Здраво женски. Нашата родилна тежина беше 3100, а испис од болница 3050. Утре правиме два месеци, а пред една недела имаввме 4260 грама. Дали според вас килажата е во ред? Некои педијатри ме советуваа да продолжам само со доење, но некои ми кажаа дека малце сме напреднати и после секој подој да се измолзувам, доколку и така не качиме килажа да воведам ад...
На долна граница сте мајка. Јас не би давала ад бидејќи не е алармантна ситуацијата. Прати дали бебе е весело дали мирно си спие и дали редовно има мочкани пелени. Ако да, тогаш е ок, не секое дете напредува по кило месечно.
Да мила, многу Повеќе е на ад отколку на доење. 90 по секој подој. Засега е супер. Ти ја исфрли скроз?
Јас и давам еднаш во денот. Најчесто 6, 7 попладне. Се мислам не е доволно најадена. Ама почна да ми остава многу во последно време. Некогаш за да бидам сигурна дека е најадена нудам 3 пати дохрана.Спремам 90 (дека нели голема е сега )и едвај 40тина пие. На последното мерење беше супер. Сум приметила и дека кога сме сами дома повеќе цица. Кога имаме некој по дома, гости, баби, не цица толку. Дали и одвлекува внимание или па и смета гужва не знам. Кај нас дома е релативно мирно иако тв е нон-стоп запалено и прави "галама".
Според мене е супер. Неделава веројатно има качено уште 200г па би му дошло околу 1300-1400г за 2 месеца што е сосема ОК. Јас не би дала АД.
@kukla21 и @fana може ли да ми кажете по колку ви напредуваа бебињата што давате дохрана? Ние качуваме минимално, од 650-700 грама месечно, но не сум вклучила дохрана, бидејќи е весела и секој ден си полни по најмалку 2 пелени.
Да, ќе ти кажам. РТ-3000g, од болница излеговме со 2750g, контрола на 15ти ден од раѓање- 2550g, контрола на 30ти ден од раѓање-3000g, контрола на 40ти ден од раѓање-3360g, на два месеци 3840g и на три месеци 5000g. Инаку, мислам дека минимумот на напредок е 500g. Не сте за дохрана според мене
Една забелешка од мене. Иако не сум модератор. Да се нагласува дали се однесува на машко или женско бебе бидејќи машките се понапредни од женските. Глобално. На пример ако за женско на 8 месеци е нормално да има 8 200гр за машко е нормално 10 200гр. Ова чисто дека некоја мајка (како мене) ќе воочи видна разлика а разликата била во машко- женско бебе. 9+ 8 600 мома
Фала @kukla21 сепак ќе почнам и јас да нудам по малку дохрана. Фала @fana сега го видов и твојот одговор. Ај сепак ќе почекам до следно мерење
@Ambra20 650 -700 месечно не е минимално ,и е во ред доколку бебето е весело и полни пелени. Немаш потреба од дохрана.
Вообичаено девојчињата се понапредни од момчињата во скоро се, почнувајќи од растот и развојот. Секако дека има табели посебно за момчиња, посебно за девојчиња, ама тие табели се некој просек. Сите индивидуално напредуваат, што многу зависи и од генетиката. Моиве на пример, на година големиот имаше 8600г, малото 9 кг. А девојчиња нивни врсници што ги знам, многу поголеми беа од нив. Пак ќе кажам, динамиката на растот и развојот најмногу зависи од генетиката.
Секое дете е индивидуално, и секоја килажа е индивидуална ,според мене нема "нормална" и "ненормална "килажа. Пример на сестра ми на 5 месеци има 6 кила,моето има 7 кила...и двете бебиња се супер.
3150 - родилна тежина 2850 - излеговме од болница 3750 - 22 ден Си цица на 3 часа, ноќе малку почесто (на 2 часа)! Јас сум задоволна!
Мислам најдобро да се споредува со висина + тежина, не само тежина. Кога ке видите скоро сите бебиња без разлика колку месеци имаат, на таа и таа висина имаат слична тежина. Машкото беше родено големо, супер качуваше.. но исто така и во висина растеше. На негови 3 месеци беше 7350, 67цм, кога ке видите супер за таа висина. Женсково на нејзини 3 месеци 5600, 59цм исто така за висината супер.. така да мислам побитно е да си споредувате според висина, не според месеци. Женскава моја ако со нејзини 59цм беше тешка колку брат и, ке беше мишелинка.. и обратно ако он со 67 беше 5600, ке беше шпагета гени се во прашање...
Супер,и мојата цура исто беше на доење и супер напредуваше,родилна беше 3400 а излеговме 3100.Првиот месец качи 900гр.
Родилна тежина 3260, дома си заминавме со 3120.На полн месец имавме 4250 а на полни 2 месеци сме 5300.Машко.
На секои две три страни некој чувствува потреба да потенцира како секое дете е различно и сѐ е индивидуално ама сепак постои темава и сите свесно или несвесно ја ѕиркаме и споредуваме со своето бебе 6 месеци - 9580 гр 70 см (момче) Последниот месец ставил 380гр. но нема пристор за грижа си има резерви