Секое дете си е различно имам внуче кое тежи 17кг а сега ќе прави 6 год, додека помалово мое тежи 16кг на 15 месеци..
Леле сончка Скоро пазаревме во Веро, а мојава си е бебе џинче... и на каса едно мало во корпиве за пазарење, ама разборено убаво (значи сиг 2г имаше), а тука некаде со мојава беше.. може и поситно. И се вртам накај мојава и викам, ах мајка каде ќе ти најдеме толкав дечко 75цм е на 7ипол месеци со 9150г.
Душа е, крофне, нека си расти, тебе и првото вака ти беше големо ако добро памтам? Кај мене двајцата крупни бебиња, второво на 5 месеци беше 9600г на 1 година 14кг, јануари беше 17кг сега е 16кг, а висина 86см, обувки 23ка а има 19 и пол месеци. Вака исто и првото растеше само што тој беше 9300г на 4 и пол месеци на година 13.5кг, до 2 год 20кг па еве сега 6 год 27кг е и дури слаб е ми личи
Колку е висок? Мене првото ми беше исто слабо ама за кој цм повисоко. 5г има 116висока и 21кг ама ми изгледа таман, си има гз пуштено сега, таман нозе, мешко нигде, за разлика од лани ова време момичка е станата
Не е слаб, колку е висок. 27 кг не е воопшто мала тежина. И доколку забележи дека има застој во растот или во кг матичната ќе реагира.
Даа, ама она и од него е покрупна на возраста Ќе стагнира сега мислам. А он е 10г, накај 160цм и 55кг Додека средното, женско исто.. 7ипол год со 22кг е, она е шпагетка
Висок е 122 см сношти баш двајцата ги мерев, меше ич, воопшто нема, само газе си има таква му е градбата, како женска е во газето, полојнче танко @Mother of 2boys не како застој, таман си е, на школо со тие 1 год што се поголеми од него иста висина се, дека декември е роден, во најмалите е.
Супер му е килажата за висината, горе доле килажата треба да и е со висината. Пример на 122 и 22кг ќе се супер. Моево девојче е 22кг, е висината незнам баш после на врата ќе ја измерам со метро
Не се секирај, не е слаб и мојот е 120 а е 19 кг. Како да не му даваме јадење дома Доктор го мереше и ми рече дека требало да има 24 кг според висината. Па сега зголемуваме количина на оброк.
19месеци има 13.300 (сабајле мерен на гладно) со 86цм. Јас кога велев детево ми ослабело будала сите ме правеа. Отиден е во висина ама 2кила симнал од година кога си имаше, не знам кај ми е листот со тоа кривата на раст. Се изнервирав искрено. А си јаде детево не дека не јаде.
Не стигнав да те поправам Мислам немаш простор за грижи, ако си е активен си троши, растат во висина, па и секое дете е различно. Моево исто 21 месец, некни на вакцина петокот имаше 18кг ама облечен со се, па околу 17 и нешто, 17.5 е, и дома мерен толку кажува вагата. Висина не успеавме да измериме таму, плачеше, дома мерен е 87, 88 см.