22.09.2020. - 13 месеци, 8800гр., 77цм. Не додала ни грам месецов. ---------------------- Ама затоа месецов наплати. 22.10.2020 - 14 месеци, 9600гр.
На 12 месеци 8900 била 14+ вчера 9300-9350гр За висина мерење ми требаат барем уште двајца кандидати @Yowannty се бркаме со тежината
Нека се здрави прави па има време ќе пораснат. Јас не го ни споредувам со други, едноставно знам дека е ситен. На кого ли да биде висок. Освен ако не фати од едниот дедо, ние сите останати сме просечна висина. Јас 168, мм 175 и тн.
Сама ли ја мериш дома или кај педијатар? Ние не сме биле од кога имаше 7м, не прима нашата здрави деца ради епидемијата. Незнам колку е тежок и висок, ни се расипа вагата.
Дома мерен облечен 17кг, висина исто дома, 89,90см колку е точно незнам ама е многу тежок Уште малку 23 месеци
На година вакцина ставивме па се меревме на др на здраво дете. Исто на 13 месеци синко ставаше вакцина, а мајка ми работеше до пензија таму и пак се меревме( со врски де) Инаку дома ја мерат редовно еднаш месечно. Имам Вага до 15 кг. Таман 2-3 години ќе не служи. Може и на ваша Вага да ја мериш. Прво со неа, па сама и горе долу да видиш како сте. А за висина тешко дома. Имам тепих со см на под, ама дојди да ја легниш или мериш. Нема шанса. Ќе си чекаме наредна вакцина или преглед. Важно палчица моја расте. Деновиве многу хеланки и тренерки и ги тргнав мали и се.
https://www.family-blogger.de/alter-gewicht-groesse-von-kindern-1-17-jahre/ Најдоле е табелата за момчиња и девојчиња. Моето е во тежина на 2 години за момчиња 14кг, девојчињата се до 13 кг. И во висина треба да е од 91цм за девојчиња до 93 за момчиња. Наскоро ќе ја измерат на педијатар па ќе пишам. Мислам дека до крај на Јануари ќе ја фати висината. Ова е според германскиот институт за здравје.
Јас баш ке го измерам деновиве во висина, доста извишен ми делува. Последен пат го измерив 84. Со кг е добар според ова, има 11,5 на 15 месеци. Иако со оваа килажа оди нагоре надоле, повеќе од 12 никогаш немал. Јас би сакала да има барем уште едно кило плус, слабичок ми делува, а се оправи со јадењето, јаде доволно и здраво, грицка нешто меѓу оброци, цица, фит е дечкото. Ке проверам и крвна слика и веќе не го малтретирам за залче плус.