А зошто треба да тежи повеќе? Ќерка ми е 21+ и има 12кг,на 16 месеци 9 кг имаше Ако е детето весело и здраво немаш потреба од никакво дохранување освен она што си е соодветно за месеците Неможе сите деца да напредуваат исто
Роден: 2.860г - 47см Исписна: 2.700г 1месец: 4.000кг - 52см 2месец: 5.600кг - 59см 2.5месеци: 6.200 - 62см ^^не е мишелинко, крупно бебе е Ќовте мамино
И мојот бил 6200гр и 62см на 2ипол месеци сега вртам по тетратката каде што си запишувам само што родилна му е 3800 гр инаку сега е 9300 гр и мене не ми изгледа воопшто дебелко само крупно
Пет ипол точно. И мојот така расте, не можам да навасам со бодија на две недели ги надраснува. Ама ке стагнира сега. Гледам последниве две недели само 180гр ставил. Голем дечко, на сите кога ќе го видат им изгледа поголем од возраста, а на мама грбот најдобро си знае
Леле машалааа, во висина за 2.5 месеци колку пораснал! И првото такво ми беше, тежок, но и долг.. не беше буцко, баш како што викаш крупен, напреден.. алишта секогаш за 2+ месеци од тоа што беше носеше И затоа чудно ми е со девојкава, минимум напредок секој месец он на 3м беше 67цм, она 59 може дека женска..
Нема правила, можеби она подоцна и повисока ќе биде од бато, не го подрекувај девојчето и споредувај, супер си е
Мене детето ми е здраво и весело, ама со постариве неможе да се излезе на крај запнала свекрва ми слабо ми било млекото како водичка или кафе да пие и не било корисно после шест месеци да се дои дете ослабувало квалитетот на млекото, при мое млеко ме тера кравјо да и давам Кај ги купуваш тие овошни пудинзи на хумана немам видено по маркети мојов бебуш колку и да се трудам и нервирам не сака многу многу да јаде одвај по пола каша ке и дадам плаче вика трза глава на страна, највеќе сака да цица, денес и воведов жолтка онаа недела и телешко мевце и се гадеше телешкото ми се чини кога ќе и дадам готова каша на хипп повеќе ја јаде од она што јас ќе и зготвам, тоа е што е само да е жива и здрава, крвна слика битно е добра, поздрав и фала ти за одговорот
Во Зегин ги купувам овошните јогурти и пудинзи. Не форсирај ако сака да јаде ок, ако не нека цица. Ете го и мојов имаше период нејќеше да јаде само на цицање беше. Крвна слика супер и си качуваше супер кг. Еве сега да не го подречам пак почна да јаде. Ваљда им се периоди. Знам колку е нервозно да не јаде и се плашиш да не му наштети тоа, па читаш други деца јадат со мерак и ти е мака. Но, ни со сила небива да се ранат зашто ќе им се створи аверзија и страф па полошо ќе е. Јас еден период се нервирав искрено кажувам, но после го прифатив тоа како нормално и го оставав кога сака да јаде кога нејќеше не форсирав. Башка ги асоцираме на доење дека кога сакаат ќе цицаат. Па сега го оставам колку сака да јаде ќе јаде, па ако не изеде убаво му давам да цица. Некогаш по 1ипол саат го ранам. Пробај ја на Фрутек е многу убава кашичката со телешко и грашок + има морков и непамтам уште што. Мојов таа ја обожува и секогаш ми е при рака ако нејќе да го јаде она што сум го зготвила.