Јас уште ке пробувам да цица, сеуште не е одбиена иако немам млеко.. ке гледам навечер/сабајле да цица, ако успеам бар тоа.. мада еве нецицана е од вчера вечерта (прееска за жива глава не сакаше да цица), а градиве никаква мака, не се полнат... @mal.ecka многу лошо бев.. под 38.5 не отиде и тоа толку еден саат ке имав, па качував до 40, во кревет без сили, ни до вц не ми се одеше... ми ја даваше мм, јас незнаев кај се наоѓам, она цицаше.. па после ми удри на уво воспаление, пиев прво Зинат, па после Сумамед... на крај дури и на стомак ми удри, па и така се доцедив, за три дена шланк, манекенка се направив, во фаца испиена сум леле мајко... Што ке беше ова две недели заникаде бев.. ама последниве денови ме дотепаа.. Покрај тоа и неа ја фати и она еден ден со висока температура, па најверојатно и она немала сила да цица.. а и сеуште нема сила многу кашла, од шишето исто пие многу споро...
Na pocetok ic.Posle pocna na den po 50,55gr.Maksimumot i bese 1600,700 mislam.Ne se vodi po tabelata pozadi so ja pisuva na Ad.Ne sekoe dete e isto.So vika Marina od Remedika,na tabelata ne pisuva Daria.Ne sekoe dete e isto
Мариз и јас немам конкретен совет, само да ти дадам подршка. Се изнамачивте. Сега проверив баш колку бил синко на 4 месеци, 6320г. роден е 3980г, малку поголем од Сара (3800г мислам дека беше, поправи ме ако грешам). Значи горе-долу исто напредуваат. За општиот напредок ја не би се секирала, а овие неколку дена што паднала на килажа е од што била болничка па дехидрирала малку. Не ја одвикнувај од цицање, секогаш нуди и прво цице па после АД. Тоа што се трга е период и ќе помине за неколку дена. Ви посакувам побргу да се опоравите.
@mariz може тргањето од цице и викањето е фаза. И јас се жалев во доење дека мојава така прави. Сите ми рекоа фаза било. Дури и докторката. Се надевам дека ќе оздравите побрзо сите и ќе се вратите во колосек.
Фала ти .. не сака ни ад ни цице денеска, а пред 2ч исповрати еден тон шлајмови.. се надевам од утре дека ке сака, јас пак и вечер ке и нудам цице, па ад, па ваљда ке се вратиме во форма @kukla21 може и фаза и дека е болна, може и двете одеднаш што знам.. она од старт е до душа таква, цица и прета, но волку нервозна не била никогаш.. или спие, или плаче Борби и со цице и со шише имаме денеска.. Па кај едвај испи 60мл, поврати се
Синко роден 3330гр и 52см. Исписна 3020гр. На точно 11мес е 10.700гр и 79/80см ( мрдаше неможеше да измери ).
@mariz јас не сум од тие со искуство, но стискам палци за доење. Можеби дека е болна и полна шлајмови не сака да цица. Ставај ја цело време на града како новороденче. Нека влече, нека стимулира. Но тоа ќе треба да е штом оздрави убаво, вака изгледа се мачи. Ако треба со пумпа влечи на два саати. И да нема влечи. Да не престане скроз. Верувам за две недели ќе сте на старо, комбинирани. Нека спие на цице, нели има одбранбени својства, антитела и незнам уште што. Побрзо оздравете!
@mariz ние на 4 месеци и 10 дена сме 5380 и мислам дека е супер со оглед на тоа што се роди 2500, па веќе дуплирала. Тоа што намалила за тие неколку денови може да е и нормално ако била болничка. И мојата кога беше болна падна во килажа, педијатарот ми кажа дека е тоа нормално. Храната тогаш оди за зајакнување на имунитетот, не мора да значи дека си снемала млеко.
Роден 2300гр - 45см Испуштени 2160гр 14 дена по раѓање 2430гр Еден месец 3070гр -50см Втор месец 3980гр