За 4 дена полни 2 годинки: 10.7кг, висина ~86см. Над 10.5 кила е луџеееее!!! Џивџи роден со 1.3кг, за да биде на графи како навреме родено по СЗО и бар околу 10 перцентила, требаше 10.5кг да има на 2 годинки. Можно е да качил 400гр за 2.5 недели? Со грипот спушти килажа до ~10.3, ама периодов гнетеше цело време, освен доручек, ручек, вечера, во денот и мало пакетче смоки, животинско, монти, 3-4 крекери, некое овошје грицкање, мислиш надокнадува за 1 неделното нејадење. Сега веќе намалува. Штета, бар до 11кг да дојдеше со јадењево. Да сме здрави и живи.
Можно е . И моето беше ист после стомачниот. Јадеше како дупнат се што ќе види. Се врати на старата килажа брзо. После стомачниот како друго дете е во однос на јадењето.
2г и 4м. Сама го мерев. Висина: 96/7см, не успевам убаво да го застанам на ѕидното метро. Тежина: 14.900кг никогаш не би му дала дека волку тежи, како сучка со мало меше е, ваљда коски му тежат
Бебе последно е мерен на педијатар 05.02. Денес ми текна дека ич не е мерен, го вагав на домашната вага ми дава дека е плус само 500гр. Значи за скоро 2 месеци само 500гр. Знам дека помалце ќе накачува, ама нели е многу малку ова? 7+ е иначе. Јаде, цица се нормално. А го мерев извишен е доста. Се насекирав. Едит: Сега видов дека во погрешна тема сум пишала, нека ме преместат.
Година и осум месеци 12.200 Јаде преку еден ден,таква и била диетата Цицо е главен сеуште, затоа нема јадење. Иако некогаш гнете по цел ден грицки,бомбони.. си стои во место. Жива и здрава да ми е, арна е.
Синко е година и скоро 4 месеци. Од роденденот не ми е мерен. Денес со метрото дома го измерив додека стоеше, ист е како на годината, 75цм. А мене мис е чинеше бааги извишен. Можно ли е за 4м ич да не пораснал ? Вага немам за да го мерам во тежина.
14 месеци 13.100 кг со дури 86 см дома мерена. Или сега или тогаш не е измерено како треба. Јас онаа мерка што сум ја земала на врата за роденден е колку денес сигурно сум била под адренлин па дупла ми се гледала.
22 месеци- 10 kg ☹ Ме загрижува што е така со месеци. Како бебе напредуваше перфектно,на 4 м ја дуплираше тежината,после 6 м почна со стагнирање.На доење сме цело време,сеуште цица.и витамини разни пробавме,исто . Направивме разни испитувања,се е ок. Се тешам со генетика,татко му е слаб,ама сепак ме загрижува. Секаков совет е добродојден Се извинувам ако ја утнав темата