Напуштениот ангел (шпански јазик: Cuidado con el Angel) е мексиканска теленовела. Серијата е римејк на теленовелата (Една девојка наречена Милагрос) од 1975 год. Во главните улоги се појавуваат Мајте Перони од популарната серија Бунтовници, Вилијам Леви, Лаура Запата и др. познати актери. Серијата во Мексико уште од самиот почеток бележи огромни успеси во нејзиниот термин кој е слабо гледан. Но можно е серијата да биде преместена во вечерен термин поради големиот успех. Синопсис Во центарот на приказната е Маричуи, ангел чија судбина е одредена од мајка и Сесилија Веларде кога на самото породување го напушта девојчето мислејќи дека ќе умре и го дава на свештеникот Анселмо. Свештеникот ја праќа Маричуи во сиропиталиште, но на 14 години, ѓаволестата девојка бега од сиропиталиштето и е разочарана од својот живот како сираче. Во тие години кога Маричуи е препуштена на улицата и бедата, доживува големо разочарување од машкиот свет затоа што еден пијан човек ја нападнал. Тоа за неискусната и невина Маричуи претставува голем стрес кој и ја одбележува младоста и кој постепено се претвора во нејзин најголем кошмар и страв затоа што не памти како изгледал напаѓачот. Сиромашната добродушна старица Канделарија ја наоѓа Маричуи на улица и ја одгледува како свое дете во сиромашниот кварт во Мексико. Маричуи работи се што може со цел да и помогне на Канделарија, па така носи испрани алишта по богатите куќи секојдневно со својот велосипед, а за да им помогне на сирачињата од домот, краде млеко од соседството. Еден ден Маричуи завршува во полициска станица затоа што се вплеткува во една тепачка во дискотека, а таму ги среќава моќниот судија Патрисио Веларде и младиот психијатар Хуан Мигел Сан Роман кои се справуваат со такви деликвентски случаи.Богатиот и убави Хуан Мигел решава да и понуди помош, да се грижи за неа, да ја одведе на вистинскиот пат така што ќе ја земе во својата куќа да живее тргнувајќи ја од лошото друштво. Хуан Мигел живее во луксузна куќа со својата слатка сестра Росио, ќерка му Маита, хистеричната сопруга Вивијана и нејзината доминантна мајка Онелија. Вивијана доживува несреќа и сите мислат дека е мртва, но таа всушност се крие во Америка, па така Хуан Мигел пред општествените кругови останува вдовец. Маричуи ужива во богатата вила и предизвикува симпатии кај Росио и Маита, но не и кај Онелија која ја замразува Маричуи мислејќи дека е уличарка, простачка и натрапничка. Меѓутоа она што се раѓа меѓу Хуан Мигел и Маричуи е топла, нежна вистинска љубов, од која се плаши Хуан Мигел и затоа решава да ја прати Маричуи да престојува во куќата на семејството Веларде. Сесилија и судијата Патрисио Веларде се вистинските родители на Маричуи, но тоа никој не го знае затоа што они веруваат дека злобната натрапничка Естефанија е нивна ќерка. Кога Маричуи доаѓа во нивната куќа, почнува постепено да се открива големата тајна за нејзиното потекло. Естефанија и тетка и Изабела дознаваат дека Маричуи е девојчето кое Сесилија го дала на свештеникот и решаваат да и го загорчат животот на Маричуи обвинувајќи ја дека е крадец. Причина поради која Естефанија уште повеќе ја замразува Маричуи е тоа што двете се вљубени во Хуан Мигел. Хуан Мигел и Маричуи сепак ја признаваат својата љубов и се венчаат. Без разлика, следниот ден после венчавката, Маричуи открива дека Хуан Мигел е човекот од нејзините кошмари, поради што го презира, се разделува од него и не сака повеќе да го види. Кога дознава дека е бремена, Маричуи не сака да му каже и оди во едно селце со Канделарија, прифаќајки да замине кај Леопардо, кој е заљубен во неа. Маричуи се породува и Леопардо сака да се ожени со неа и да го прифати нејзиниот син, но таа вели дека е венчана и дека она што го чувствува кон него е само пријателство. Леопардо не се откажува и се обидува да ја добие љубовта на Маричуи. Најпосле, тој дознава дека Маричуи е омажена за Хуан Мигел, кој го познава од многу одамна, уште кога биле пријатели на факултет. Двајцата се борат за нејзината љубов, но за неа, одлуката нема да биде лесна. Улоги * Карактеризација на ликовите Глумци Ликови Мајте Перони Маричуј Вилијам Леви Хуан Мигел Лаура Запата Онелија Шерлин Росио Абрахам Рамос Адријан Африка Завала Елса Ана Изабел Беатриз Ана Патрисија Рохо Естефанија http://image.24ur.com/media/images/520x ... 186367.jpg http://img259.imageshack.us/img259/2672 ... gelzt1.jpg http://photos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-ak ... 9885_s.jpg
НАПУШТЕН АНГЕЛ Одамна имам кренато раце од шпански серии, а оваа ја имам фатено малку на Пинк, додека траеше. Глумицата ми е нападна и многу сељанка во серијата, таква хистерична и проста ама затоа типот... Боже, каков тип е овој william levy! Не сакам плави мажи, ама за него ќе направам исклучок За неговата појава вредеше да се истрпи она црно и просто крекало! Инаку, досега поим немав што е содржината, претпоставував стандардно нели - прекрасен, убав, паметен богаташ се вљубува во неписмена, проста, невоспитана и селска девојка... Каква што е и реалноста, нели? И воведната песна е пристојно убава.
