babylove кашички

Напуштање на бебе од страна на мајката

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од zdravkoski9, 20 јули 2019.

  1. zdravkoski9

    zdravkoski9 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите, нов сум на форумот бидејќи ми е единствена шанса каде што можам да побарам помош и ако ништо друго да добијам поддршка.
    Имам 29 години и имав врска од 3 години, во која што многу сакав да имаме дете, но нештата се изменија бидејќи мојата бивша сега во моментот е на 25, и имавме огромен проблем.
    Имавме незаштитен однос и се случи да забремени, инаку живеевме заедно но не сакаше да имаме брак и се лутеше кога ќе ја прашаа за деца.Кога остана бремена цело време зборуваше за абортус, не и беше гајле за бременоста,се пијанчеше, во една прилика учествуваше во тепачка, не пиеше витамини, ми кажуваше како мрази деца и ќе направи се за плодот да го нема, и други психопатски работи.
    Не успеа да абортира бидејќи беше доцна и од други причини, инаку не сме во брак бидејќи не сакаше да прифати таков живот, па така моето дете се роди на 1 јули оваа година, мало е и му треба мајка, но таа нотарски се откажа кога малото беше 2 недели, бидејќи за тоа време успеа да добие поддршка од нејзините мајка и татко, кој што сметам дека се виновници за се ова, затоа што мајка и ја учеше да најде подобар, дека е млада и слични работи, дури и викаа да не се мажи, и беа лути во текот на бременоста.Баба и дедо се, а не им е гајле.Страв ми е дека детето само ќе расте, таа си беше и на одмор, си гледа работа, сака да учи и воопшто не се ни јавува да праша за него.Како да ја предомислам? Сакаше да сме го фрлеле пред некоја врата, сакаше да го задави, јас сум сам со моите и сите сме изнервирани, не проба ни да го дои, со моите крвнички се замрази, не контактира ни со сестра ми иако живееја предходно добро.Секој совет како да продолжам е добредојден!
    Што мислите за жените што се откажуваат од децата и ги напуштаат?
    Пробувам да се вратам во нормала, но ми е претешко.
     
    На WildMk и LejlaD им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.159
    Катастрофа. Ништо позитивно не мислам, тешко на децата. И не мислам така само за жените, туку за двајцата родители.
     
    На candy.cane, Shmizla94, Feminka22 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. zdravkoski9

    zdravkoski9 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Мојата партнерка се откажа нотарски од детето, со предходен неуспешен обид да го загуши, но кога виде дека не и успеа се откажа и избега.Не знам како ќе издржам, уште вика дека нормално е тоа.
     
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.159
    Па ти треба да знаеш дека е тоа ненормално и да се обидеш да го заштитиш детето од таков човек по секоја цена, без разлика што му е мајка и што го родила.
     
    На candy.cane, Dalia93, Harper и 22 други им се допаѓа ова.
  5. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.462

    Можеби тоа бебе нема мајка, но може да има многу храбар татко кој ќе направи сè за него. Не можам да замислам како се чувствуваш, но можам само да ти кажам да не се откажуваш.
    Остави ја мајката, можеби и подобро е да е подалеку од него, штом толку неодговорно се однесувала во бременоста. И да успееш да ја предомислиш, најверојатно во иднина повторно ќе прави глупости.


    Остави ги нервозите на страна, колку и да е тешко, биди татко, гушкај го, сакај го и сè ќе биде во ред.
     
    На candy.cane, Dalia93, Shmizla94 и 28 други им се допаѓа ова.
  6. zdravkoski9

    zdravkoski9 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Не сме заедно повеќе, таа избега и не напушти, кажа само да го дадеме некаде или да не сум му давал храна за да може да почине од глад и многу ненормални работи, не е мала, не знам што и згрешив но лута затоа што нејќе семеен живот.
     
    На Shmizla94 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    23.638
    Пол:
    Женски
    Не сум родител, ама мислам дека подобро е да се расте со еден родител отколку да има двајца родители од кои едниот го мрази детето.
    Штом не сака да го гледа, остави. Продолжи напред.
    Се топам на туѓи деца, а не пак свое да имам. Таа не го сака своето. Како ќе ја натераш со сила да го сака ?
    Добро е што имаш помош од твоите.
    На детето му треба љубов .
     
    На candy.cane, Shmizla94, Feminka22 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. zdravkoski9

    zdravkoski9 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Многу благодарам на поддршката, таа не сака ни да се врати, ми даваше идеи и совети дека е најдобро да го нема детето, сакаше да не го храниме за побрзо да почине од глад, страв ми е само од последиците бидејќи немаше витамини во бременоста, пиеше, пушеше треви, цигари, беше под стрес и не го ни зема еднаш во раце после пораѓајот, инаку се роди на 1 јули.
     
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    193.244
    Пол:
    Женски
    Не е лута, ЛУДА Е!
    Биди ти добар татко и сакај го детето и за двајцата.
     
    На Sofronko, candy.cane, Dalia93 и 35 други им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.159
    И да не сте заедно, ако е вистина ова што го пишуваш таа не е нормална и и треба психијатриска помош. Може да му наштети и подоцна.
     
