1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напуштање на бебе од страна на мајката

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од zdravkoski9, 20 јули 2019.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @zdravkoski9
    Затоа ниедна жена не треба да биде забременета и да раѓа без нејзина желба.
    Сè додека не роди живо суштество кое не е за ништо виновно и нормално дека е ужасно (па и кривично дело) да посегнува по неговиот живот, има право да го смета родителството и бракот како нешто непотребно во својот живот, а ако ти имаш сосема спротивни желби - фино лепо ќе се разделите и ќе си бараш друга девојка која сака да биде родител, а не да ја забременуваш.
    А прашањето зошто зборувала за абортус а само си поминало време после кое веќе ѝ е доцна за истиот, и кои се тие „други причини“ - некако го одбегнуваш? Јас не ти верувам баш на приказнава, ама нека берат памет луѓево читајќи те.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    А јас зборувам за права на маргинализирани заедници...
    Жените, кои се мнозинство, немаат права кои мажите ги уживаат, и се дискриминирани и злоставувани на милион различни начини...

    Греота е... навистина греота...
     
    На CameliaMiller, smooch, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Прво не можам никако да сфатам зошто ти си дозволил да бидеш цели три години во врска со таква особа и си посакувал истата таа особа да биде мајка на твоето дете. Три години се прилично долг период за да добиеш некаква претстава со каква личност си во врска.

    Второ, девојката можеби била јасна дека не сака да има деца, ама се согласила да има незаштитен однос со тебе, па не можам целосно да ја исклучам од одговорноста. Значи, виновни сте и двајцата.

    Сега кога биднало се, бараш совет. Прочитав дека имаш 29 години, што значи дека не си дете. Возрасен маж си и треба ако имаш барем малку разум да превземеш одговорност. Да го сакаш тоа дете повеќе од самиот себе и да се потрудиш да му обезбедиш се што му е потребно за да го изведеш на правиот пат. Заштити го, тргни го од жената, а тргни се и ти.
     
    На Shalitra, Nausicaa, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Многу ја осудувам ама зошто не си пазел ако веке нејке тоа е исто ајде јас сакам да бидам архитект некој да ме тера да бидам доктор. Јас да сум на нејзино место би останала со детето не е криво за ништо мало невино суштество, веке некој ако не е спремен за фамилија не додавај сол на раката. Искрено ти зборувам. Можеби не ужива во деца, фамилија исто и јас не уживам сега за сега во тоа млада сум, незрела за жената дете е пресврт на животот, хормони, депресија, 24 часа дома. Значи ти си машко и мислеш ајде дете и готово се е розево. Некој едноставно не сака деца и мора да ја разбереш. А тоа за давење е морбидно и детето не е криво за ништо. Апсолутно
     
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Па свака част таа на море те ама те поебала. Хаххаха си очекувал домачича за тебе и за детето а што си добил. Хаххаха кармата е кучка
     
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Единствен кривец во цела ситуација е човекот кој ја отворил темава.

    Одел со девојка која јасно кажувала дека не сака дете, па уште намерно ја забременил и не ја пуштал да абортира.
    Од ова има полошо? Фактички ја силувал без заштита и сега е изненаџен и увреџен.

    Што се чудиш што избегала? Како може да помислиш дека во меѓувреме би се променила?

    Кажала дека НЕ САКА дете, НЕ САКА да биде мајка. Што е чудно некој ако неќе деца?

    Ако си сакал дете си требал неа да ја откачиш и друга да најдеш, ама штом си ја забременил неа повели сам чувај го детето, а за неа ич да не ти е гајле кај шета.
    Од милиони жени ти си нашол дете да имаш со некоја што неќе....и тоа дете добиено насила.

    Ако не си трол посвети се на детето зошто греота е да му се случи нешто.
     
    На baby-star, Harper, ane.bella и 11 други им се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    И двајцата се подеднакво криви.
    И овој што ја забременил без таа да сака дете да има.
    Ама и таа има вина. Штом не сака да има дете, зарем треба да има незаштитен однос? Дури и таа да сака да има незаштитени односи, штом не сака дете, нели постојат контрацептивни апчиња, што не пиела такви? Или после односот во кој тој свршил во нејзе зошто не се напила Норлево апче? А штом дошло до бременост, сигурно тој не ја држел врзана, штом таа не сакала дете, а имала поддршка дури и од нејзините родители, зошто не отишла да абортира?

    @zdravkoski9 Девојката казната за тоа што имала незаштитен однос, а не сакала дете, си ја издржала, носела 9 месеци во стомак дете кое не го сака, се мачела, на крај и го родила.
    Сега на тебе е ред да си ја отслужиш казната што си свршил во нејзе без таа да сака. Ете ти го детето, па сега твоја е обврската да се грижиш за него цел живот, да му бидеш и татко и мајка. Па може памет ќе ти дојде.
     
