Имаше ослабено 1 кг од болештини но како го примија во болница иако на диета дете почна да се опоравува . Сега е повторно 12 кг висина 81 цм
Малава моја откако е родена го држи минимумот. Сега на две години е тешка одвај 10.300, а висока 83цм. Спојлер Знам темава е за деца до 3 години, ама би сакала во ист пост да пишам и за син ми, за полесна евиденција. 17кг и 101цм
Не ми се чита во темава од мака. Јаде и ужинки со АД и пие сокчиња и леб јаде и има три главни оброци у просек од 160-200г и тоа скоро секој ден за ручек има месо АМА не седнува цел ден е активна и на 16 мес ја измерија 8,3кг 75цм. :/
Супер ти е детето и нема шо да ти е мака. Не секое дете е исто и не значи дека она кое е со поголема килажа од твоето дека е поздраво и обратно. И генетиката си игра главна улога. Највеќе и хиперактивноста на детето. Ете викаш твоето не седнува, си троши клории со самата подвижност. Ќе ти дадам еден пример со малата на другарка ми. Малата е 19мес и е некој 9кг. Да ја видиш како кукла е и ја викаме " црвец "зашто верувај дека и дур спие она е активна и ја наоѓаш во секоја положба во креветчето. Како вртелешка е . Немаше кој не искоментира од " душебрижниците " дека е ситна и мала за таа возраст. Зашто нели секој сака да мудрува. Никогаш другаркава не обраќаше пажња на киментари. Малата се храни здраво, пие АД и си има убави оброци и ужинки. Ама не седнува ни 10мин во денот. Педијатарот ( во Германија живеат ) кога му спомна за килажата и дека има коментари за дека е ситна верувај им се изнасмеа. Убаво им објасни дека детето е здраво и активно. Да е неухрането и гладно ќе се приметеше по самото дете и никогаш да не споредува деца. Но, нејзината пролазе на 8мес и прооде ама баш прооде без да ја држиш за раце на 10мес веќе идеше сама баш зашто беше ситна и хиперактивна.
Супер тежина си има за висината Вие колку сте високи? Инаку битно е да е здрава, да има супер крвна слика! Еве ти пример од мене... висок, крупен, има 18кг на 3год и е над 104цм, поради проблем крвта му е хаос... Мајче нека си е жива и здрава само гледај, ке си порасне
@LejdiD оди два-три коментари погоре и види мојата колку е на две години. На една година требаше да биде близу 9 кг, а она одвај 8 да имаше. Ама си јаде се и не се секирам ич. Нема зошто да ти е мака додека детето ти е здраво. П.С. јас во прво одделение имав 17 кила, син ми на 4 години има толку.
Благодарам на мислењата ептен ме утешивте. Инаку освен бројките на вага, онака фала богу немам причина за грижа си јаде се и од раѓање цело време си има супер крвна слика.
3год и 2м: 104/5 тука некаде меѓу беше, 16.900гр. Мислам убаво би било уште една тема за напредок да се отвори... 3-5год?