Моите пеперутки, родени два месеци пред термин, сега девојки од две години и два месеци со кои се шетам и си разменувам по некој збор сега имаат: 12,350кг 92см 11,400кг 91см
Машала пораснале . Браво... Колку се родени ? Мојава родена 33 недела, со 1810 гр. сега на 20 месеци има 10,300. Би била пресреќна, за вториот роденден да има барем 11 кг.
Едното близначе се роди 2200, 45см, а другото 1970, 45см, во 31гн се породив, еден месец беа во инкубатот и едното падна на 1600. Јас долго време бев опседната со килажата, не пиеа мн млеко, слабо јадат ама најверојатно им е доволно штом си растат. Така да уживај, немој да се опседнуваш како мене, најважно е да се здрави
@eta @lejlla За утеха, мојата е родена 39 недела, но заведена како прематурче од 2500 гр и 45 см. За 2 роденден беше 85 см и нецели 11 кг. Сега е 2 г 7 месеци и е 89 см и 12 кг. Бр на чевли 22-23 Како напрсток е према врсниците мојата палчица. Само здрави и живи да се.
А да прашам, како ги мерите? На педијатар или дома на вага? Јас имам дигитална и на неа ја мерам застаната, на педијатар не сум ја мерела од 10-11 месеци кога беше. И скроз гола ја мерам секогаш. Ама имам приметено од сабајле до вечер (сабајле гладна, навечер после вечера) знае да има и по 300 грама разлика, многу е тоа..Како ги мерите и по кои мерки се водите?
И јас секогаш гола ја мерам застаната на дигитална вага дома и да, баш така ко што пиша, сабајле гладна е помалку отколку навечер истото и за нас важи, мери се штом станеш од спиење и мери се навечер ќе видиш дури цело кило разлика може да има.
Те нападнав со прашања, сори, ама се преиспитував шо правам јас До скоро носеше 23 Адидас и забележав дека одбива да ги носи, па си реков ај да видам ногата да не му пораснала, а тоа кнап да му биле. Му зедов 25 и океј му се, затоа прашував твоево какви носи 24, да не сум претерала со бројкава
Па јас дека онлајн ги нарачав си викам ајде да не претерам и јас Земав едни 24ка и едни 24.5, не го знаев калапот на овие ама ги погодив.