Ќерка ми 2 години ќе полни за 1 месец и мислам дека не тежи повеќе од 10 кг.Многу малку јадеше, но последната недела , да не си подречам, почна да јаде. На годинка тежеше 9 кг.
Ме интересира искуство на мајки што родиле деца од 4.000г па нагоре, на годината како стојат со килажа, моето на 13 месеци има 12.500 не е дебело физички освен обравчињата на лице..ама кога е в раце одма се осеќа тежината
Ние се родивме 3.700 на 13месеци бевме 12.600 и 80цм. И ние имаме обравчиња али на тело не се приметува.. Убаво си е распределена килажата така да се е во ред.. На советувалиште ни рекоа дека сме супер , крупно височко детенце... Немај грижа мајка... Нека си растат.. Тао им е работа
13 месеци - 11.550 Должина не меревме, едвај и килажата ја измеривме. Луткото вришти плаче чиниш некој го малтретира. Леле срам ме фаќа, вашите деца кога ги носите на лекар креваат узбуна? Абе во чекална се смееше, се закачкаше со мене и мм, влеговме внатре зајде детето од плачење. Ни можев да го соблечам, ни да го облечам. Ме фатил за маица и ме влече, едвај на вага го седнавме. Откако е роден таков е, и него ама и мене ми се трауматични овие редовни прегледи, аман веќе!
сакам да го споделам своето искуство со вас.ќерка ми на 12 месеци беше тешка 8,500 а висока 77см.матичната рече дека не напредувала добро и ме прати на дополнителни испитувања. ја однесов на приватен доктор,ми рече дека е супер малата,дека не можат сите деца да се полнички ,за храната рече дека е селективна во изборот на храна,да не ја форсирам ,ако сака едно јадење нека го јаде 5 пати на ден со тоа што во него ќе и додавам калории како на пример путер,маслиново масло,маџун,сушено овошје и слично. затоа не се секирајте ,не се сите деца исти,и не може да јадат они на сила она што ние сакаме да им го дадеме
За три дена полни 13 месеци сме, а тешки 9.100, долги 74 Со оглед на тоа што сме големи родители, загрижена сум како напредува ова мое дете Кога ќе се вратиме од одмор решена сум да ја носам кај педијатарката, се мислам да не грешам некаде во исхраната.