    На ane.bella, 24.07, kolovoz и 18 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    :bow: :clap:
     
    На Spidy, nextredstyle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Кој знае во каква психичка состобја била и додека била бремена жената.
    Само не ја сајкалел мажов, ниту нејзините увиделе дека има проблем, и никој не и' помогнал.

    Приказната за робинката, во живо...
     
  10. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.579
    Пол:
    Женски
    Ама секоја приказна има 3 страни.
    Неговата, нејзината и вистинската.
     
    На Lolipop23, zuto, Spidy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Секако дека има...
    Ама и факт е дека сеуште има жени во Македонијава, кои не можат/смеат да одлучуваат сами за својот живот...
     
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Сега да не претеруваме па на крај да испадни дека жртва е таа.
    Да посакаш било кој да умре, особено да умре ТВОЕТО дете, значи дека ти сериозно треба да бидеш затворен во Бардовци.
    Тоа дека голема вина има таткото, има огромна, и сега нека ги сноси последиците.
     
    На Kate Rina 93, Sofi.ja, Lolipop23 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ако е за Бардовци, како што и јас си мислам... тогаш ич не е крива.
    Болните луѓе не се криви оти се болни.
     
    На naturallmess, Harper, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Стварно? Загреота болната женичка :(
    Бебето ќе го задушела ама крива не е оти болна е ;)
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не го измислив јас тоа...
    Психијатри го кажуваат.
    Луѓе со тешки ментални болести, не се одговорни за своите постапки, затоа што перцепцијата за реалноста им е искривена, и не можат да разликуваат добра постапка, од лоша.

    Човек со психози, да го наоѓаш виновен оти се однесува 'ненормално', е исто, како човек со парализирани нозе, да го наоѓаш виновен, оти не станал, да ти ја отвори вратата.
     
    Последна измена: 20 јули 2019
    На naturallmess, Harper, Kate Rina 93 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Па гледајќи ги условите под кои забременила и родилa, не виновна ако менталната болест и’ се влошила и дошла до состојба кога би посегнала по животот на детето кое го гледала како паразит и болест која треба да се отстрани.
    Не смееме да осудуваме луѓе со ментални болести исто како што не смееме да осудуваме луѓе со рак, дијабетес и анемија.
    Каде бил таткото кога таа се обидела да го убие бебето, но не и’ успеало како што кажа? Зборувала цело време како сака да му го одземе животот, зошто дозволил воопшто да има шанса да го направи тоа? Грижлив татко, ептен. А згора на тоа сака и да се врати мајката.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Не, не е исто. Таа со психички проблем не е од вчера така па и кликна во умот да убие свое дете. Крива си е и точка. Можеби некој погрешил што не ја сместил каде што треба па да спречи ваква работа. Ама да речам дека не е крива дека е болна и дека ќе можам да ја споредам со инвалид нема шанса.
     
    На zuto и nextredstyle им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Добро, значи заклучокот е дека во тие три години врска што ги имал дечково не забележал ниту еднаш дека има психички проблеми. Според тебе ова.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.309
    Допаѓања:
    101.453
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека е трол и на некој му било досадно па си игра играчки. Ама ако не е, мајката на нотар се откажала од детето ( колку е тоа правосилно не знам) не се во брак, значи таткото треба да се заведе како старател и како татко во извод на родени. По мене ни таа ни тој не заслужуваат да бидат родители. Таа ај психички лабилна, без елементарни чувства на мајчинство туку и тој зелен во глава му текналп тато да бидам, ете ти сега биди ама не е играчка бебе. По мене ни тој не е способен за да гледа дете. Дајте нека го гледаат баба и дедо а овие двајца под итно на психолог да им се одреди психичка состојба и спосбност за да гледаат дете. @zdravkoski9 сега јасно ти е зашто не се прават деца на жими мајка ама касно марко на косово стиже. Или дајте го на некој да го посвои ако вие не сте кадарни. Не знам дали кај нас има таков систем да може да се одбере семество и да им се даде на посвојување.
     
    На zuto, fana и Shalitra им се допаѓа ова.
  20. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Страшно е ова што го прочитав погоре. Си играат со човечки живот небаре ајс хокеј е ова па,
    на ти го дај ми го. Чинам дека и татково ко да се предомислува за да ја превземе одговорноста во целост кон детето. Не ја оправдувам неговата постапка и како и другите што пишаа мислам дека и двајцата се виновни. Деца не се прават ако не си стабилен психички и подготвен за дете.Зошто не е само роди го и остај го само да се влече. Голем подвиг е да пораснеш дете,и да го изнесеш на прав пат.