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) да ама сега ја има на каналот сител3 па затоа сакав да ја отворам темава иначе сум ја гледала серијава од почеток до крај и многу ми се допадна
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) Леле Офи,што дека е завршена серијава,ја за серии кај што глумел типов и после пет години би отворила тема и за него заборавам дека не сакам шпански серии,туку не испуштам дури ни епизода од нив Абре ваков љубовник сакам и точка.Ај во во оваа серија и така и така,ама во серијата El Sortilegio,за таква страст би умрела Чув дека човекот пред да почне да глуми,бил зидар.Бог да ги благослови тие што го избавиле оттаму и го ставиле на телевизија за јас и таквите како мене да плакнеме очи А за оваа серијава не знам што да кажам..Овај,глумецов во неа лудило,а?
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) Во иднина можеш само да ставиш лајк кај што се сложуваш со другите мислења(како сега дека глумецов е најубав) Или напиши некое поопширно мислење за да има причина да те читаат луѓето
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) еве некои слики од серијата: http://www.facebook.com/photo.php?op=1& ... 2296687373 http://www.facebook.com/photo.php?pid=1 ... 6051742562 http://www.facebook.com/photo.php?pid=1 ... 6051742562
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) Трендафилка, ИСТА СИ КО ДРУГАРКА МИ! и таа вика- Абе каде писмен, убав и паметен се заљубува во глупава и грда девојка! Во право е! Да не бидам офф ЛЕВИ е ПРЕКРАСЕН иако не сакам плави машки! Серијата мене ми се допаѓа! Оваа му е БИВША ЖЕНА НА ЛЕВИ има синче со нејзе(синчето е цело на него )
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) Како бе разведен , јас знам дека сеуште е во брак со Елизабет Гутјерез и летото го чекаа на свет нивното второ дете.. А за Марибел од Руби (т.е Жаклин Бракамонтез) знам дека имаше афера додека беше женет со Елизабет (ако и сеуште е )... Еве ги на сликава со Елизабет и синчето... А еве и нешто најново од него : Spoiler А да отворевме тема специјално за Вилијам Леви
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) Незнам од кои причини али ниеднаш не најдов време да ја изгледам цела серија. Секогаш ќе почнев да гледам и ќе прекинав до 10та епизода. Ја даваа на Пинк, на Сител и сега ја даваат на Сител 3 и пак не најдов време да ја гледам редовно.
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) Иначе сакам да знам Вилиам сега не е сопруг на Џенифер Лопез или јас погрешно сум слушнала?
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) погрешно си слушнала јас знам дека тој е во брак со Елизабет Гутјерез и имаат две деца мислам
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) Интересна беше серијава многу ја гледав само незнам за што ја гледавв дали за филмот (содржината) или за главниот глумец (William Levy) во главно сите филмови со него ги имам гледано , освен овој новиот Магична Привлечност не баш дека ме нервира што е синхронизиран инаку стварно многу добар и глумец и фотомодел
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) каде може да ја симнам оваа серија cuidado con el angel,знае ли некој ? многу ми се допаѓа
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) ваца незнам каде може да се симне серјата но знам дека ја има пак на сител ама сабајле накај 6 часот иначе на youtube ja има со српски превод или со хрватски и после ако сакаш да ги имаш тие епизоди одиш на http://keepvid.com/ на оваа старна можеш да симнуваш видеа и музика во мп3 каква сакаш бесплатно од youtube http://www.youtube.com/watch?v=JGq9evfPkDs
Напуштениот ангел(Cuidado con el Angel) јас почнав да ја гледам уште порано кога ја даваа на сител мислам беше и отпочеток ми беше инетесна но после тоа ми се здосади,глупава ми стана некако на крајот