    На candy.cane, Harper, Rose96 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    23.638
    Пол:
    Женски
    Таков човек подалеку од детето. Мене вака да ми рече мажот ми , да не го храниме за да умре. Сама јас ќе го избркам.
     
    На candy.cane, Shmizla94, Harper и 17 други им се допаѓа ова.
  12. zdravkoski9

    zdravkoski9 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Не го сака затоа што ја замарало, сака да спие цела ноќ наместо да се буди, сака да шета и да се врати без никој да ја чека, гнасно и било да смени пелени, но нејзините се на нејзина страна бидејќи не ме бендисаа ни мене и сега сме сами.
     
  13. zdravkoski9

    zdravkoski9 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Поентата и беше да го снема детето од глад, не знаете колку е тешко немоќно и невино дете да гледате како нема љубов од мајка му, пробував се уште луд ме направи бидејќи сега било на мода да се нема деца и да се ужива, јас сум заостанат за неа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Love 83

    Love 83 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    25.293
    Пол:
    Женски
    Не можам да верувам во ова што го читам....зарем постои ваква МАЈКА ?????
    Многу ми жал за сите што поминуваат низ вакво нешто или слично меѓутоа треба да бидеш благодарен што ваква личност е на страна од вашите животи и ќе бидеш максимално посветен родител на тоа дете и еден ден ќе бидеш горд на себе затоа што си го гледал сам без таква мајка во животот на тоа дете
     
    На Shmizla94, Barby112, nextredstyle и 10 други им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.234
    Допаѓања:
    65.632
    Пол:
    Женски
    Прво се надевам не тролаш зашто не е за зезање работава...
    Зашто да ја премислуваш кога сакала да си го фрли и задави, да го изгладнува?!?! Никогаш не би се обидела да предомислам таков човек. Давајте ја цела љубов со твоите на тоа детенце, а она еден ден многу ке се кае, особено ако успееш од тоа дете да направиш многу вреден, добар и успешен човек. Има добри жени на овој свет кои би си го прифатиле еден ден како свое, па затоа таа воопшто не ти ни треба. Не е ни 15 год па да е до толку несовесна, јас имам 26 и имам 4г и 1г дечиња за кои се ке направам за да се среќни. Па и нејзините човече ненормални! Бегај од нив, воопшто не ни се обидувај да си во контакт.

    Плус едно прашање... Намерно ја забрени? Зашто викаш ти си сакал бебе.
     
    На Dalia93, Shmizla94, Harper и 21 други им се допаѓа ова.
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    26.976
    Пол:
    Женски
    Како да ја предомислиш???? Што воопшто уште дискутираш за таа жена, требало веднаш да ја пријавиш во полиција кога пробала да го задуши детето. Чедоморец!
    Чувајте се подалеку од неа, не и дозволувај да го види ниту ако се покае, ти ќе си го чуваш тоа детенце многу подобро сам, еве и твоите се тука да ти помогнат, знам дека ти е се ново, ама не се плаши, со тек на време ќе се навикнете еден на друг и ќе бидете среќни заедно.
     
    На Dalia93, Feminka22, Harper и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Next

    Next Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Ништо неможеш да направиш за да ја вратиш мајката. Она не е мајка. На секое дете му треба љубов. Тоа не е криво што се родило, не треба да се казнува. Откажи се од неа, никогаш нема да ја вратиш, и да ја опаметиш. Ама можеш на тоа дете да му дадеш љубов, грижа, и среќен живот. Според тоа што напиша се гледа дека сакаш деца, дека ти значи тоа бебе. Гледај си го детето, ништо друго не е битно. Еден ден ќе најдеш жена која ќе те сака и тебе и детето, која ќе го гледа како свое, ќе се грижи за него, ќе го сака. Остави ги нервозите, и радувај се на детето.
     
    На Barby112, mira.mira, smooch и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    23.638
    Пол:
    Женски
    Подобро е што си заминала. Верувај.
    Таков родител не му треба на детето. Таа може само да му наштети.
    Нека ме направат сурова, но после ова што го пиша и да сака да се врати назад и да си го гледа детето, не би дозволила.
    Безбедноста на детето е на прво место.
    Знам дека ти е тешко. Ќе помине со тек на време. Само не се обидувај да ја вратиш назад. Поголеми проблеми ќе имаш.
    Имаш едно сонце дома, фокусирај се на него. Тоа е најбитно.
     
    На Alanna, Barby112, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    6.123
    Допаѓања:
    38.089
    Пол:
    Женски
    @zdravkoski9 со тоа што се откажала од бебето, следен пат ако му се доближи можеш да ја пријавиш во полиција:)
    Тоа не е човек, монструм е.
     
    На Shmizla94, Feminka22, zalosna и 15 други им се допаѓа ова.
  20. zdravkoski9

    zdravkoski9 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Сакав да ја премислам за да расте детето со нас заедно, целиот проблем всушност е што родителството за неа е непотребна глупост, инаку и спомнав дека ќе се кае, но ми возврати дека јас ќе се каам затоа што сум си го фрлил животот во пропаст, и наместо да шетам низ светот јас ќе сум растел дете, штом си на 26 и она е тука со тебе блиску, инаку има за жал и други вакви примери, но не очекував дека ќе ми се случи и мене.