не сите исто напредуваат, можеби понатака и повеќе ќе качи.
Не глеј килажа нее секогаш пресудна. Најбитна е крвна слика и бебе да е физички активно, среќно и весело. И генетиката игра главна улога. Ако сте биле како бебиња ти или мажот ситни и бебето ќе е. Имам пишувано за ова овде како твојов случај што биле загрижени мајќи. На другарка малата беше околу 6кг на 6мес. Сега на 1г не е ни 9кг. Крвна слика перфектна и дете среќно и весело. Каде не ја однесе и ист одговор сегде доби. Дека дете е здраво и да не споредува други деца со килограми со нејзиното. Сепак ако се иде по онаа табела дека треба на 6мес да дуплира, тогаш твоето еве дуплирало ( минус некој грам ) значи не е дека е многу малку во килажа, но не е ни перфектно. Напрај крвна слика и според нејзе ќе се водиш. Ако нејќе да јаде со сила неможеш да ја раниш сепак. Ако сте почнале со дохрана ќе го даваш соодветното според возраста и овошните кашички ќе ги правиш со житарици ( соодвентни на возраста ). Ако си вовела глутен тогаш ќе даваш и малку лебче со зеленчукови каши. Ако си вовела невце и мевце. Ама сепак прво со педијатарот ќе се консултираш. Јас од 6+почнав и жолчка ( домашни јајца ) да воведувам, но педијатарот така не советуваше. Глутен исто на 6+ воведов по препорака на педијатар и телешко/пилешко ( домашно ). И од 7+ почнав и со телешки буљон ( темељац ) тоа е најздраво за бебе/дете/возрасен ( читни на гугле за тоа. Сепак консултирајсе со педијатар пред све.
Prvite trid meseci kacuvase Po 500 gr Fala za odgovorot Samo da prasam koi zitarki jas I imam dadeno amaranth,proso I edni zitarki na holle od zegin
@cat-woman јас давав киноа, амарант и просо. Палента и гриз. Сега оред 1мес почнав да давам јачмен и пченица, но незнам дали можат и од 7+, мада искрено како што читав се доста поздрави и покалорични полни со витамини. Ги давав и оние кутии од Нестле и Лино соодветни со возраста. Како беше означено на кутијата ( месец ) така ги давав. Многу ги јаде и ги купувам на Хумана и Нестле овошните јогурти и пудинзи. На 6мес воведов глутен и од неполни 7месеци почнав и леб да му давам. Да знаеш дека доколку сакаш да ти качува на килажа овошните кашички обавезно со некоја житарка ќе ги правиш. Ако имаш или кога ќе имаш време ( јас обично навечер дур спие дете сум полабава ) на јутуб ги имаш сите емисии : 0+ месеци на Телма. Имаш многу интересни емисии со специјалисти и многу корисни совети. Слободно изгледај ги. Има и за деца кој не качуваат на килажа и како да качат зборува доктор. И не се секирај све ќе си е супер, да ти е живо и здраво ќе си расте и ќе си се дебелее има време.
Да, затоа кажав ако добро напредува пожелно е од 6м да се почне со кашички, а ако не напредува ако советува педијатар да се воведе плус исхрана тогаш е ок. Зборот ми беше дека не дека ако се на Ад треба порано со кашички. Да мајка, се трудев до 3ипол месеци да давам и од мене но залудно беше, млеко никако не ми надојде а бебе лакомо и само се нервираше и преминавме само на Ад. Како и да е и ние ќе почнеме од скоро со кашички
Нас напротив не советуваа да започнеме со вкусови од 4+, а со доручек од 5+ зашто бебе напреднуваше премногу. Па со самото тоа да регулираме тежина да не отиде над границите на нормалата за да не дојде до проблеми.
Кај сите различно изгледа, мене во Ремедика ми кажаа од 5+ / 6м да почнеме, а исто бебчо ми е понапреден. Секое бебе своја приказна Нека ни се здрави и живи бебчињата, кашите дали на 4 или на 5 месеци не им бегат
4 meseci i 3+ nedeli Sinceto 7100 Kerkata 6500 Taa povece stavila na kilaza,plus bolnicka bese nedela dena.
Родилна: 3800гр 51цм Испис: 3630гр 1 месец и 5 дена: 4250гр, 54цм 2 месеци и 3дена: 4990гр, 57цм За два дена 3 месеци: 5600, 59цм Исто темпо сега за сега
Искрено да, не цицаше веќе лакомо на 1ипол/2ч и не накачуваше по толку како на почетокот. Зашто ми напоменаа дека може и желудничето да му го проширам, дијабетис и незнам уште што можело од гојазност. Мада искрено и ја и сопругот како бебиња сме биле ептен дебели,па еве не цел живот сме слабички и без ниеден проблем од горе наведените. Ама пусти страф кога ми изнакажа шо може да биде ако накачува многу. Па и ортопедот ме искара дека ќе му напраам проблем и со моториката и незнам уште што. После 6+ почна помалку да качува па и тоа ме исплаши ( баш памтам тука прашував за искуства ) но педијатарот кажа дека е тоа нормално по 200-400гр месечно и бидејќи веќе има тежина колку за 1г шо би требало да има демек да не паничам све си е ок. На 5мес и 10 дена имаше точно 9кг ( баш сеа гледав што сум пишала тука ). На точно 9мес последен пат кога го измери беше 10,200гр. Значи 1,200гр севкупно накачил од 5мес до 9мес. Којзнае да не почневне со дохрана колку ќе имаше ептен беше со фалти како Мишелинче . Мада реално и после 6+ намалуваат со качување али некад и не. Со вкусови точно од 4+ почнав. Од 5+ имаше доручек. На 6+ручек и на 7+ вечера. Сега си е таман мада пак тродуплираше килажа на неполни 9мес, ама во висина отиде нагоре и не е веќе дебел на изглед туку баш таман и поактивен и поподвижен за разлика кога беше Мишелинче