Прашање: Колку е загрижувачки тоа што малата 3 месеци нема качено килажа? Година и 3 месеци е Кс предобра. Активна е премногу. Мм ми ствара грижи, ми рече да ги прашам тетките од форум
Не е загрижувачки. Мојот беше буце до кај 10 мес, откако прооди помалку качува на килажа. После годинката чачкалица стана. Во последните 6 мес сѐ на сѐ помалку од 1кг има качено.
Мама ништо не е загрижувачко. Прашај паталец . Колку кг сте? Мојата венера од 6м до годинка едвај стави кило и пол Исто од годинка до година и пол исто стави кило и пол и еве ја сега статус кво 9кила е. Си стои. Ама во висина иде.
Ако ти е за утеха, мојата ќе прави 21 месец наскоро а е едвај 10 кг.Страв ми е да ја мерам зашто сигурно е помалку сега.Со оглед на сите можни вуруси, настинки и сипаници што ги фати во градинка многу тешко да задржи килажа.А секако е многу напредна и со добра крвна слика.
Исто и ние бевме на таа возраст. Кај нас стагнирањето беше на 8-9 месеци. Сега е 2г и 4 месеци има 11,7kg