Mislam deka tipov trola zasto vrème od 3 nedeli da se opravi rodilka I da ima sila da odi na zabavi I more, ne e za veruvanje. Vtoro prikaznava epten chudna, za obid za chedomorstvo se lezi ili na psihijatrija ili vo zatvor. Ali aj sreken odmor.
За основање семејство потребно е и двајцата партнери да се согласни на тоа. Во вашиот случај тоа не постои. Си бил целосно свесен за нејзиниот став уште претходно и се прашувам зошто си одлучил да го игнорираш. Некои жени едноставно не се родени да бидат мајки, тоа е случајот и кај неа што се должи на незрелост и неспремност да зачекори во мајчинскиот живот. (Што е сосема океј, ама она ги преминува сите граници.) Жално е што за вашата неодговорност ќе пати бебенце што штотуку дошло на овој свет.
Од старт пишав... и мене ми изгледаше, трол 200% Многу им е досадно на распуст Читајте лектири деца, не форуми
Кај е ликот да не отишол и тој на море како тоа девојката на море тој дома брука од комшиите, бебето можеби го оставил кај мајкаму... Пазите што правете луѓе со сила убавина не бидува.
КЛАСИЧЕН ТРОЛ , пусто незнам како се разви ваква дискусија од толку проѕирна приказна , прво тука на форумов активен 20 мин , краток расказ кој наведува на автор не постар од 15 години кој има лош трип ... многу битен детал дека бебето е родено на 1ви јули - 4 пати го повтори тоа за да не заборавите и се разбира пред да замине на одмор Мамица се откажа во службен весник од бебето ...... а каде е сега ТАТЕ ??? МЕНУВА ПЕЛЕНИ ???? Не верував дека сте толку лековерни Зарем некој со новороденче од 20 дена , проблеми до гуша и луда партнерка која се сонча на некоја плажа сега ( поспородилно дезинфекција на море ) ќе седне на интернет и ке си го бара чарето на форум ???????
Какви глупости пишувате,теории и критики. За критика е,не викам не,но бар некој да се најдеше да се понуди да му помогне на било кој начин,алишта,ад итд... Не верувам дека би го напишал горенаведеното од досада или од многу слободно време дека нели на распуст бил,ма да,искрено би сакала да е така. Сепак се работи за живот на едно невино бебенце кое би можел трагично да заврши. Му пишав приватна порака,не одговара,ако некој го знае типов нека ми пише контакт. Сакам да го видам,да видам дали напишаното е вистина. Ако одлучил да го задржи бебето може да му се помогне со вработување,алишта и останати потребни работи за новороденче,да биде згрижено додека е на работа... Или во краен случај да го предаде детето на згрижувачко семејство(за кое би можела да завршам посредништво) но без понатамошни контакти! Да му се овозможи на детето да живее со двајца психички и финансиски способни родители. Инаку, враќањето во форма по породување е релативна работа, некој после 3 недели си шета, а некој пак забременува (ова се случи на моја блиска пријателка,децата и се разлика неполни 11 месеци). Јас две недели после породување бев на свадба,бебчето дома,искористив “баба сервис” 3 часа.
Секакви ги има да знаеш Не е толку неверојатна приказнава, вистинити и бетер сум слушала, баш за неверување.. Напротив со бебе 20дена во пеколов со кое мора само дома да седи, може на форум само да бара помош, утеха... Не дека мора да е вистина и да веруваме, но се е можно..
Такви случаи не треба да остануваат непроверени. Можеби имаме социјална полиција или некој друг оддел што се занимава со оваа проблематика. Има “датум” на раѓање на дете и не е тешко да се пронајде и да се утврди моменталната состојба на бебето. Се надевам дека приказнава е измислена.