Ајде таа што не е баш со паметот како што треба, тогаш што е авторов на целава фејк приказна? нормален?!
Не можам да сфатам како бе ја браните мајкава???? Ја забременил намерно, бла бла и треба да стане убиец ???? На суштество кое во стомакот ти растело. До каде отиде човештвово. Толку сурови станале луѓево. Има деца родени од силување и слично. Ако не си способен остави го во дом, на семејство за посвојување. Тоа е основното детско право, право на живот. Ова е обид за убиство со умисла во повеќе наврати. Па уште на море отишла мртваладна. Тоа е убиец бре.А татково треба да ја пријави во полиција и око да не му трепне. И после се чудиме, најдено мртво фрлено бебе, во вц и слично. Многу слобода земаат бре овие денешни млади, па и нивните родители, ќе го родиме па ај ќе го убиеме. Цццц. Господ напомош на тоа бебе да му е. Имало и други начини. А и каде е татково, го снема.Човече однеси го детето на лекар да следат здравствена состојба по се што преживеало. Се надевам стварно дека е трол.
Дека е многу лошо да се носи во себе плод кој не е посакуван, лошо е. Не е лесно да се износи 9 месеци, поради се' низ што поминувала, бесот веројатно и' се зголемил. Како си кажувате дека ако не се сака, ќе се засака кога ќе се осети во себе, или кога ќе го земе во раце, аха да. Чудно ми е само што не абортирала, ама како и да е. Ете се родило, па сега ако не го сака, барем нека не го малтретира, а тоа пробување да го убие кога веќе го родила, тоа треба да се пријави, а не да се премолчи. Не е психопатски да не посакуваш дете, психопатски е да се обидеш да убиеш, било кого. Така да, @zdravkoski9 еве пак ќе ти кажам, за доброто на сите, таа нека си го живее животот, нека си оди по одмори. Ти сакаше бебе и го доби, нормално дека не е лесно да се одгледа, ама не е ни нешто што не може да се издржи и постигне. Ми личи на тролање сето ова, ама па кој да знае. Сешто се дешава.
Јас веднаш ќе ти кажам без размислување таа е кучка!!! Ќе споделам нешто лично и интижно за мене јас кога остамав бремена омав 23 години и јас не сакав но рте се случи и моите се лутеа меѓутоа тој човек беше со мене 4 години сега сме во брак 2 искрено не бев среќна ич но кога го земав во раце не е опишливо чувството! Неможе да се прости такво нешто 9 месеци го носела под срце душичка господ да ја казни! А вие господине како татко многу има како вас бидете храбри и силни и истерајте го вашето дете на прав пат верувам дека ви е тешко све што ви е потребно за помош или прашања облека ако ви треба ве молам пишете ми во приватна порака со задоволство ќе ви помогнам!
Чек чек.... на први јули се родило бебево, така? Она успеа за 3 недели да се опраи, да се откаже и на море да отиде?? Така со крварење со све?? За крив, прав, двајцата се криви. А таа според мене највеќе, зошто ако не сакала бебе, требало да не се секса без заштита или ако неќе заштита да појде на гинеколог и да побара антибеби пилули... Тој, апсолутно нема право да ја тера на сила на нешто кое таа не го сака. За желбата за убиство нема да зборам.
Да оке неможеш никого на сила али доброволно го правела нештово и знаела дека е без заштита и се случило о мене истотто ми се случи и ако веќе сакала да абортира можела сигурно он во кавез не ја затворил да неможе да мрдне јас ја гледам како некпе разгалено дериште што нема цел во животов сакача да шета госпоѓицата а ваму дете направила како може така?! и во неа ја гледам целата кривица таа е некој си тежок психопат уште и на морњ отишла што крепи земјава боже!
Нема врска со млади-стари. Психички проблеми, се психички проблеми. Секако дека треба да ја пријави во полиција, и психијатрија и МВР да се позанимаваат со нејзе малку, ама.. ама.. ако се утврди дека е психотична, тогаш не е одговорна за постапките. Не затоа што е во ред да сакаш да си го убиеш бебето, туку оти психотичните не знаат што е во ред, а што не е. Ако се утврди дека е психотична, треба да лежи во психијатрија, ако се утврди дека не е психотична, треба да лежи во затвор. Оти да не? И жени со менструација одат на море. А јас бев опоравена истиот ден. Природно се породив, не бев ни сечена, ни пукната. Ништо не ме болеше, ништо не ме вркаше.
Може и тоа да е, ама мене повеќе ми личи на бес. На 25години да се пијанчиш, дрогираш и да му велиш на таткото дека уживање е подобро од гледање на дете кое го направиле за мене е бес. Па уште кога тато и мама ти даваат поддршка за сите тие глупости добиваш крилја. Ако има психички проблем треба да увиделе досега нејзините родители, ама не кај нас е срамота дете на психијатар да носиш. И да била и да не била со проблем, сега по ова е задобро лечење.
Не знае дека е лошо да си го убие бебето, а знае дека моренце е супер за имунитет, па да си прошета Да не си ги вадиме очите за трол. @RainBow да стави катанец тука.
Оваа мајка е психопатка тоа никој неможе да го негира.Тоа мало суштество заслужува топлина и љубов а не омраза од нејзина страна.Ти како татко сега треба да продолжиш со животот и да му ја дадеш сета своја љубов.Треба да го сакаш за двајца затоа што сега ти си се што тоа има.Не се обидувај неа да ја зближиш со детето напротив одалечи ја за да не му наштети.А за тебе ќе кажам... незнам како се случила таа бременост,но ако е намерно тогаш и ти не делиш многу од неа.Ти немаш право така да влиаеш на мејзиниот живот.
@zdravkoski9 Ако ништо друго потруди се да бидеш секогаш покрај бебето грижи се за него.. тоа е најмалку криво во цела приказна https://www.instagram.com/p/BysOl3GH4lq/?igshid=1pqhjwddtyqtc
Батали ја и чувај го детето. Ако некој ден и дојде паметот - вратата е отворена... Хмм... Ако некој ден и дојде паметот - вратата е отворена.
Бог да чува.. Ако е вистина ова, женава е луда и јас несакав бебе а имав 2 годишна врска и оп бидна, али ко дознав дека сум бремена онака не плански ми се смени мислењето од првиот ден го засакав детево кое моментално е 9 месеци а јас имам 20г, маж ми 24 и сме најсреќни родители да една прекрасна ќеркичка, а оваа на 25 била млада лооол, сакам да кажам дека небитни се годините ама за жал Господ на некој не дал памет.. Ако не не дриблаш чувај детето имаш 300 млека каши и ред др работи не е тешко, ќе се гордееш..!!