Јас го жалам тоа мало бебуле. Се надевам нема да прочитаме во црна хроника Најдено бебе во контејнер...
Од кај знаеме и тој каков е.. може мама и тато му велеле Ајде жени се, ама она не сака, е па затрудни ја и ќе си легне на брашното.. ама шипки..
Да функционираа институциите кај нас, тоа дете ќе беше одземено и од него. И лично ќе пријавев во социјално, ама за жал ништо кај нас не е така едноставно. 3 години одел со девојка за која бил свесен дека е нестабилна. Знаел дека девојката не сака брак и деца. Сеедно, упорно ја форсирал и напињал. Евентуално ја забременил и не ја пуштил да абортира. На девојката очигледно и е потребна стручна помош, ама ниту тој не е најстабилен на свет. Ако толку го сакал бебето, ќе стиснел заби и ќе си ја прифател обврската. Ќе бараше сега совети околу исхрана, формули, пелени, а не како да премисли потенцијален чедоморец. Тоа е симптоматично. Сакал бебе со цел да ја задржи неа. Ниеден од нив двајца не го заслужува тоа невино душиче. Стварно се надевам дека е трол.
Да не навлегуваме во детали како се зачнало бебето, ама тој ако сака може да го тргне кондомот и да сврши во неа без таа да знае. Ете ти бебе со лаги и измами. И машко и женско може да создадат бременост со лаги. Таа е луда што сакала да го убие и да го изгладнува бебето. Треба у затвор да оди пошто е опасна за детето, ама тој е повеќе крив зошто свесно забременил личност која има пихички проблеми и огромна одбивност спрема деца. За абортус мислам тој и правел проблем. Се напанл со неа да има дете, епа ете ти дете. Уствари не е ни битно кој е крив, бебето постои и за жал има многу лоши родители. Тешко на детето ако вистина постои. Подобро да е трол човеков.
Забележал, како не.. ете ја се бунтовала дека не сака да е трудна, себе-деструктивна била, исто и кон бебето, со пиење, пушење, алкохол Сите околу нејзе потфрлиле, и доктори, и родители, и квази сопругов, и пријатели, сите.. Никој не и' помогнал.. очигледно.. Друга опција е, да е социопат, и навистина да не и' е гајле. Ама и тоа ќе го увиделе, доколку слушале и гледале како се однесува во бременоста.
Девојката не ти е крива, ти си крив. Таа го родила и ти го оставила. Луда, ненормална, ментално пореметена..каква е таква е ама не си мислел така за неа додека си бил во врска.. сега одеднаш луда е. Наместо да користиш кондом, ти си ја забременил иако ти кажала дека не сака деца во никој случај. Што мислеше, ќе и направам бебе и ќе го чува по секоја цена? Кој знае каков притисок имала од твоја страна за да не абортира, затоа што и сам пишуваш дека си сакал семејство, ова она бла бла бла.. 9 месеци некој да ти се качува на глава и ти ментално ќе попуштиш.. Јас веројатно не би посакала бебето да си го загушам ама тебе на спиење би те средила уште на почеток Нема такви причини кои ќе забранат абортус.. дури ни твоите жалопојки. Сега биди маж и чувај си го.. како што знаеше да свршуваш во неа, така ќе бришеш гомца, менуваш пелени и ќе поминеш многу непроспиени ноќи..или едноставно ќе го оставиш на мајка ти, како што многу такви мажишта како тебе прават.. И биди горд што си уплескал неколку животи..
И мене ова ми личи на трол да бидам искрена, иако знам сличен пример на овој. Моја соученичка забремени во седмо одделение и се породи во осмо. Одма после породувањето детето си го остави (се шпекулираше дека го дала на посвојување). Години години поминуваа и секогаш кога ќе ја погледнев низ град излезена со разни дечковци и друштва не можев, а да не си помислам дали во неа постои барем малку грижа на совест за тоа дете. Којзнае колку години поминаа оттогаш, може и полнолетно да е детето сега и којзнае дали некогаш и се јавило желба да дознае нешто за него, да го види. Знам и случаи каде и поголеми деца си напуштаат (не бебиња одма после раѓање). Не е жално, трагично е.
