17 месеци 13 300 12 200 Некако многу ми се гледа... Јадачи се, особено ќерка ми по цел ден нешто меле.
14 м 9600 со 76см. Ситна е мојава што е и очекувано колку слабо јади, ама битно по цел ден само трча, активна е и две секунди не седи на место.
Колку е родена? И мојата е ситна, убаво јаде, крвната слика и е супер, не е болежлива, ама со килажата цело време ми е на мисла. 19 месеци е, 10.700 / 10.800, 81 см. Не можам да ја измерам убаво не седи мирна. Педијатарот ми вика дека е супер, здраво дете е, таква и била генетиката и плус цел ден е активна, буквално мирува само додека јаде и спие. Ама вака ги читам постовите претежно сите деца се околу 12 кг на таа возраст
3350 е родена со 48см. Јас малку се загрижив дека на година не труплира родилна, ама матичната вика генетиката и е таква. И јас сум ситна и слабичка, а како деца и јас и мм слабо сме јаделе и сме биле најслаби во клас. Активна е и мојава мн и досега немала проблем со крвна слика, но за разлика од твоете дете јас не можам да се пофалам дека е јадач и се бркање се раниме едвај.
За висината си има таман тежина. И мојава со 76 беше таа тежина. Тоа гледајте повеќе. Не е слабичка, туку си е ситна, а тоа е до гени. Супер е
Ист случај родена е 3400 со 51 см. Тие 10 кг што требаше да ги има на година на 1,5 год. ги направи и јас се опседнував со тоа. И јас како мала памтам дека бев од помалите во школо
Да @TeddyGrey. Отприлика и мојата е во растот како твоето, што сум видела по слики. Ама ич не изгледа дебела, а малиот е друга прича, тој и 12 кг кога имаше изгледаше подебел, поинаква конструкција. Сакав да кажам многу ми се гледа во период од 15 месеци до 17 малава некако повеќе напреднала.
Синко на 1 година 13,5 пак го мерев за 1 месец беше 14кг, дали точно измерив нз, ама пак тука е меѓу ,13.5 и 14кг, не личи за дебел 82см е, јади се.
102см со 16.7кг девојче за еден месец полни 3годинки Малку ли е многу ли е? Врска си немам со меркиве за големи дечиња
Да ја запишам со последната тежина и висина за да имам претстава како ќе се движи мерена на вага синоќа(цело време мрда не се мери повеќе): 13 месеци 13.000 кг со 83 см
Оти се жалиш дека е ниска? 91 см е сосем во ред и доста височка според мене на две години Запиши ја на ракомет
Искрено се запрепастив сега кога ја мерев Цртки на врата ставаме и и викам ај да те мерам, кога видов колку пораснала од минатиот пат Бато кошаркар, неа ракометарка (Инаку вака во златна средина според табели, таманка).