Искрено во ситуацијава... ти си виновен. Знаеше дека не сака да биде мајка, дека нема таков инстинкт, дека паничи во врска со бременост но сепак ја забремени?! Доколку толку си сакал да имаш дете, најди друга која има намера да стане мајка, а не оваа. А сега уште и сакаш да ја вратиш кога си сфатил дека родителството не е лесна работа и не е хоби? Сам си се довел во оваа ситуација. Се надевам дека детето ќе има среќно и удобно детство само бидејќи не е виновно за ништо.
Епа чорба Ако си знаел дека не сака, како бе си ја форсирал да роди? Па репродуктивно и психичко злоставување е тоа! Не мислеше ли дека може да ескалира ситуацијата??? Ништо на сила не треба да се прави! Ќе научиш, мал си.
Луѓе...зарем вистина може да постои такво суштество што не си го сака детето...стварно се надевам дека е тролање сево ова. Го носела 9 месеци и оп го остава!? Абе ај...свашта П.с ова ќе да е за некоја друга категорија, некоја црна хроника, соверување, семејство, а не во категорија "бебе". Овде повеќе се збори за мајката отколку за бебето.
Се надевал мајмунот, дека таа ќе го роди, таа ќе го расте, а тој наоколу ќе се фали дека е 'татко'. Не е играчка дете. Најголемата обврска во животот е. Како што викаш.. Виде сега дека не е лесно, и оп: Таа кучка, таа не чини.. оти си отиде и ме остави сам да гледам дете. Донирање сперма не е родителство!
Aa glupav si? Izvini, decko, kolku godini imas? Zosto si ja zabremenil devojkata i oti ne i dade da abortira? Ti si sakal dete,ama taa ne bila spremna. Epa sega cuvaj si,sto da ti kazam.
Маживе стално кукаат како се обесправени затоа што во случај на развод секогаш мајката добива старателство, а кога ќе им го препушти некоја старателството пак кукаат.
Бога ми! Не е во ред што таа размислува за убиство на детето, тоа е дефинитивно психички проблем. Ама кој маж и да забремени жена, и да не и' дава да абортира, треба да му го тупни на 'ебачот', па нека биде родител колку сака! Абе јас не знаев дали ќе родам некогаш, маж ми знаеше каква е ситуацијата... да ме забремени без дозвола, и да ме тера да родам!??! Ич не го е*аам! Ќе одам ќе абортирам, и ќе му ги манам клоците, па ако треба цел живот сама нека бидам! Многу слобода си земаат мажите, која не им следува. Кога тие ќе носат бебе и тие ќе се соочуваат со сите последици од бременост, пораѓај, и после пораѓај, нека кажуваат, вака, ама немаат апсолутно никакво право на глас! Ама никакво! Моја е матката, мое е телото, јас одлучувам за него.. Ни маж, ни курле, ни мадле!
Кога нема желба и од двете страни ќе се дешаваат вакви срања па после оф леле мајче тешко било да се биде родител. Што ќе си сеете тоа ќе си жнеете, и двајцата сте криви у случајов. Ти што намерно си ја забременил и она што тек така се откажала од него ко да е партал од улица.
Тоа што не сакала да роди, не знаеш каква одбивност може да и' направи кон детето. Како паразит го доживува.. и додека и' е во стомакот, и после тоа. Уште пост-породилна депресија ко ќе те акни.. ич не е чудно да стане психотична. 1% од жените со постпородилна депресија, се психотични и некои од нив размислуваат за решавање на 'проблемот', со 'уништување' на бебето.. пошто бебето е проблемот за нив.
Е тоа и мене не ми е јасно.Абе 21-век ако не ти одговара замини си и чао пријатно...Што е со љуѓево што мислат дека сме во 16-ти па ај ќе ја затруднам и се ќе се среди. Што е тоа дете криво сега да испашта ради такви ....незнам како да ги кажам
Знам.. на здрави луѓе, им е чудно, на болни, им е 'нормално'. Психозите ја искривуваат реалноста. Искрено, мене многу ми беше страв од пост-породилна, пошто ионака страдам од депресија, а за време на бременоста и додека доев, не пиев никаква терапија за нејзе. Среќа не ескалира... ама јас бев свесна, маж ми беше свесен, и постојан надзор е потребен.
Мислам дека не треба сега да гледаш назад и да гледаш само напред. Иако верувам дека е навистина тешко, зошто го имам осетено растењето без еден родител на своја кожа. Треба сега да стиснеш заби и да бидеш за тоа дете и мајка и татко. Навраќање во минатото, барање поддршка (иако навистина човек на моменти има потреба само да разговара и ништо повеќе) нема да ти помогне. Некои ќе те критикуваат, некои ќе ги осудат постапките на мајката, некои ќе те осуди и тебе ама тоа во моментов нема да му помогне на бебето. Иако не велам дека не се некои работи за осуда и не велам дека не треба да извлечеш поука од сето ова. Ама треба да се трудиш колку што е можно повеќе за да го заштитиш твоето дете од негативните последици на сето ова. Зошто тоа е во овој случај невино и тоа треба да ти биде најважно во моментов.
Девојката не ни сакала да забремени. Ја насамарил типот и сега цурата виновна, се откажала од бебето како да е партал од улица? И сега ќе ги обвинуваме девојките што се откажале од несакана бременост или родителското право? Не секој се чувствува подготвен и способен за истото. Подобро да се откаже од родителското право, него бебево да биде под животна закана. Типов вика сакала да го задави и изгладни. Она уште во бременост не се грижела за здравјето на бебето, уште помалку за сопственото. Наместо да добие поддршка за абортус, типов форсира бебе да се роди со надеж дека цурата ќе се предомисли. Па уште и совети ќе бара како да ја самари и натаму. Не секоја жена сака да се оствари како мајка. Или барем не во моментот кога партнерот го сака тоа. Ништо чудно и ништо спорно тука.
Стварно... греота за детето... најмалку е тоа криво... Го донеле на свет , и сега тоа ќе носи последици заради неразумни одлуки на оние кои го створиле... Нека биде ова за памет на други кои читаат: Дете не се раѓа, освен ако навистина не сакаш да го родиш, и си спремен на се' што те чека во бременост и после нејзе. Одлука за цел живот е, не е за наредните година дена... Не избрзувајте со неинформирани и наивни одлуки, оти децата после патат.. Тоа е тоа: Децата ги плаќаат гревовите на родителите...
Искрено, дај Боже да е трол и да не е вистински проблемов, и да нема едно дете кое е во таа ситуација...