Таа не сака да го види, а не да му се доближи, се откажа и моментално беше на море, а јас сум бил глупав што наместо да уживам во летото менувам пелени.
Во целата оваа несреќа биди среќен што не е опседната со детето,па да бара начин "да го снема". Дека има некој психички проблем јасно е, не знам колкаво е детето, нормално е после породување да се јави постпородилна депресија и мајката да не е заинтересирана за детето. Но оваа не да не е заинтересирана туку сака да го убие. Ова со друго име се вика,не ќе да е депресијата по породување. Жал ми е за детето што нема да осети мајчина љубов,ама биди доволно храбар и давај му љубов за двајца. Факт е дека не може ни мајка ни татко да се замени, но ќе му објасниш како стојат работите кога ќе порасне. Се надевам пријавен е во полиција нејзиниот обид за убиство.
Тоа сега е така, од кај знаеш понатаму во животот како ќе се одвиваат работите? А зошто тебе ти е толку важно што таа мисли и ти вика тебе? Ти не знаеш ли сам да си оцениш што е поважно во животот?
Верувам дека е тешко (прочитав дека си 29г),меѓутоа треба да си свесен дека животот носи и лоши работи па кога се работи за дете едноставно прифатија ситиацијата и МОРАШ да му се посветиш сега на бебчето па кога ке потпорасне ќе си шетате заедно .Добро е тоа што ете сепак имаш помош од твоите
@zdravkoski9 држи го детето подалеку оти оваа женава личи на психопат спремен на се'. Прекини контакт со неа, најпаметно ти е ова. Ќе се согласам со членка погоре што имаше напишано, дете треба да расте со љубов, а ако еден од родителите ја нема таа љубов кон него, подобро тој родител да го нема во средината каде тоа ќе расте. Има такви родители на кои не им е по волја да се заедно, ама останале заради детето, погрешно е! На детето му треба љубов и внимание, а не само двајца родители. Ти и твоите сигурно најдобро ќе се грижите за него.
Другар, стегни заби и биди со цврст карактер. Ќе биде најубавото бебе и дете. Имаш апликација Бебе готвач, ќе ти помогне многу во исхраната. Земи си павловичева маст од див мигдал околу 250денари во аптека. Издржи ги првите 6 месеци машки, потоа ќе биде полесно. Ако плаче, знаеш дека му се пие млекце, ако многу плаче, има грчеви во стомачето, за тоа имаш капки во аптека против грчеви. Исто ако има мека столица, има таблети за растварање за да не дехидрира. И земи си црево од аптека за да го чистиш секретот од носето да не се спушта во градите и да не се гуши кога ќе спие. Голем поздрав
Имал врска 3 години со особа која пие, пуши трева и и направил дете. Ти пријави ли во полиција обид за убиство? Оти се сметаш за соучесник, знаеш ли?!
Јас би погледнала малку и на другата страна од приказната. Сте знаеле дека таа не сака деца и пак сте имале незаштитени односи. И јас би била избезумена кога би останала бремена, па затоа никогаш не сум имала незаштитен однос. Се случило да остане бремена и таа сакала да абортира, но не си ја подржал во тоа? Доколку сакам да абортирам, дечко ми е 100% со мене, доколку не е така воопшто не би била во врска со него. Родителството не е играчка. Ајде ќе го родиме, па ќе се навикнеме, ќе видиме како ќе биде, ќе го засакаме иако било непланирано. За мене тоа е глупост. Ако сакам да имам дете и ако сум спремна да имам, ќе го задржам. Ако не сакам, а немам подршка да абортирам, веројатно ќе попуштам психички, можеби не до тој степен како девојката, но ете не сме сите исти. Колку и да звучи сето ова што го наведе психопатски, девојката не сакала да роди дете, па била решена ако не милум, силум да ја прекине бременоста. Вака е најдобро за двајцата, ти сакаше дете, го имаш. Таа не сакаше, си знаел за тоа и претходно, па го напушти. Нема потреба од додатно комплицирање на работата, нема што да ја премислуваш. Со секој твој обид да ја зближиш со детето, мислам дека на неа и се ствара поголем притисок и поголема одбивност.
Добро ти незнаеше со кого си имаш работа пред да ја забремениш? И зошто си го направил тоа без нејзина согласност?? Очигледно е таа тежок случај но и ти си копал очите. Сега единствено дај му љубов на детето, му треба љубов него.
Боже Господе,дали е ова вистина? Се случило што се случило,назад нема,што е виновно детето? Не ја барај,не му е потребна таква мајка која сака да го убие.Зар и ова го има во реалноста? Гледај го детето,може и со татко да расте,купи му млеко, најди му матичен педијатар нека го следат како напредува.Ете мајка ти ќе помага,штом имаш поддршка од твооите.Тоа дете не е криво за ништо. Биди татко херој за него,а неа не и дозволувај да го види.Млада била,ццц. И јас родив на 25. Верувај ќе се кае еден ден кога ќе го види пораснато,силно дете со тато за рака.И најголема казна ќе и биде кога тоа нема да знае дека го родила,или полошо да знае дека го оставила. Ама не и попуштај,верувај не ви треба таа.Ви посакувам се најубаво и те молам чувај го детето.
Сакал дете, намерно ја напумпал мислејќи дека таа ќе се помири со тоа и ќе си легне на брашното. Ама тоа не се случило, и сега типот сфаќа дека да се има дете не е само саат време да си поиграш со него (како што претпоставувам си замислувал), туку дека дека буквално го менува животот од корен, особено ако си самохран родител. За жал, ми делува дека не е спремен на тоа, па сака по секоја цена да ја врати мајкава, иако е очигледно дека таа не го сака детето и дека би била ужасен родител (нема ништо полошо од жена која под притисок станала мајка, па после сите фрустрации ги истура на детето). Се на се, жал ми е за детето, тоа нема никаква вина...се надевам дека ќе има убав живот.
А како било доцна да абортира? Во Македонија до 22 недела (мислам) може да се направи абортус, а по тоа што ти го рече, не верувам дека многу се мислела? Не велам дека е нејзина вина што не абортирала, туку ми мириса на трол.
@zdravkoski9 Таа ти рекла дека не го сака детето,а по ова што го пиша,таа не е нормална и не треба да биде во негова близина. Ти преземи одговорност како што треба,чувај си го,одгледувај си го детето. Давај му љубов и пружи му внимание.
По ова што го кажуваш за неа и те како и треба стручна помош. Таа и така не го заслужува детето. Тоа што само го родила не ја прави мајка. Биди храбар и само напред. Тоа дете ќе си расте покрај својот татко. Ти можеш да му ја дадеш сета љубов и грижа на овој свет. Проблемот е само што за ова требало да размислите порано,сега е касно а бебчето не е криво апсолутно за ништо.
@zdravkoski9 зошто остана трудна? Зошто не користевте заштита? Зошто не абортира? Плаќа ли алиментација? Како може да се откаже од сопствено дете без да плаќа алиментација?