Исто црвче имам јас. Моево 4 направи со таа висина, прв пат пред некој ден да видам 14 на вага. Патики 26. Треба почесто да пишуваме ние со вакви дечиња, јас колку пати имам прелистувано мислења да видам дали имало друго ситно како моето и тешко да се најде такво мислење
Секако, ако се грижиме треба и лекар да се праша.. Ние се консултиравме со педијатарот, под 30ти перцентил е и за висина и тежина, но ни рекоа дека е ок..
Мојот педијатар не ми направил така пресметка, само не советуваше уште помал кога беше да го исфрлиме шишето со цуцла дека заради него не јаде. Инаку на апликација што ја имам за следење на растот тука негде беше последно 28 перцентили за висина, ама за тежина 4 перцентили.
Мојот за тежина беше 9 уствари, за висина околу 30. Ај да се здрави и живи, ќе ги следиме, тоа ни е работа
Зависи и од апликацијата, сега гледам на друга според WHO, 5.2 перцентили за тежина, 39 перцентили за висина. Ама сепак тоа се само бројки/статистики, не можат да бидат сите 50 перцентили, најважно е да се здрави, да напредуваат.
Не, јас малку се потресувам за тој хормон за раст, не дека и тоа е крај на светот, па Меси најпознатиот фудбалер имал проблем со тоа, а види го денес.. Едниствено тоа ме загрижува малку и си го верглам од време на време, а тоа што е помал од врсниците ако си е се добро ич не ме секира
Да, не знам до која возраст се толерира, кога е алармантно да се провери хормонот бидејќи машките некако покасно извишуваат. Многу деца од мојата околина во основно биле ниски па извишиле наеднаш. Исто така и сопругот мој и татко ми растеле пониски, па во пубертетот извишиле наеднаш.
Па кај сте да се гушнеме, си реков само моето остана црвче. Тука некаде сме и ние, не сум ја мерела официјално. Ама имаше 10 кила накај 10.500 .