Што и да речеме, секако е лоша ситуација. Да не претпоставувам дека дечково намерно ја затруднел, ама сепак јасно му било што ќе се случи кога не користел заштита. Девојката секако не сакала дете, после се што правела во бременост не ме чуди што го напуштила детето, можеби и подобро така. Бебето не е виновно што има такви родители, на крајот од денот битно е да има подобра иднина. @zdravkoski9 , се надевам ќе си ја сфатиш новата улога сериозно. Ќе биде тешко, но ако си решен ќе успееш. Од мајката не очекувај помош или промена, ти си сега и мајка и татко. И се надевам малото ќе порасне сакано и чувано како што секое невино бебе заслужува.
Многу ми е жал што ти се случило ова и до некаде те разбирам, си ја сакал, си се трудел за вас ама зс некои личности едноставно не вреди и тоа е тоа. Таа не е мајка штом толку ладнокрвно се откажала од сопственото дете, а ти треба да бидеш силен за твоето дете, да му бидеш и мајка и татко. Да сум на твое место никогаш нема да дозволам да го види детето, животот ќе му биде подобар без неа, а и тебе исто. Се надевам се ќе заврши добро и за тебе и за детето.
Јас не знам што очекуваш совет од нас? Треба да си доволно свесен и постапките на девојкава да ти укажат дека нешто не е во ред со неа. Па и да е постпородилна депресија во прашање мислам дека жена нема да земе и да го задави детето или намерно да сака да го изгладне до смрт. Попрво нешто сама би си направила. Абе мачиња ми останаа ви дворот, мајката умре па срце не ми даваше да ги оставам да умрат од глад па цел месец со шприц и цуцли ги хранев, а не дете да оставиш така. Ти прифати си ја вината дека си ја затруднел без да се договорите за тоа и чувај го детето и биди самохран родител, а нејзе да ја пријавиш да ти плаќа алиментација и да и забранат да се доближи до детево, бидејќи може утре да му направи нешто ако парите наместо да шета по светот и одат на алиментација. Ако мислиш дека не си способен и ти дај го на посвојување, има парови што плачат за деца, посебно за мали бебиња за да ги гледаат како свои.
Зошто таа да плаќа алиментација? Тој сакал дете и знаејќи дека таа не сака сепак ја затруднел. Штом сакал дете, ете му дете, нека си го гледа сам и нека не бара пари од нејзе. Не се предомислила таа отпосле дека не сака деца, таа и пред овој да ја затрудни велела дека не сака дете. Зошто го жалиш него? Свесно го направил тоа. Свесно си го уништил и својот живот и животот на девојката, а еве страда поради нив и тоа невино душиче.
Па мислам дека е законски и дека мора. И она е крива, бидејќи толку ако не го сакала можело да го абортира па и во доцен месец, се усмртува плодот и го раѓаат. А вака ми стои дека и двајцата постапувале без мозок и без да бидат свесни за последиците. Не е само негова вина, ако не се осеќаш спремна нема да го родиш, а не да се клука со дрога, алкохол па и уште комуницираат и го убедува да го убијат? Ако стварно и направил така и таа ако е по салам ќе го пријавела за силување и за напад.
Тој сакал дете со неа и намерно или ненамерно, ете му дете. Тој го сака детето, таа не и мене ми е жал за целата ситуација, сите работи што ги прави мајката и можам само да замислам како му е нему.
Вакви треба да ги кастрираат на време. За да не се направи грешка па невино дете да страда. Несакала дете нејзино право,ти не си ја почитувал нејзината одлука и тоа е тоа. За тие 3г не ја запозна што личност е,или сега ти текна да кажеш? Па нели дете си сакал?На твое дете менуваш пелени,не на мое. Ај на таа забегана и отишол паметот,ама ти место на детето да мислиш,тебе ти лета паметот на: Уживање во летото.
Се надевам ова е само бујна фантазија на трол и ништо повеќе ако не е господ нека му е напомош на тоа невино суштество. Зошто би сакал детето да биде во близина на особа опасна по неговиот живот, пак уште ќе ја враќал назад за 5 мин да се свртиш и детето да го задави. Што си дробел ќе си сркаш си знаел со каква особа си, па си ја гледал како жена и мајка на твоите деца, па уште и дете си и направил на своја рака и принудил да го роди. Нека ти е здраво и живо преземи си одговорност и грижи се за него ако не се чуствуваш способен за истото барај помош ама не од мајка му, таа јасно и гласно ти кажала дека не го сака и би било во опасност до неа. Прекини контакт и земи ги работите во свои раце сметај на себе и на никој друг. Милиони самохрани родители израснуваат деца ни прв ни последен, среќно
За крива, крива е и она. Баш тоа го имав кажано претходно во темава. Ама да плаќа алиментација па не сум баш ЗА.